Опфолио АД Скопје посветува особено внимание на заштита на податоците и постапува грижливо, одговорно и во согласност со важечките регулативи. Ние го почитуваме вашето право на приватност и затоа обработуваме податоци на начин на кој ги заштитуваме вашите интереси, основни права и слободи. Ние ги обработуваме личните податоци законски, фер и на транспарентен начин со кој се обезбедува соодветна заштита на личните податоци, вклучувајќи и заштита од неовластена или незаконска обработка и од случајно губење, уништување или оштетување, користејќи соодветни технички или организациони мерки. Пред да ги обработиме вашите лични податоци, внимателно ја проценуваме пропорционалноста на наменетата обработка и какво било позитивно или негативно влијание врз вас или вашите права во однос на заштитата на личните податоци.

Правна основа

Правната основа за обработка на лични податоци ја сочинуваат:

– Закон за заштита на личните податоци,

– Закон за инвестициски фондови,

– Закон за електронски комуникации,

– Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам,

– даночни регулативи и

– подзаконски акти и  други регулативи со кои се уредува обработката и / или заштитата на личните податоци.

Контролор

Контролор е Акционерско друштво за управување со инвестиции ОПФОЛИО АД Скопје, Пиринска 29, 1000 Скопје (во натамошниот текст: Опфолио). Пристап до вашите лични податоци и правото на нивна обработка за специфични цели им се дава само на вработени лица во Опфолио кои имаат овластување за тоа и внимателно избрани соработници кои обезбедуваат доволно гаранции, вклучително и безбедност на обработката и кои имаат потпишано договор со Опфолио за обработка на лични податоци со кој се обврзуваат на истите стандарди за заштита на личните податоци кои што се применуваат кај нас.

Опфолио определи офицер за заштита на лични податоци, со следниот контакт: igor@opfolio.mk

Лични податоци

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Вие сте должни да ни ги доставувате вистинските, точните и целосните лични податоци, како и сите измени во вашите лични податоци.

Цели на обработката на личните податоци

Ние ги обработуваме вашите лични податоци врз основа на нашите деловни односи со вас (пристапница, договор, барање), врз основа на закон, врз основа на нашиот легитимен интерес и врз основа на вашата согласност.

Обработката на лични податоци за цели различни од оние за кои првично биле собрани личните податоци е дозволена само кога обработката е компатибилна со целите за кои првично биле собрани личните податоци или таму каде што е потребно согласно важечките регулативи.

Ние нема да ги пренесуваме вашите лични податоци (освен во случаи што се предвидени со закон) на трети лица без писмена согласност. Личните податоци не се пренесуваат во трети земји.

Обработка врз основа на договор

Ние ги обработуваме вашите лични податоци за спроведување на нашите услуги со цел исполнување на нашите обврски кои произлегуваат од нашиот деловен однос со вас.

По склучување на деловен однос (со потпишување на пристапница или договор), ние ги бараме од вас податоците што ни ги налага законската регулатива. Ние ќе ги бараме потребните податоци од вас, се додека не ги добиеме истите, а доколку одбиете – го задржуваме правото да не склучуваме деловен однос или да го прекинеме истиот. По склучувањето на деловниот однос или дополнително, можете да дадете на доброволна основа, и други податоци што не се задолжителни при стапување во деловниот однос. Во определени ситуации, можеме да добиеме одредени податоци од трети страни или од јавни записи, во согласност со законската регулатива. Пред да влеземе во деловен однос, можеме да ги обработиме податоците што ни ги пренесувате за да воспоставиме контакт во однос на советодавни услуги, да го утврдиме вашиот финансиски профил, да ве советуваме за соодветни производи или да ве информираме за нашата понуда.

Обработка врз основа на закон

Ние обработуваме лични податоци врз основа на разни закони со цел исполнување на законските обврски, за цели пропишани од регулаторите (на пр. во областа на данокот, спречување на перење пари и финансирање на тероризам итн.).

