Дивиденда

Дивиденда (Dividend) е дел од профитот на акционерското друштво кој се исплатува на акционерите во согласност со одлуката на годишното собрание на акционери.


Видови на дивиденда

  • Готовинска дивиденда (Cash dividend) претставува исплата на дивидендата на акционерите на друштвото во готово. Таа се дистрибуира од тековната заработка или од акумулираниот профит и подлежи на оданочување како приход и се разликува од дивиденда што се исплаќа во вид на акции.
  • Дивидендни акции (Stock dividend) се одобрени, но неиздадени акции кои им се доделуваат на акционерите наместо дивиденда.
  • Екстра дивиденда (Extra dividend) претставува Дивидендата која се плаќа како додаток на редовната дивиденда, обична по исклучително успешна година.

Основни елементи

Задржана 3аработка (Retained eaгnings)

  • Заработка на друштвото која не е распределена во вид на дивиденди на акционерите. Акумулираните вишоци се прикажуваат како резерви во книговодствениот биланс.
  • Добивка по акција (Earnings per share)
  • Единица мерка за успешноста на едно друштво што се пресметува како количник од добивката и бројот на издадени акции.