Skip to content

Диверзификација

Што е диверзификација?

Диверзификација е дејството на употреба на различни пристапи и стратегии на некаква активност, при што самата активност станува поразновидна. 

Во делот на диверзификација во стопанството може да го земеме примерот каде фармерите треба да почнат да планираат диверзификација на производите, и наместо една култура да садат повеќе разноврзнси култури, кои цветаат и зреат во различно време. Во таков случај фармерите го намалуваат ризикот од можни мразеви и суши по нивното производство, распоредувајќи го ризикот низ различни (диверзифицирани) култури.

Од друга страна, диверзификација може да биде и процесот на бизнис кога го проширува или менува својот асортиман на производи или поле на работа. На пример, компанијата има корист од географска диверзификација, проширувајќи ја продажбата и во друг дел.

Диверзификација на финансиите

Во финансиите, диверзификацијата претставува вложување во големо портфолио составено со комбинирање на различни инвестициски класи наместо на поединечни акции. Со ова се намалува вкупниот ризик и воедно се максимизира приносот при секое ниво на ризик.

Со други зборови, ова се нарекува и диверзификација на ризикот.

Што е диверзификација на инвестициско портфолио?

Диверзификацијата на портфолиото на фондот е начин за намалување на инвестицискиот ризик преку инвестирање во различни видови хартии од вредност и во различни издавачи на овие хартии од вредност.

На овој начин, се постигнува дека вредноста на само дел од портфолиото може да се намали, па дури и таквото намалување да се компензира со зголемување на вредноста на друг дел од портфолиото (доколку се негативно корелирани).

Се разбира, за да се диверзифицира портфолиото (според некои теории, минималниот број на акции за добро диверзифицирано портфолио е 15), потребни се значителни средства што малите инвеститори обично ги немаат.

Тагови: диверзификација дефиниција, диверзификација на ризикот, diverzifikacija, diverzifikacija na rizikot 

Поврзани блог постови