Skip to content

Инвестициски речник

ААА кредитен рејтинг

Најдобар кредитен рејтинг (воглавно за државните обврзници), како индикатор за најдобар квалитет според оценката на Moody’s и Standard and Роог’ѕ, двете водечки агенции за утврдување на кредитниот рејтинг во САД. За емитентот оценет со ААА се смета дека е најмалку можно да не ја исплати главнината и каматите.

Аверзија кон ризик (Risk Aversion)

Степен до кој клиентот е подготвен да прифати ризик.

Адекватност на капиталот (Capital adequacy)

Критериум со кој се регулира големината на капиталот на друштвата кои вршат работи со хартии од вредност.

Актива, Средства (Assets)

Се она што е во сопственост на друштвото и она што друштвото го има како побарување. Паричните средства, вложувањата во хартии од вредност, паричните побарувања, суровините и акциите се тековни средства. Градежните објекти, опремата и земјиштето се основни средства. Патентите и гуд вилoт на друштвото се т.н. невидливи средства.

Акција (Share)

Сопственичка хартија од вредност која гласи на дел од основната главнина на акционерското друштво. Таа е пренослива хартија од вредност.

Акција без право на глас (Non-voting stock)

Акции кои на сопственикот не му даваат право да гласа за деловните одлуки на друштвото или при изборот на директори.

Акционер (Shareholder)

Лицето кое е сопственик на акциите. Сопственик се станува со запишување и уплата на износот по кој акцијата се продава.

Акционерски капитал (Share capital)

Вкупниот број акции одобрени за издавање или веќе издадени од страна на едно друштво. Види уплатен капитал.

Акционерско друштво (Joint stock company)

Друштво чиј основачки капитал е поделен на акции кои ги запишуваат и плаќаат одделни акционери.

Акциска премија (Share premium)

Разликата меѓу цената по која се продаваат акциите при издавањето (доколку е таа повисока) и номиналната вредност на акциите.

Американски потврди за депозит (American depository receipts – ADR)

Потврди кои ги издаваат американските банки за да се олесни тргувањето со странски обврзници и акции во САД. Сопственикот на ваква потврда го задржува правото на сите дивиденди и капитални добивки што произлегуваат од определените хартии од вредност.

Арбитража (Arbitrage)

Купување и продавање на хартии од вредност на различни пазари за да се оствари профит од разликите во пазарните цени.

Берза на хартии од вредност (Stock Exchange)

Организиран и регулиран секундарен пазар на хартии од вредност со строго утврдени правила за тргување и критериуми за хартиите од вредност со кои се тргува, како и за учесниците во тргувањето.

Берзански електронски систем за тргување (БЕСТ)

Тргувањето со хартии од вредност на Македонската Берза е во целост автоматизирано и се одвива преку системот за електронско тргување со акции кој е наречен БЕСТ. Тргувањето се случува „далечински“, при што сите брокери се поврзани преку електронски пат од нивните деловни простории до централниот сервер кој е лоциран на Берзата.

Биков инвеститор (Bull)

Инвеститор кој купува во очекување на пораст на цените на хартии од вредност. Терминот често опишува некој кој само верува дека цените на одреден пазар растат. Спротивно на “Мечкин инвеститор”.

Биков пазар (Bull Market)

Метафоричен опис на пазарот за долгорочни хартии од вредност кога цените се во тренд на пораст. Спротивно од “Мечкин Пазар”.

Биланс на состојба (Balance sheet)

Преглед на активата и пасивата на друштвото на одреден датум. Тоа не е егзактен финансиски извештај, зашто податоците прикажани во него се комбинација од факти и проценки, кои даваат приказ на финансиската состојба што е можно пореално и поточно.

Биланс на успех (Profit апd loss account)

Сметка на која се прикажани добивката и загубата на друштвото во текот на одреден период: што е направено со добивката, колкав дел е исплатен во вид на дивиденди, а колкав дел е задржан нерaспределен.

Брз индикатор (Acid test ratio)

Показател кој се изразува како однос на ликвидните средства и тековните обврски. Во ликвидните средства спаѓаат готовинските средства, доспеаните побарувања и хартиите од вредност кои лесно можат да се продадат на пазарот.

Брокер (Broker)

Посредник во тргувањето со хартии од вредност, кој настапува во свое име, а за сметка на клиентите. Тој за својата услуга наплатува провизија, а освен посредувањето може да дава и совети за инвестирање во хартии од вредност.

Бруто приход (Gross yield)

Приход од хартијата од вредност пред оданочување.

Бруто приход до достасување (Gross yield to redemption)

Проценет приход од хартијата од вредност под услов истата да не се продава до нејзиното достасување, вклучувајќи ја проценетата годишна капитална добивка, но без данок на доход или данок на капитална добивка.

Бруто профит (Gross profit)

Вкупен профит пред оданочување.

Високоризчни обврзници (Junk bonds)

Високоризични, но во исто време високоприходни должнички инструменти на емитентот кои што се ниско рангирани според агенциите за утврдување на кредитниот ризик (под ВАА според Moody’s и ВВВ според Standard and Роог’ѕ). Најчесто се користат за да се финансираат превземањата, но се користат и од страна на мали перспективни компании кои што немаат кредитна историја.

Вистински сопственик (Beneficiaгy)

Оригиналниот сопственик на хартијата од вредност кој истата ја платил и кој ги ужива сите права што произлегуваат од поседувањето на хартијата од вредност.

Вкрстено тргување (Сгоѕѕ trading)

Симултано, истовремено поднесување на два спротивни налози за тргување (за продавање и купување) од страна на ист брокер на паркетот.

Внатрешни финансии (Internal financing)

Средства стекнати со работењето на самото друштво, за разлика од средствата добиени по пат на задолжување или нова емисија на хартии од вредност.

Гласачки права (Voting rights)

Најголемиот број обични акции носат еднакви гласачки права при гласањето во врска со работи од голема важност за акционерското друштво.

Гого фонд (Gogo fund)

Високоризичен инвестиционен фонд или единичен труст чија цел е да оствари натпросечен пораст на вредноста на акциите по пат на шпекулативно тргување.

Годишно собрание на акционери (General Annual Meeting)

Генерално собрание на акционерите кое друштвото мора да го свика секоја година.

Големиот удар (Big bang)

Симболично име за промените во регулативата во берзанското тргување во Велика Британија, кои настанаа после наглото опаѓање на цените на хартиите од вредност на светските берзи. Со овие прописи кои стапија во сила на 27 Октомври 1986 година, се обезбеди усогласување на берзанските системи во Велика Британија со оние во другите развиени земји, и имаше за цел да ја зголеми и поттикне конкуренцијата на светските пазари на хартии од вредност.

Готовинска дивиденда (Cash dividend)

Исплата на дивидендата на акционерите на друштвото во готово. Таа се дистрибуира од тековната заработка или од акумулираниот профит и подлежи на оданочување како приход и се разликува од дивиденда што се исплаќа во вид на акции.

Готовинска стапка (Cash ratio)

Однос на готовинските средства на друштвото и средствата поврзани со нив спрема вкупните обврски. Од банкарски аспект, тоа е односот помеѓу готовинските средства и вкупните обврски во споредба со депозитите.

Готовински прилив (Cash flow)

Збир на добивката пред оданочување и пропишаната амортизација.

