Skip to content

Приход

Што е приход?

Приходот се пари што еден поединец или бизнис ги добива во замена за обезбедување на добро или услуга или ги заработува преку инвестирање на капитал.

Поединците најчесто остваруваат приход преку плата или друг приход. Бизнисите заработуваат приходи од продажба на стоки или услуги над нивната цена на производство.

Даночните власти различно ги третираат приходите остварени преку различни средства. Според нив, приход се целокупни средства добиени во определен период кои подлежат на оданочување.

Типови на приходи

Редовни

Приходи кои произлегуваат од извршување на основната дејност на компанијата, т.е. од продажбата на производи или услуги.

Финансиски

Приходи кои се генерирани од редовните финансиски активности на компанијата, како што се позитивни курсни разлики, камати и слично.

Вонредни

Приходи кои немаат континуитет во нивното генерирање и не се одраз на извршување на секојдневните активности.

Разбирање на поимот приход

За повеќето поединци, приходот често се добива во форма на плата или хонорар. Инвестициите, пензиите и социјалното осигурување се исто така извори на приход и обично се примарни извори на приход на пензионерите и оние кои не работат.

Поединците добиваат приход преку заработка на плата, работејќи и инвестирајќи во финансиски средства како што се акции, обврзници и недвижен имот. На пример, акцијата на инвеститорот може да исплати приход во форма на годишна дивиденда.

Приходите од бизнисот може да се однесуваат на сите приходи на компанијата. По плаќање на сите трошоци и даноци, компанијата се стекнува со добивка. Повеќето форми на приход подлежат на оданочување од локалните, државните и федералните влади. Во Македонија, приходите на физичките и правните лица подлежат на данок, според типот на приходот.

Во повеќето земји, заработениот приход се оданочува од владата пред да биде примен. Приходот генериран од даноци на доход ги финансира владините акции и програми утврдени со државниот буџет.

Пасивен приход

Пасивен приход е приходот кој го добивате дури и кога не работите. Наједноставен пример е изнајмување на стан. Можете да работите на вашата работа, но и да добивате пасивен приход од вашата недвижност. Постојат многу видови и извори на пасивен приход.

За да добивате постојан приход а да не правите ништо, на почеток треба да работите напорно. Доколку приходот од 10 години го ставите во некој инвестициски фонд или го вложите во акции, може да обезбедите солиден приход речиси колку годишните приходи.

Понекогаш со 6-18 месеци работата на проект кој ќе генерира приходи (изработка на апликација, блог) може да ви обезбеди стабилен профит за многу години, дури и кога веќе не работите.

Разлика помеѓу пасивен и активен приход

Активниот и пасивниот приход се разликуваат во тоа дали ќе добивате финансии и по престанувањето со самата активност. Принципот на активен приход е: завршена работа – добивање на приход.

Ако сакате повеќе пари, преземете уште една работа. На пример, возачот на такси добива пари сè додека вози луѓе. Ако престане да вози, тој престанува да заработува.

Принцип на пасивен приход е создавање на извор на приход еднаш со што добивате профит на континуирана основа. Пасивниот приход е желба на секоја личност.

Има толку многу идеи за генерирање пасивен приход што ќе ги разделиме според типот и ќе се обидеме да разбереме колку профит може да донесе секоја опција.


Тагови: приход, што е приходвидови на приходprihod, vidovi na prihod 

Поврзани блог постови