Акции
Што e акција?
Акција (Share) - сопственичка хартија од вредност, која претставува неделив и идеален дел од основната главнина на акционерското друштво. Таа е пренослива хартија од вредност.
Какви видови на акции има?
Обични акции (Ordinary shares)
Најчест вид на акции. Имателите на обични акции се заеднички сопственици на друштвото. (Американскиот израз е "common stock ").
Приоритетни акции (Preference shares)
Акции со фиксен принос кои на имателите на истите им даваат право на приоритет при исплаќањето дивиденда или при ликвидација на друштвото во однос на имателите на обични акции, но дури по исплаќањето на каматите на имателите на корпоративните обврзници и другите кредитори.
Приоритетните акции можат да бидат:
Кумупативни приоритетни акции (Cumulative)
Приоритетна акција чиј сопственик има право на дивиденда пред профитот да се распредели на сопствениците на обични акции, кои немаат вакво право.
Партиципативни приоритетни акции (Participating preference capital)
Акции чии сопственици имаат право не само на фиксна камата која се исплатува од профитот, туку во одредени точно утврдени околности, и на дополнителен дел од профитот.