Да се стане јавно поседувано друштво (Going public)

Приватно друштво што решило да издаде акции во јавноста, најчесто со цел да прибере средства заради проширување на дејноста.

Данок на капитална добивка (Capital Gain Тах)

Данок што го плаќаат приватни лица на добивката остварена со продажба на хартии од вредност.

Дата на достасување (Maturity date)

Дата на откуп на обврзницата.

Дата на евиденција (Date of record)

Дата на која еден акционер мора официјално да ја поседува акцијата за да му следува дивиденда.

Дата на издавање (Issue date)

Дата од која се пресметува сложена камата на хартијата од вредност.

Дата на откуп (Redemption Date)

Датата на која издавачот на хартијата од вредност (обично обврзница со фиксна камата) ја исплаќа нејзината номинална вредност. Годината е содржана во насловот на хартијата од вредност.

Датум на валута (Value date)

На пазарот на Евродевизи и девизните пазари, терминот се однесува на датумот на кој треба да се достават средствата за порамнување на договорена трансакција. На пазарот на еврообврзници, овој датум е седум календарски дена по склучување на зделката, вклучувајќи викенди и празници.

Датум на истекување (Expiry date)

Последен датум на кој може да се реализира опција или да се тргува со термински договор.

Датум на објава (Declaration date)

Последен датум на кој може да се објави опција.

Датум на тргување (Trade date)

Датум на кој е склучена една трансакција. Датумот на порамнување може да биде ист или некој подоцнежен датум.

Двојно оданочување (Double taxation)

Оптоварување на изворот на приход или капитал со два различни даноци или во два различни даночни системи.

Делење на акции (Split/Stock split)

Поделба на издадените акции на друштвото на поголем број акции, со тоа што се задржува пропорционалната структура на сопственост.

Ден на порамнување (Settlement Date)

Денот кога купените хартии од вредност треба да се испорачаат до купувачот и кога треба да се изврши плаќањето на продавачот.

Дивиденда (Dividend)

Дел од профитот на акционерското друштво кој се исплатува на акционерите во согласност со одлуката на годишното собрание на акционери.

Дивидендни акции (Stock dividend)

Одобрени, но неиздадени акции кои им се доделуваат на акционерите наместо дивиденда.

Дилер (Dealer)

Трговец со хартии од вредност, стоки или финансиски инструменти кој тргува во свое име и за своја сметка. И брокерското друштво се смета за дилер кога тргува за своја сметка и во свое име.

Дисконт (Discount)

Разликата помеѓу сегашната и вредноста при достасување на хартијата од вредност или купување на финансиските инструменти по цена помала од номиналната вредност. Спротивно од Премија.

Дисконтиран готовински тек (Discounted cash flow)

а) Книговодствена техника на утврдување на релативната вредност на некој инвестиционен проект, по пат на дисконтирање на очекуваните готовински приливи од проектот односно споредба на неговата нето сегашна вредност со определен критериум. б) Приходна метода за проценка на вредноста на едно друштво.

Дисконтирана обврзница (Discount Bond)

Обврзница што се продава под нејзината номинална вредност што е редовна појава на секундарниот пазар.

Длабочина на пазарот (Depth of market)

Степенот на тргување кој е можен на еден пазар без да се предизвикаат големи промени на цените. Види Тенок пазар и Ликвиден пазар.

Добивка по акција (Earnings per share)

Единица мерка за успешноста на едно друштво што се пресметува како количник од добивката и бројот на издадени акции.

Достасување (Maturity)

Обична се користи за определување на рокот за исплата на обврзницата (главнината и каматата).

Еврообврзница (Eurobond)

Меѓународна обична или конвертибилна обврзница издадена од страна на држава или корпорација, деноминирана во некоја евровалута и издадена надвор од домицилната земја на таа валута.

Единица на тргување (Unit of trading)

Најмалото количество со кое може да се тргува со стоки или хартии од вредност на пазарот.

Единичен труст (Unit trust)

Британски еквивалент на заеднички фонд. Трустот ги инвестира средствата на голем број луѓе во разни хартии од вредност и им исплатува дивиденди во сооднос со нивниот влог.

Екс купон (Ех coupon)

Без да се земе во предвид купонот т.е. доколку обврзницата се продаде екс купон тоа значи дека купувачот нема да ја прими каматата што следува со тој купон.

Екстра дивиденда (Extra dividend)

Дивиденда која се плаќа како додаток на редовната дивиденда, во случај по исклучително успешна година остварена од компанијата.

Емисија на права ( Rights issue)

Покана упатена на постоечките акционери да купат од дополнително издадените акции на друштвото.

Ефективен приход (Effective yield)

Реалната стапка на приход што се остварува кога еден инвеститор ќе купи некоја акција, а потоа истата ќе ја продаде.

Ефикасно портфолио (Efficient portfolio)

Портфолио со кое се обезбедува максимална добивка што може да се очекува при даден ризик или минимален ризик за остварување одреден приход.

Жешки акции (Hot stock)

Акции за кои што постои голем интерес во јавноста, обично новоиздадени акции чија цена брзо расте.

Животен век (Life)

Временски период од датата на издавање на хартијата од вредност до нејзиното достасување.

Задржана 3аработка (Retained eaгnings)

Заработка на друштвото која не е распределена во вид на дивиденди на акционерите. Акумулираните вишоци се прикажуваат како резерви во книговодствениот биланс.

Заеднички фонд (Mutual fund)

Отворен инвестиционен фонд, т.е. компанија која континуирано ги продава и ги откупува своите сопствени акции. Со тие акции не се тргува на ниедна берза, но нивната цена редовно се објавува во медиумите. Заедничките инвестициони фондови влегуваат во групата на институционалните инвеститори, кои се активни учесници на берзата.

Заедничко вложување (Joint venture)

Соработка помеѓу две или повеќе друштва, односно земји, во реализирање на некој проект.

Зајмовни обврзници (Loan Stock)

Обврзници со фиксна каматна стапка. За разлика од осигурените обврзници, овие може да не се осигурени.

Застапник (Trustee)

Лице кое акционерот го ополномоштува да гласа во негово име на состаноците на друштвото.

Затворена инвестициона компанија (Closed end investment company)

Инвестиционо друштво со точно утврдена структура на капиталот и со точно утврден број на издадени акции, со кои се тргува на секундарниот пазар и кои не можат да се откупат или да се зголеми нивниот број.

Здружување (Merger)

Фузија на две друштва, или понекогаш преземање или откуп на едно друштво од страна на друго.

Издаден (акционерски) капитал (lssued capital)

Капитал на компанијата што се прибира со издавање на обични или приоритетни акции, пресметан според номиналната вредност на акциите.

Износ со кој може да се тргува (Tradable amount)

Најмалото количество со кое може да се тргува на пазарот.

Инвестициона банка (Investment bank)

Банки во САД кои се јавуваат во улога на гаранти на нови емисии на хартии од вредност и кои, најчесто здружени во банкарски синдикат, ја редистрибуираат емисијата до инвеститорите. Вршат и други услуги, како на пример советодавни услуги, слично на британските трговски банки.

Инвестиционен труст (Investment trust)

Компанија чија дејност е купување хартии од вредност од различен вид, со цел приходот што го добива да го распредели на своите акционери.