Обработка врз основа на легитимен интерес

Можеме да ги обработуваме вашите лични податоци каде што тоа е потребно за целите на легитимните интереси што се извршуваат од наша страна или од трето лице, освен кога таквите интереси се заобиколени од интересите или основните права и слободи на субјектот чии податоци бараат заштита на личните податоци особено кога субјектот чии податоци се обработуваат е дете. Легитимните интереси се наши интереси поврзани со водење на нашите активности на пријателски и безбеден начин и во согласност со законските услови. Обработката врз основа на легитимен интерес е заснована врз проценка на влијанието, со што го дефинираме нашиот легитимен квалификуван интерес и проценуваме каков интерес преовладува кај субјектите на податоци во однос на легитимните интереси на Друштвото. Легитимните интереси што ги следи Друштвото се развој, рекламирање и понуда на производи и услуги наменети за штедење, подобрување на деловните процеси, усогласеност, деловно работење, безбедност при обработката на податоци, подобро прилагодување на нашата понуда и подобрување на корисничкото искуство.

Обработка врз основа на согласност

Личните податоци можат да бидат обработени врз основа на дадена согласност од ваша страна. Со давање согласност, вие се согласувате дека вашите лични и други податоци собрани во рамките на вршење на нашите услуги и од други форми на интеракција (на пр. информации собрани преку веб прелистувачи) се собрани, чуваат и користат за одредени цели. Ние ги добиваме податоците директно од вас или од други извори (социјални мрежи, веб-страници или други јавни извори), или податоците се доставуваат до нас од трети лица со кои имаме склучено договор за соработка, со цел да соберат лични податоци преку анкети или истражувања. Доколку вашите податоци се некомплетни, вие дозволувате да ги внесеме податоците што ни се достапни од друго место (документ од претходно извршена трансакција, податоци собрани од пријава за е-пошта и сл).

Со вашата согласност, можете да наведете една или неколку од следниве намени за обработка на лични податоци:

– директен маркетинг (на пр. информации за промотивни активности и таргетиран (сегментиран) маркетинг на пр. испраќање вести, статии, наши сопствени списанија, покани за настани, понуди, промотивен материјал, картички, весници и натпревари за награди),

– анкети и истражување на пазарот за нашите потреби,

– статистичка обработка,

– профилирање, следење на однесувањето на клиентот (вклучително и во изминатите периоди) врз основа на минатите активности, обработка и примање на пораки и придобивки наменети и конкретно индивидуализирани за вас.

Согласноста е особено наменета за цели на развој на нашите производи и услуги, прилагодување на нашата понуда, подобрување на корисничкото искуство оценување на комуникацијата на Друштвото како и помош при донесување на финансиски одлуки. Вашата согласност не влијае на било која претходно дадена согласност или одобрение, освен ако тие не се контрадикторни. Известувањата врз основа на согласноста се вршат преку канали за комуникација што сте ги навеле при давањето согласност.

Период на чување 

Периодот на чување на личните податоци се разликува во зависност од видот и целта на обработката на личните податоци. Одредени податоци се чуваат 10 години или подолго по завршувањето на деловниот однос или извршувањето на трансакцијата. Податоците базирани на доброволна согласност се чуваат се до повлекување на согласноста. Подолг период на чување може да биде пропишан со закон.

Ние ги чуваме личните податоци собрани на настани (конференции, состаноци, предавања, наградни игри, патувања) во согласност со важечките закони и правила на настани или до повлекување на согласноста.

Доколку добиеме барање за бришење податоци, ние ќе го извршиме барањето, ограничувајќи ја обработката на податоците само за целите што произлегуваат од важечките регулативи или нашите внатрешни правила.

Ако личните податоци се анонимни, т.е. не можат да бидат поврзани со идентификувано лице, таквите податоци можат да се чуваат и обработуваат без фиксен период на чување.

Права на субјектите на податоци

Да бидете информирани за обработката на вашите лични податоци

Во функција на транспарентност, контролорот има обврска да ги извести субјектите на лични податоци за целите и за правната основа на обработката на нивните лични податоци.

