За Друштвото
Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ОПФОЛИО ИНВЕСТИЦИИ АД Скопје е основано во 2025 година. Основната главнина на Друштвото изнесува 250.000 евра и е поделена на 1.000 обични акции, секоја со номинална вредност од 250 евра. Мнозински акционер во друштвото е ОПФОЛИО АД Скопје.
Друштвото ја врши својата дејност врз основа на дозволата за работа издадена од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (број: УП1 08-113, од 29.05.2025 година).
Друштвото е запишано во Трговскиот регистар на 10.06.2025 година, со единствен матичен број 7851499. Во рамките на својата дејност, Друштвото ќе управува со два отворени инвестициски фондови. Седиштето се наоѓа на улица “Дане Крапчев” бр. 21/6 во Скопје.
Пречистениот текст на Статутот на Друштвото е усвоен на 18.12.2024 година.
Депозитарна банка на фондовите со кои управува Друштвото ќе е Шпаркасе Банка АД Скопје.

Раѓање на идејата
Започна развојот на концепт за инвестициски модел базиран на научни и историски податоци, со цел заштита на вредноста на средствата при нестабилни пазарни услови

Раѓање на идејата
Започна развојот на концепт за инвестициски модел базиран на научни и историски податоци, со цел заштита на вредноста на средствата при нестабилни пазарни услови

Трансформација во софтвер
Теоретскиот модел е успешно имплементиран во софтверска апликација за извршување брзи и автоматизирани пресметки и анализи.

Трансформација во софтвер
Теоретскиот модел е успешно имплементиран во софтверска апликација за извршување брзи и автоматизирани пресметки и анализи.

Основање на холдинг компанија
Група домашни претприемачи ја основаат „Опфолио АД" – холдинг компанија со стратешки фокус на инвестиции во финансиската и ИКТ индустријата.

Основање на холдинг компанија
Група домашни претприемачи ја основаат „Опфолио АД" – холдинг компанија со стратешки фокус на инвестиции во финансиската и ИКТ индустријата.

Специјализација и почеток со работа
Основано е друштвото „Опфолио Инвестиции АД". По добивањето на дозволата за работа, друштвото официјално започнува да нуди услуги за управување со инвестициски фондови, управување со средства за клиенти и инвестиционо советување.