Инвестициски фонд (Investment Fund)

Друштво чија што работа се состои од продавање, купување и чување на хартии од вредност.

Индекс ДАКС (DAX Index)

Индекс на 30 најдобри акции на официјалниот пазар на Франкфуртската берза кој се пресметува врз основа на минутните промени на цените.

Индекс Дау Џонс (Dow Jones index)

Dow Jones Industrial Average (индустриски просек) ја мери просечната цена на 30-те најдобри, најликвидни акции на индустриски претпријатија на Њујоршката берза. За транспортните и јавните комунални претпријатија постојат посебни индекси.

Индекс ФА3 (FAZ indeks)

Индекс составен од 100-те водечки акции на Франкфуртската берза, пресметан врз основа на официјалните цени објавени од страна на дневниот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (Frankfurter Allgemeine ZeitungFAZ).

Индекс Фајненшал Тајмс (Financial TimesFТ index)

Индекс кој ја мери просечната вредност на 30-те водечки акции на индустриските и трговските претпријатија на Лондонската берза. Од 1935 година беше популарен поради тоа што беше единствен индекс со помош на кој се пресметуваа промените на цените на акциите по секој изминат час во рамките на работниот ден на берзата. Меѓутоа, од 1948 година наваму попопуларен стана индексот на 100-те најдобри акции (познат како индекс FТ-ЅЕ 100 или Футси (Footsie) ), кој ги мери минутните движења на цените.

Индекс ЦАЦ (САС index)

Индекс на Париската берза кој го изработува Compagnie des Agents de Change. Индексот се пресметува врз основа на вредноста на 244 акции кои претставуваат околу 85% од вкупната капитализација на пазарот.

Инсајдерство (lnsider trading)

Купување или продавање на акции врз основа на сеуште необјавена информација од издавачот на акцијата, која информација може да влијае на цената на акцијата.

Институционални инвеститори (Institutional investors)

Институции како пензиски фондови, инвестициони трустови и осигурителни компании.

Институционално “грне” (Institutional pot)

Во САД, дел од понудена емисија на хартии од вредност кој дел специјално им се нуди на големите институционални инвеститори.

Јавно поседувано друштво (Public limited company)

Британски термин кој главно се однесува на јавни, а не на приватни друштва со ограничена одговорност. Попознат е терминот акционерски друштва (joint­ stock company).

Капитал (Capital)

Имотот на друштвото искажан како нето книговодствена вредност на издадените хартии од вредност и нето задржаната добивка.

Капитализација (Capitalization)

Вкупната пазарна вредност на издадените акции на едно друштво, на капиталот на друштвото, како и структурата на капиталот, односно задолженоста и акционерскиот капитал.

Капитализациона емисија (Capitalization issue)

Емисија на акции како резултат на префрлање на средства од резервите во трајниот капитал на друштвото. Новоиздадените акции се дистрибуираат помеѓу постојните акционери во сооднос со бројот на акции што тие веќе го поседувале. Позната е и како бонусна или скрип емисија.

Капитална добивка (Capital gain)

Пораст на вредноста на едно основно средство кога е тоа продадено или пренесено, во однос на неговата иницијална вредност. Инфлацијата и промените на девизниот курс може да влијаат на “реалната” капитална добивка. Капитална загуба е спротивна појава, односно кога едно средство се продава по цена пониска од онаа по која е набавено.

Капитални добра (Capital goods)

Вообичаено, основните средства на друштвото како што се градежните објекти и опремата што се користат во процесот на производство. Се нарекува и капитална опрема.

Капитални трошоци (Capital expenditure)

Трошоци при набавка на долгорочни средства како што се земјиште, градежни објекти или опрема.

Кпириншка куќа (Clearing house)

Самостојна организација преку која се порамнуваат трансакциите склучени на пазарот. Друга должност на клириншката куќа е и да гарантира уредна достава и плаќање по секоја трансакција.

Книговодствена вредност (Book value)

а) Вредност на друштвото утврдена преку односот на бројот на издадени акции и нето средствата. Позната и како нето вредност на основните средства. б) Вредност на средствата прикажана во книгите на друштвото. Книговодствената вредност на една ставка е вредноста намалена за акумулираната амортизација.

Коефициент цена / добивка (Р/Е ratio)

Тековната цена на акцијата поделена со последниот објавен податок за добивка по акција, при што добивката по акција е нето- профитот на друштвото поделен со бројот на обични акции.

Комисија за хартии од вредност- КХВ (Securities Commission)

Комисија формирана од Владата на Република Македонија, како самостоен орган со својство на правно лице. Комисијата ја регулира работата со прометот на хартии од вредност, ги донесува условите за формирање и работа на берзата и правилата за работа на учесниците на берзата.

Конвертибилна обврзница (Convertible Bond)

Обврзница која што по барање на имателот може да се конвертира во акции на издавачот на истата или на неговата компанија-мајка, најчесто во специфициран временски период.

Консолидиран биланс на состојба (Consolidated balance sheet)

Биланс што ја прикажува финансиската состојба на друштвото заедно со неговите филијали.

Котација (Listing)

Кога една хартија од вредност е котирана на берзата.

Котирано друштво (Listed company)

Друштво котирано на официјалната листа на берза.

Кредитен рејтинг (Credit Rating)

Вкупната кредитоспособност на должникот. Во САД двете најпознати агенции за утврдување на кредитниот рејтинг се Moody’s and Poor’s. Најдобриот можен рејтинг се изразува како “тројна А” или “ААА ” што подразбира дека речиси не постои ризик должникот да не ги исплати главнината и каматата. Колку што опаѓа кредитниот рејтинг, толку се зголемува можниот ризик.

Кредитен ризик (Credit Risk)

Ризик што произлегува од можноста должникот да не ги исполни своите обврски.

Крива на приносот (Yield Curve)

Дијаграм што го покажува односот помеѓу приносите и роковите на достасување на повеќе слични хартии од вредност или меѓубанкарски депозити. Растечка, позитивна или нормална крива на принос се карактеризира со зголемување на каматните стапки со зголемување на рокот на достасување. Хоризонтална или рамна крива на принос се карактеризира со слични нивоа на принос за сите рокови на достасување. Опаѓачката, негативна или инверзна крива на принос се карактеризира со опаѓање на каматните стапки со зголемување на рокот на достасување.

Кумулативни акции (Cumulative)

Акција, обично приоритетна, чиј сопственик има право на дивиденда пред профитот да се распредели на сопствениците на обични акции, кои немаат вакво право.

Куповен пазар (Bid market)

Пазар на кој, во однос на тековните цени, понудите за купување доминираат над понудите за продавање. Спротивно од Продажен пазар.

Куповна понуда (Bid)

Обид да се купат девизи, стоки за широка потрошувачка, акции, обврзници и сл. по одредена цена.

Купон (Coupon)

а) Кај акциите делот од купонскиот табак што се одвојува и се разменува за дивиденда. б) Кај обврзниците ја означува каматата што се плаќа на обврзницата.

Купување по најдобра цена (Buy at best)

Ситуација во која се нудат се повисоки и повисоки цени без никаков лимит, се додека не се купи саканото количество.

Куса продажба (Short sale)

Продажба на акции, обврзници, стоки или девизи кои продавачот не ги поседува, туку ги продава однапред во очекување на пад на цените.