Да барате пристап до податоците

Барањето за пристап до податоците мора да се достави во писмена форма и да содржи дополнителни податоци и информации, кои се неопходни за да се лоцираат бараните податоци.

Контролорот има обврска да им одговори на субјектите во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на конкретен субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Да барате дополнување, измена, бришење или запирање на обработката на податоците

На барање на субјектите, контролорот е должен да ги дополни, измени, избрише личните податоци или да ја запре обработката на податоци, ако се нецелосни, неточни или неажурирани односно доколку нивната обработка не е во согласност со закон.

Независно од тоа дали субјектот има поднесено вакво барање, доколку контролорот утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише.

Ние сме достапни за какви било дополнителни објаснувања на 076 760 767.

Спречување на користење на личните податоци

Секој субјект има право да побара од Друштвото да престане да ги обработува личните податоци кои се однесуваат на него. Ако сметате дека вашите права се повредени во однос на обработката на вашите лични податоци, може да поднесете барање по пошта на следнава адреса: бул. Партизански одреди бр.14А, 1000 Скопје со назнака за Опфолио АД Скопје. Не постои строга форма што треба да содржи и како треба да изгледа барањето, но пожелно е да ги наведе овие податоци:

  • Вашиот идентитет и личните податоци на кои Вие се повикувате;
  • Кога обработката на личните податоци сметате дека е незаконита;
  • Кога личните податоци се користат за друга цел, а не за онаа за која сте дале согласност;
  • Евентуалната штетна последица од ваквата обработка;

Во кој рок сакате да престане обработката на Вашите лични податоци (тоа треба да биде некој разумен рок).

Право на жалба

Ако сметате дека вашите права се повредени во однос на обработката на вашите лични податоци, може да поднесете жалба со тоа што ќе ја испратите на Опфолио АД Скопје, Пиринска 29, Скопје, или преку е-пошта на info@opfolio.mk. Ако сметате дека обработката на податоци е повреда на важечките закони, вие имате право да поднесете тужба до органот за супервизија. Надзорниот орган е Дирекција за заштита на личните податоци, https://dzlp.mk.

Измени и дополнувања на Политиката за приватност

Оваа политика за приватност може да се измени или дополни во кое било време. Вие ќе бидете информирани за какви било промени на оваа интернет страна и преку е-пошта во случај на значителни измени кои би имале влијание врз обработката на личните податоци.

Колачиња

Правилата за употреба на колачиња и слични технологии за складирање на информации и пристап до информации зачувани на компјутер или мобилни уреди на корисникот се уредуваат со Законот за електронски комуникации.

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки кои по претходна согласност, се копирани од вашиот компјутер кога посетувате интернет страна и вообичаено вклучуваат:

име на серверот од кој е испратено колаче;

времетраење на колачето;

вредноста – обично случајно генериран анонимен уникатен код.

Самото колаче не содржи или собира информации. Меѓутоа, ако тоа е прочитано од страна на сервер заедно со веб прелистувач, може да помогне на интернет страната да обезбеди услуги за корисниците. Колачето може да го прочита и користи само серверот кој го генерирал.

Оператор за колачиња

Опфолио АД Скопје

Пиринска 29

1000 Скопје

Што колачињата не прават

– Тие не пренесуваат податоци од вашиот компјутер на кој било друг сервер освен назад на испраќачот.

– Тие не пренесуваат никакви податоци на нашиот сервер освен оние што самиот сервер ги испраќал до корисникот и се враќаат при секоја посета (уникатен код).

– Тие не го содржат вашето име, адреса, итн.

– Тие не можат да го заразат вашиот компјутер со вирус или да му наштетат на кој било друг начин.

– Тие не му овозможуваат на Друштвото да открие што вие, освен посетата на нашиот сервер, извршувате online или offline.

– Тие не ни овозможуваат да ги препознаеме вашите лични податоци, освен ако вие самите не сте ги споделиле со нас.

Ако не сакате да користите колачиња или не сте го одговориле прашањето за нивната употреба, колачињата нема да се чуваат. Вие сè уште ќе можете да ги користите повеќето содржини на нашиот сервер.