Левериџ (Leverage)

а) Англиски термин за задолженостпоследица од поголема користење на т.н. кредитни извори (обврзници) во споредба со сопствените извори (обични акции) при финансирањето на компанијата. Високиот левериџ може да им овозможи на сопствениците на обични акции да извлечат корист од евентуалниот натпросечен профит на компанијата. б) Кај трговските стоки, тоа е показател на односот помеѓу маржата и капиталот.како резултат на работењето. со позајмен капитал. Тоа е штетно за самата компанија, затоа што таквите позајмици мораат да се вратат во форма на фиксни исплати.

Ликвиден пазар (Liquid Market)

Пазар на кој има доволно и понуда и побарувачка, па купувањето и предавањето се одвиваат лесно.

Ликвидни средства (Liquid assets)

Готовина и обртни средства кои лесно можат да се пренесат на друг.

Ликвидност (Liquidity)

(а) Покажува постојано тргување на некоја хартија од вредност на пазарот. (б) Длабочина на пазарот и неговата способност да апсорбира ненадејни пресврти во понудата и побарувачката без преголеми осцилации во цените. (в) Готовина, готовинска позиција, или меѓународна парична маса.

Лимит на цена (Price limit)

Максимално дозволен пораст и пад на цени за време на една трговска сесија. Исто така, наведената цена на лимитиран налог.

Лондонската меѓубанкарска понудена стапка (LIBOR)

Просечната каматна стапка по која одредени банки (таканаречени панел банки) се подготвени да си позајмуваат на краток рок на пазарот на пари во Лондон. Каматните стапки ЛИБОР се пресметуваат за пет различни валути за седум рочности, кои се движат од една ноќ до една година. Вкупно 35 каматни стапки (бројот на валути според бројот на достасувања) се објавуваат дневно во 11:30 часот по лондонско време, од страна на Администрацијата за одредници на ICE.

Максимум минимум осцилации на цените (Maximum/minimum price fluctuation)

Максимум, односно минимум на дозволени осцилации на цените на термински договори во одреден дел или во текот на цела сесија на тргување.

Мал удел (Minority interest)

Удел во акционерскиот капитал во некоја компанија-ќерка, помал од контролниот пакет кој е во рацете на компанијата-мајка.

Мали акционери (Minority shareholders)

Сопственици на “мал удел” во капиталот на друштвото.

Маркет мејкер (Market maker)

Финансиска институција или поединец кои на секундарниот пазар постојано истакнуваат понуди за купување и продавање на одбрани хартии од вредност. Главен предуслов за нивната работа е да ги поседуваат или да имаат пристап до хартиите од вредност кои ги нудат, односно да имаат резерви на хартија од вредност за продажба. Тие го “создаваат” секундарниот пазар на хартии од вредност.

Меѓу дивиденда (Interim dividend)

Дивиденда која што се плаќа во текот на финансиската година и која може да ја одобруваат единствено директорите на компанијата.

Мек пазар (soft market)

Ситуација при која понудата ја надминува побарувачката и цените значително опаѓаат и при најмал притисок за продавање.

Мечкин инвеститор (Bear)

Инвеститор кој продава девизи, стоки за широка потрошувачка, акции, обврзници и сл. пред да ги поседува, а во очекување на пад на цените, со надеж подоцна пак да ги купи по пониска цена. Придавката “мечкин” општо изразува инвеститор кој очекува пад на цените на одреден пазар.

Мечкин напад (Bear raid)

Интензивно продавање пред да се поседува нешто од страна на еден или повеќе големи трговци, со цел да ги намалат цените, за подоцна да можат повторно да ги купат и притоа да профитираат.

Мечкин пазар (Bear Market)

Метафоричен израз за тренд на опаѓање на цените на хартиите од вредност на пазарот.

Мечкино покривање (Bear covering)

Ситуација во која “мечкини инвеститори” кои претходно продале стока за широка потрошувачка, хартии од вредност и сл., сега повторно ги купуваат, т.е. се покриваат. т.н. “покривање на куса позиција” го има истото значење.

Моќ на заработување (Earning power)

Способност на друштвото да оствари доволно голема добивка за да ги покрие сопствените потреби и потребите на акционерите.

Мултипликатори (Multiples)

Аналитички показатели, како на пример показателот цена / добивка.

Најдобар обид (Best effort)

Американски термин за нова емисија на хартии од вредност која не е гарантирана ниту предадена во целост, туку се предава најмногу што може од понуденото. Може да значи и налог да се предадат девизи или хартии од вредност по најдобра можна цена во текст на одреден период.

Најдобро извршување (Best execution)

Обврска за брокерите да преземат се што е во нивна можност за да најдат цена која е најповолна за нивните клиенти.

Налог “Веднаш или Откажи” (Immediate ог Cancel)

Налог на клиентот кој подразбира дека веднаш може да се реализира било кој износ од налогот, а остатокот да се откаже.

Налог “по лимитирана цена” (Limit order)

Налог на клиентот кој ја ограничува цената до која истиот сака да тргува. Лимитираниот налог за купување ја одредува највисоката цена која клиентот сака да ја плати за хартијата од вредност. Брокерот може налогот да го реализира по лимитираната цена или по пониска цена. При лимитиран налог за продавање важи обратното.

Налог “по најповолна цена” (At best)

Налог на клиентот со кој му се даваат инструкции на брокерот да ја постигне најповолната цена за хартијата од вредност. Со овој налог, брокерот има дискреционо право кога да тргува.

Налог “по пазарна цена” (At market)

Налог на клиентот кој се реализира по било која цена на пазарот. Доколку налогот “на пазар” е за купување се прифаќа последната продажна цена понудена на пазарот, и обратно, кога се предава се прифаќа последната куповна цена на пазарот.

Налог “Се или ништо” (At best)

Налог на клиентот кој треба се реализира во целина без стриктно временско ограничување. Брокерот се обидува да го релизира целиот налог и доколку не успее во тоа го откажува.

Налог “Целосно или Откажи” (Fill -ог- Kill)

Налог на клиентот што мора да се реализира во целина веднаш или да се откаже.

Напад Взори (Dawn raid)

Термин со кој се означува купување акции по цена која овозможува купување големо количество на акции на некое друштво во краток временски рок. Обично, вакви купувања се забележуваат на почетокот на тргувањето на берзите.

НАСДАК систем (NASDAQ system)

Систем за автоматска котација на националното здружение на дилери со хартии од вредност (National Association of Secuгities Dealers Automated Quotation System), со кого раководи и чиј сопственик е саморегулативната организација Национална здружение на дилери (National Association of Securities Dealers). Овој компјутеризиран систем овозможува котирање на цените на хартиите од вредност со кои се тргува на американскиот пазар “преку шалтер”, како и на цените на голем број акции што официјално котираат на Њујоршката берза.

Небесни закони (Blue sky laws)

Закони на одделни држави во САД (не федерални), со кои се штитат инвеститорите од измами во трговијата со хартии од вредност.

Некотирана хартија од вредност (Unlisted security)

Хартија од вредност која ниту е котирана, ниту пак со неа се тргува на официјалниот пазар на берзата.

Неосигурена обврзница (Debenture)

Неосигурена обврзница. Во САД, обврзниците се обично необезбедени, додека оние кои што се обезбедени, како обичните така и конвертибилните, имаат општо покритие, а не одреден имот на компанијата како залог. Во В. Британија, најчесто корпоративните обврзници се обезбедуваат со имотот на претпријатието, а државните обврзници се необезбедени.

Нето вредност (Net worth)

Вкупните средства намалени за вкупните обврски, што е еднакво на капиталот на компанијата.

Нето вредност на акционерскиот капитал (Net asset worth)

Мерка за вредноста на акционерскиот капитал која се пресметува така што нето акционерскиот капитал се дели со бројот на обични акции.

Нето готовински тек (Net cash flow)

Нераспределена добивка плус амортизација.

Нето добивка (Net profit)

Добивка од реализација, откако ќе се одземат трошоците во билансот на успех (какви што се материјалните трошоци, даноците, амортизацијата и сл.).

Нето заработувачка по акција (Primary earnings per share)

Во САД, нето приходот од една акција, поделен со бројот на издадените обични акции и сите еквивалентни инструменти на обичните акции.

Нето обртен капитал (Net working capital)

Тековни средства минус тековните обврски.

Нето промена (Net change)

Разликата помеѓу последната цена од еден ден и последната цена од наредниот ден по која се тргува со хартии од вредност, девизи или стоки.

Нова Емисија (New issue)

Друштво кое се појавува на пазарот за првпат, или кога се издаваат дополнителни акции.

Номинална вредност (Face Value)

Вредноста што е напишана на лицето на било кој документ што докажува некакво право, најчесто потврди за акции или обврзници. Таа е поважна кај обврзниците, отколку кај акциите. Номиналната вредност се употребува за да се искаже износот што емитентот на обврзницата треба да го врати кога долгот ќе достаса за наплата.

Обврзница (Bond)

Хартија од вредност со која издавачот се обврзува дека на имателот на обврзницата, односно на лицето означено на обврзницата еднократно или во рати, односно ануитети, ќе му го исплати на одредениот ден износот на номиналната вредност и каматата. Исплатите на каматата може да варираат за врема на животниот век на обврзницата. Како издавачи се јавуваат државата, општините и друштвата. Обврзниците со достасување помало од 1 година се нарекуваат краткорочни, а над 1 година долгорочни. Во САД обврзниците вообичаено се издаваат со рок на достасување над 10 години.

Обврзница без камата (Zero Coupon)

Кредитен инструмент на дисконтна основа кој што го користат друштвата. При емисија на такви инструменти каматата е вкалкулирана во цената која купувачот ја плаќа и во номиналната вредност по која обврзницата ќе се откупи.

Обврзница на доносител (Веаrеr bond)

Обврзница чија сопственост се пренесува со предавање на истата на новиот сопственик, за разлика од оние кои што гласат на име и за чии сопственици постои евиденција во книгите на издавачот. Вообичаено, хартиите од вредност што гласат на доносител имаат прикачен купонски табак, а поединечните купони се откачуваат како што достасуваат каматите за наплата, односно претставуваат доказ за правото на доносителот на обврзницата да ја прими каматата.

Обврски, пасива (Liabilities)

Долговите на друштвото и делот за исплата на дивиденди на акционерите.

Обем (Volume)

Вкупен број на трансакции во текот на одреден период. Може да се изразува и преку број на хартии од вредност и преку вредност на тргување.

Обичен капитал (Ordinary capital)

Делот од капиталот на претпријатието кој им припаѓа на сопствениците на обичните акции, откако ќе се исплати дивиденда на сопствениците на приоритетни акции и откако ќе се подмират долговите кон сите доверители.

Обични акции (Ordinary shares)

Најчест вид на акции. Имателите на обични акции се заеднички сопственици на друштвото. (Американскиот израз е “common stock “).

Обртен капитал (Working capital)

Вишок тековни средства во однос на тековните обврски, кој ги обезбедува нето изворите за финансирање на секојдневни активности на претпријатието.

Обртни средства (Current assets)

Средства на друштвото кои можат доста брзо да се претворат во готовина. Тука спаѓаат залихите на стоки, производството во тек, готовината и хартии од вредност кои лесно можат да се продадат на пазарот.

Ограничена одговорност (Limited liability)

Ограничена одговорност на сопственикот на друштвото при подмирување на сите обврски на друштвото. Сопственикот одговара за тие обврски најмногу до износот кој што го вложил во истото.

Ограничена преносливост (Restricted transferability)

Статутите на швајцарските компании предвидуваат и ограничена преносливост на акциите на име (германскиот термин е Vinkulierung), со што на управата и се дава правото на непожелните акционери да им го ускрати правото на глас.

Одложена регистрација (Shelf registration)

Регистрирање на хартии од вредност кои претпријатието планира да ги издаде во иднина, кога околностите на пазарот ќе бидат поповолни.

Одложено порамнување (Rolling settlement)

Систем на порамнување на трансакциите со акции со кој договорите се извршуваат после одреден број денови по нивното склучување. На Македонската берза порамнувањето се врши после 2 дена од извршената трансакција.

Одобрени хартии од вредност (Approved Securities)

Хартии од вредност за кои што банките и другите финансиски институции имаат одобрение да ги чуваат во своето портфолио, а воедно да претставуваат дел од задолжителните резерви или на други слични барања на Централната банка.

Ополномоштено лице (Proxy)

Физичко или правно лице овластено да претставува или да гласа во име на друго лице.

Опсег (Range)

Највисоки и најниски цени или највисоки и најниски понуди за купување и продавање евидентирани во одреден временски период.

Опции на акции (Stock option)

Договор со кој на сите или на одреден број вработени им се дава право да купат или да предадат определен број акции по однапред позната цена во текот на еден временски период.

Опциска дивиденда (Optional dividend)

Дивиденда која акционерот по сопствена желба може да ја прими или како готовина или како дополнителни акции.

Основни средства (Fixed assets)

Земјиште, градежни објекти , опрема и други средства набавени за објавување на дејноста , кои што имаат рок на употреба од најмалку една година. Во книговодствената евиденција обична се искажуваат според нивната набавна цена, намалена за акумулираната амортизација.

Осцилаторен пазар (Volatile market)

Чувствителен пазар на кој цените се менуваат бргу и неправилно.

Осцилирање (Volatility)

Осцилаторност, флуктуирање на цените на хартиите од вредност.

Откуп на друштво (Buyout)

Купување на контролниот пакет на акции на едно друштво, со цел да се преземе управувањето со друштвото.

Откуп на хартија од вредност (Redemption)

Замена на еден тип на хартија од вредност за друг или за готовина, извршена од страна на емитентот, најчесто кога хартијата е достасана.

Откупување со задолжување (Leveraged buyout LBO)

Позајмување средства за да се откупи (преземе) претпријатие, при што компанијата која врши откуп ги остава своите сопствени средства како залог за заемот. Потоа, купувачот го враќа заемот од приходот што го остварува откупеното претпријатие, или од продажбата на неговите основни средства.

Осигурена обврзница (Debenture)

Заем подигнат од страна на една друштво, за кои се плаќа фиксна каматна стапка и кој е осигурен со активата на друштвотo.

Основен капитал (Capital base)

Капитал на претпријатието во форма на издадени акции, заедно со резервите и задржаната добивка.

Отпишување (Write off)

Книговодствена метода со која се брише едно средство од книговодствениот биланс на друштвото или банката.

Отповиклива карактеристика (Call Feature)

Право на издавачот на обврзницата кое што може, но не мора да го искористи, да ги откупи обврзниците пред назначениот рок на достасување по дадена цена на даден датум.

Отповиклива обврзница (Callable Bond)

Обврзница која што може да се откупи пред нејзиното достасување со исплаќање на специфицираната “цена за отповикување”. Ова може да му помогне на должникот (издавачот) во случај ако каматните стапки се намалиле во периодот по издавањето на обврзниците.

Пазар на обврзници (Bond Market)

Примарен или секундарен пазар на должничките хартии од вредност издадени од страна на државата, општините или друштвата.

Пазарен тренд (Market trend)

Општа насока на движење на цените, без да се земат предвид краткотрајните промени на цените.

Пазарна вредност (Market value)

Тековна цена по која се тргува, односно нивото на цени по кои нешто може да се купи или продаде.

Пазарна капитализација (Market capitalization)

а) Вкупната вредност на хартиите од вредност на едно претпријатие по тековни цени, односно вкупниот број на издадени акции помножен со пазарната цена на истите. б) Вкупната вредност на сите хартии од вредност котирани на една берза или вкупната вредност на одреден вид хартии од вредност.

Пазарни сили (Market forces)

Состојби на понудата и побарувачката кои ги одредуваат цените на слободниот пазар, врз основа на одлуките на купувачите и продавачите, или позајмувачите и заемобарачите.

Паритет (Раr)

Номинална вредност на хартија од вредност.

Партиципативен приоритетен капитал (Participating preference capital)

Капитал чии сопственици имаат право не само на фиксна камата која се исплатува од профитот, туку во одредени точно утврдени околности, и на дополнителен дел од профитот.

Партиципативни сертификати (Participation certificates)

а) Во Швајцарија, вид на акции без право на глас кои ги издаваат швајцарските компании. б) Во САД, акционерски удел во здружени инвестициони фондови.

Пензиски фондови (Pension funds)

Фондови кои државата, претпријатието или синдикатот ги инвестира за да обезбеди пензија за вработените. Важен извор на финансии на пазарот на капитал и инвестиции. Пензиските фондови можат во голема мера да влијаат на берзите, како и на целокупната стопанска активност во земјата.

Подредени обврзници (Junior Bonds)

Во САД обврзници што во приоритетот на наплата се рангираат после другите.

Поединечен лот (Odd Lot)

Било која количина на хартии од вредност кои се купуваат или продаваат, а која се разликува од стандардната големина на лот за тој тип на хартија од вредност.

Показатели на ликвидност (Liquidity ratios)

Показатели кои ја детерминираат способноста на заемопримачот да одговори на достасаните краткорочни обврски. Односот помеѓу ликвидните средства и тековните обврски е наречен брз индикатор.

Покритие (Cover)

Степен до кој исплатените дивиденди и/или камати на претпријатието се покриени со неговата добивка.

Понуда (Offer)

Подготвеност да се продаде по одредена цена.

Понуда за продажба (Offer for sale)

Метод според кој претпријатието за прв пат ќе се појави на пазарот. Акциите можат да се запишуваат директно по фиксна цена. Проспектот кој што ги содржи деталите за продажбата мора да биде отпечатен во еден од дневните весници.

Понуда со тендер (Tender offer)

Понуда со која купувачите на акции ја наведуваат цената по која се спремни да купат акции.

Порамнување (Settlement)

Процес на извршување на плаќањето за одредена трансакција на Берзата, пренос на хартијата од вредност од продавачот на купувачот и нивна пререгистрација во регистерот.

Портфолио (Portfolio)

Сите хартии од вредност во сопственост на еден инвеститор. Со создавањето “портфолио” од разни акции, инвеститорот се обидува да го диверсифицира ризикот во неколку акции од различни компании и/или со тоа што комбинирано инвестира во различни финансиски инструменти, како на пример акции, обврзници и инструменти на пазарот на пари.

Потврда за добиени акции (Allotment letter)

Потврда со која лицето што запишало акции се известува за бројот на акции кои му се доделени. Потврдата е правосилен документ и може да послужи како привремен или траен сертификат.

Потврда за запишани акции (Scrip)

Потврда, која му се издава како привремен документ на лице на кое му се доделени акции. Во пошироко значење, потврда за запишани било какви хартии од вредност.

Права (Rights)

Привилегирана понуда на акции или обврзници под пазарната цена за постојните акционери или сопственици на обврзници. Нова понуда врз ваква основа се нарекува емисија на права.

Право на првенство (Pre-emptive right)

Право на акционерите да ја задржат пропорцијата на својот удел во акционерскиот капитал на претпријатието при секоја нова емисија на хартии од вредност.

Пребивање (Clearing)

Процес на утврдување на бројот и идентитетот на хартиите од вредност во одредена трансакција, цената и датумот на тргување и идентитетот на купувачот и продавачот.

Превземач на ризик (Underwriter)

Банка или инвестициона компанија која што го презема ризикот за пласирање на определен износ на нови обврзници или акции по пат на нивно купување и препродавање на инвеститорите. Понудената емисија може да се откупи во целост преку синдикат формиран за таа намена.

Преземање (Acquisition)

Преземање на едно претпријатие од страна на друго.

Преземање (Takeover)

Стекнување контролен пакет акции во едно претпријатие по пат на откуп на неговите акции.

Преземање на ризик ( underwriting)

Договор со кој гарантите ја превземаат обврската да го купат оној дел од емисијата кој јавноста нема да го купи. За овие услуги тие наплаќаат провизија. Со тоа друштвото се обезбедува дека со емисијата на акции ќе го обезбеди потребниот износ на пари.

Преку шалтер (Over the counter ОТС)

а) Метод на тргување со акции кои, од разни причини, не ги исполнуваат условите со нив да се тргува на официјалниот пазар на берзата, односно истите се продаваат и купуваат на секундарните, неофицијални пазари, односно “преку шалтер”. б) Пазар на кој трговијата се одвива директно помеѓу дилерите и брокерски куќи кои тргуваат за сопствена сметка, по телефон или преку компјутерска мрежа, наместо на строго регулираниот паркет на берзата.

Премија на ризик (Risk premium)

Приход или екстра добивка како награда за прифаќање на ризици.

Префрлање (Switching)

а) Кај хартии од вредност, продажба или замена на акции или обврзници со други акции или обврзници, со надеж да се подобрат изгледите за добивка.

Приватен пласман (Private Placement)

Нова емисија на акции или обврзници која во суштина се пласира само кај претходно одбрана група, на пример кај институционалните инвеститори, а не се нуди на пазарот од страна на организираниот синдикат-превземач на ризикот.

Примарен пазар (Primary Market)

Пазар за пласирање на новите хартии од вредност, како што се домашни и странски акции и обврзници, на инвеститорите од страна на организирана група субјекти која ја раководи емисијата. Приходите од продажбата на хартиите одат кај издавачот. Сите понатамошни купопродажби на истите хартии од вредност се спроведуваат на секундарниот пазар.

Принос (Yield)

Враќање на вложените средства во една инвестиција, земајќи го во предвид годишниот приход и неговата сегашна капитална вредност, кое е искажано во проценти, обично на годишно ниво. Постојат неколку различни видови на принос и различни методи за пресметување на секој од нив.

Принос до достасување (Yield to Maturity)

При пресметката на овој показател за обврзниците се зема предвид ценовниот дисконт или премија во однос на фактичката номинална вредност. Тој е поголем од тековниот принос кога обврзниците се продаваат со дисконт, а помал од тековниот кога обврзниците се продаваат со премија.

Принос по обврзница (Воnd Yield)

Стапка на годишен приход од обврзницата изразена како процент од нејзината цена. Постојат три вида на приносноминален, тековен и принос до достасување.

Приоритетни акции (Preference shares)

Акции со фиксен принос кои на имателите на истите им даваат право на приоритет при исплаќањето дивиденда или при ликвидација на друштвото во однос на имателите на обични акции, но дури по исплаќањето на каматите на имателите на корпоративните обврзници и другите кредитори.

Приход од дивиденда (Dividend yield)

Тековната дивиденда како процент од пазарната цена на акцијата.

Приход од заработка (Earnings yield)

Хипотетична стапка на принос која инвеститорот би ја остварил на 100 акции, доколку се рапредели сиот последен годишен профит на претпријатието, поделен со тековната цена на 100 акции.

Приход при откупување (Redemption Yield)

Тековниот приход од обврзницата корегиран со остварената капитална добивка или загуба при предвремен откуп на хартијата.

Провизија (Commission)

Брокерски надомест за посредување. Брокерската провизија се наплаќа или во вид на официјална скала која ја одредува берзата или, пак, е предмет на договор според актите на брокерското друштво.

Проголтување (Take down)

Примање и прифаќање доделени акции или обврзници на примарниот пазар.

Продава/купува при затворање (Buy/sell on close)

Американски термин за продавање/купување што е можно поблизу до крајот на сесијата на берзата.

Променлива каматана стапка (Variable Rate)

Финансиски инструмент што се употребува кај хартиите од вредност што носат варијабилна камата. Може да се употреби кај сертификатите за депозит што достасуваат за 360 дена, односно кај нив стапката се утврдува како опсег што варира околу моменталната стапка на CDs со рок на достасување од 90 дена. Кај ваквите сертификати стапката се прилагодува на секои 30 дена.

Промптна валута (Value spot)

Промптна трансакција која се порамнува по два дена од тргувањето.

Проспект (Prospectus)

Публикација во која компанијата ги наведува нејзините економски и финансиски перформанси, како и карактеристиките на нејзините хартии од вредност. Компанијата мора да ги објави овие информации, инаку нејзините хартии од вредност не може да бидат објавени на Дневната официјална листа.

Профитирање (Profit-taking)

Покривање на долга или куса позиција на пазарот со цел да се оствари добивка. Сепак, терминот најчесто се употребува со значење на продажба на хартии од вредност по цена повисока од онаа по која се купени.

Профитна стапка (Profit margin)

Нето профит изразен како процент од реализацијата или капиталот.

Разводнување (Dilution)

Намалување на учеството на една поединечна акција во нето добивката на компанијата по пат на зголемување на вкупниот број на издадени акции. Во САД, целосно разводнета добивка по акција е добивка пресметана откако ќе се одземе претпоставеното искористување на правото на варантите и опциите, како и конверзијата на конвертибилните обврзници и приоритетните акции.

Распон (Spread)

Распон помеѓу куповната и продажната цена на хартиите од вредност.

Распределена добивка (Distributed profits)

Добивка распределена на акционерите во вид на дивиденда.

Растоварување (Unload)

Пазарен термин за исфрлање значителни количества на стоки, девизи, хартии од вредност или други финансиски инструменти на пазарот по ниска цена, со цел: продавачот едноставно да се ослободи од понудените стоки и сл.

Реинвестира на профит (Ploughed back earnings)

Профит кој не се распределува, туку се реинвестира во друштвото.

Рејтинr (Rating)

Кредитоспособноста на одредена емисија на хартии од вредност или на одреден должник која што ја утврдуваат агенциите за кредитен рејтинг, на пример во САД според скалата од “тројно А” па надолу.

Ризичен капитал (Venture capital)

Средства кои се инвестираат во друштва со извесен степен на ризик во почетната фаза, на пример друштва кои експериментираат со нови технолошки процеси.

Секјуритизација (Securitization)

Трансформирање на постоечки хартии од вредност врз база на дадени хипотеки, банкарски заеми и слично во друг вид на хартии од вредност, најчесто обврзници. И сто така, овој термин понекогаш се употребува за процесот на прибирање средства од страна на друштвата со издавање на обврзници или краткорочни записи, наместо преку обврзници од банкарскиот сектор.

Секундарен пазар (Secondary Market)

Пазар за купување и продавање на домашни и странски хартии од вредност по иницијалната емисија на истите на примарниот пазар. Приходите од продажбата на хартиите одат кај инвеститорите, а не кај издавачите..

Секундарна понуда (Secondary offering)

Позната и како секундарна дистрибуција, односно повторна дистрибуција на големи лотови акции во САД, обична од добростоечки компании, одредено време откако нивните акции се воведени на берзата од страна на едно или повеќе брокерски друштва. Обична тоа е количество акции кое е преголемо за пазарот да го апсорбира во редовниот тек на тргувањето.

Сертификат за депозит (Certificate of Deposits)

Пренослив каматоносен орочен депозит со фиксно достасување во некоја комерцијална банка. Моменталната каматна стапка за одреден тип на депозит е индикативна стапка која банката би ја платила за вложениот депозит, меѓутоа банката најчесто ја договара стапката со големите депоненти.

Сив пазар (Grey Market)

Неофицијален пазар што не е предмет на официјална контрола, на кој се тргува со некоја нова хартија од вредност пред таа официјално да се понуди на пазарот, по принципот “ако, како и кога ќе се издаде”

Син чип (Blue chip)

Обичните акции на друштвата со докажани квалитети и искусен менаџмент. Тоа се обична големи фирми кои што обезбедуваат солиден профит и дивиденди, како и натпросечни перформанси на акциите. Тоа се најпознати и најценети фирми. Терминот е американски и води потекло од најскапиот жетон во покерот.

Слаб пазар (Weak market)

Пазар на кој има повеќе продавачи од купувачи и на кој цените општо одат удолу. Спротивно од силен пазар.

Сметка со дискреционо право (Discretion account)

Сметка на клиентот за која брокерот или банката имаат со дискреционо право, целосно или ограничено, при управувањето со финансиите на клиентот од негово име.

Со купон (Cum coupon)

Состојба во која купувачот на хартии од вредност има право на следната исплата на камата.

Со права (Cum rights)

Акции продадени по цена која ги вклучува сите права што произлегуваат од неа.

Со се (Cum all)

Кратенка која означува дека се вклучени сите дополнителни погодности и права што произлегуваат од една акција.

Собирање крем (Churning)

Интензивно тргување со кое брокерот кој има контрола врз сметката на некој клиент заработува повеќе провизија, со тоа што ги занемарува интересите на клиентот.

Средна цена (Middle Price)

Аритметичка средина на куповната и продажната цена за хартијата од вредност.

Средства на клириншката куќа (Clearing house funds)

Исплати кои се вршат преку компјутеризиран систем на клиринг.

Стапка на тековна ликвидност (Current liquidity ratio)

Тековните обврски минус ликвидните (обртните) средства, поделени со добивката или готовинскиот тек и помножени со 365 (дена).

Старател (Trustee)

а) Институција на која можат да се пренесат правата на сопственици на обврзници или благајнички записи. б) Лице кое се јавува како сопственик од името на некој друг.

Степен на задолженост (Gea ring)

Однос помеѓу позајмениот капитал, приоритетните и обичните акции. Може да се изрази или по номинална вредност или со помош на пазарната капитализација на акциите. Висок степен на задолженост значи дека долговите на п ретпријатието се големи во однос на акционерскиот капитал. Низок степен на задолженост го означува обратното.

Стечај (Bankruptcy)

Една компанија формално оди во стечај откако по судски пат ќе се утврди дека не е во состојба да ги подмири своите обврски. Тоа може да го побара или самата компанија (доброволна ликвидација) или нејзините доверители. Судот назначува стечаен управник кој управува и ги распределува преостанатите средства во името на доверителите. Во различни земји има различни процедура.

Тековен купон (Current coupon)

Моментална преовладувачката каматна стапка на обврзниците со променлива каматна стапка или на другите хартии од вредност со варијабилна камата.

Тековен принос (Current yield)

а) Во Велика Бријтанија, рамна или тековна стапка на принос спротивно на стапката на принос до откуп). Тоа е rодишниот принос што еден инвеститор сигурно би го добил доколку инвестира 100 фунти во некоја хартија од вредност што носи позната добивка. Се пресметува по пат на множење на стапката на годишната дивиденда со номиналната вредност и ставање во однос на тој математички производ со пазарната цена хартијата, со тоа што двата последни елемента се изразени во иста парична единица. Не се зема предвид добивката или загубата (доколку таква постои) при откупот, ниту пак даночните обврски на инвеститорот. б) Во САД, тоа е процентуалниот принос добиен како количник од тековниот доларски приход и пазарната цена на акцијата или обврзницата.

Тековен принос (Current yield)

Мерка на враќање на вложените средства на сопственикот на обврзницата, пресметана како однос помеѓу каматната стапка и пазарната цена на обврзницата изразена во проценти.

Тековна стапка (Current ratio)

Стапка на билансот на состојба, т.е. односот помеѓу тековните средства и тековните обврски. Разликата помеѓу овие две ставки е нето обртниот капитал кој е индикатор за нивото на ликвидност на претпријатието.

Тековни обврски (Current liabilities)

Термин спротивен на обртните средства, кој ги претставува краткорочните обврски на претпријатието. Тука спаѓаат обврските кон доверителите, кредитите од банки, даночните обврски и објавената дивиденда.

Тенок пазар (Thin market)

Пазар на кој, во целост или само за одредена стока или хартија од вредност и сл. , има малку интерес за продавање или купување или мал обем на тргување и активност.

Термински пазар (Forward market)

Девизен пазар на кој доставата се врши на некој иден датум, или пазар на стока која исто така се доставува на некој договорен иден датум. Во САД може да значи и тргување вон берзата на стоки по кое доставата се врши на иден датум.

Тесно поседувана компанија (Close company)

Британски термин за компанија врз чија работа имаат контрола пет или помалку лица, како директори или во друго својства.

Техничка анализа (Technical analysis)

Анализа на пазарите на хартии од вредност или стоки со помош на соодветни технички податоци во врска со движењето на цените, промените во обемот на тргувањето и сл. Види Ч артирање и Фундаментална анализа.

Тик (Tick)

Најмалото можно придвижување (нагоре или надолу) во цените.

Учесник на пазарот (Market participant)

Институција или поединец кои купуваат или продаваат на пазарот од име на клиенти, а за своја сметка.

Фиксна камата (Fixed interest)

Поврзана со заеми емитувани од друштво, влада, или локална власт, кај кои каматниот износ што се исплаќа секоја година е утврден при самата емисија.

Фиксни трошоци (Fixed charges)

Деловни или трошоци на работењето кои што се фиксни и не се под влијание на зголемувањето или намалувањето на обемот на производство.

Финансиска година (Financial уеаr)

Книговодствена година, која што може да биде иста како календарската, но може да опфаќа и друг период, на пример од април до март.

Фјучерси (Futures)

До говор за терминска продажба на хартии од вредност со кој едната страна се обврзува да изврши предавање на една или повеќе хартии од вредност, а другата договорна страна да ја плати договорената цена пресметана врз основа на цената на една или повеќе хартии од вредност на утврдениот ден.

Фундаментална анализа (Fundamental analysis)

Се нарекува и фундаментално истражување. Систем на анализирање на основните фактори кои влијаат на изгледите за понуда и побарувачка на хартија од вредност или стока, како и изгледите за резултирачката цена. Еден таков фактор во однос на стоките би биле временските прилики, додека во однос на перформансите на хартиите од вредност на една компанија, тоа би бил годишниот профит.

Хартија од вредност (Security)

Според македонското законодавство под хартија од вредност се подразбираат акција, обврзница, благајнички запис, комерцијален запис, државен запис, сертификат за депозит и финансиски дериватиопции и фјучерси.

Хеџирање (Hedge)

Вообичаена техника при тргувањето на пазарите за хартии од вредност, опции и стоки. Целта на хеџувањето е да се намали ризикот од загуба или да се спречи губење на профит поради осцилации во цените, со тоа што се зазема истоветна или спротивна позиција на готовинскиот пазар и пазарот на фјучерси. Техника на тргување која вклучува заземање позиција на пазарот на фјучерси за да се покрие друга позиција на готовински пазар.

Цена на емитирање (Issue price)

Цена по која хартиите од вредност се продаваат при емисијата. Ова може да биде по номиналната вредност, со дисконт или со премија. Повремено емисијата на хартиите од вредност може да се продаде делумно што подразбира дека цената за истите се плаќа во рати. За нови обврзници тоа е бруто цената (пред исплатата на накнадите и провизиите) како процент од износот на главнината.

Цена на конверзија (Conversion price)

Цена по која главницата на една конвертибилна обврзница може да се искористи за куnување на акции на издавачот на обврзницата (или акции во негова сопственост) или акции на друштво што е капитално поврзано со издавачот.

Цена на откупување (Redemption Price)

Цена по која обврзницата може да се откуп и или отповика, како опција која емитентот ја предвидел уште при издавањето, пред таа да достаса.

Цена на побарувачка (Bid)

Цената по која некој бара да купи акции.

Цена на понуда (Offer)

Цената по која некој нуди да продаде акции.

Цена на понудата (Asked price)

Цена по која хартија од вредност или стока за широка потрошувачка се нуди за продажба, или каматна стапка по која се нуди заем. Учесниците на пазарот нудат купони и продажни цени.

Цена на пребивање (Clearing price)

Дневна цена по која клириншката куќа врши пребивање и ги порамнува сите договори помеѓу членките за тој месец.

Цена при затворање (Closing price)

Цена или опсег на цените што ги бележи берзата за време или на крајот на една сесија.

Цена при отворање (Opening price)

Цена забележена во периодот кој на берзата се смета за почеток на тргувањето.

Ценовно осетлива информација (Price sensitive information)

Информација која може да има влијание врз цената на акциите на друштвото, и затоа мора да биде пријавена на берзата.

Централен регистер (Registar)

Организација што ја превзема одговорноста за чување на регистерот за акции на друштвото (акционерска книга).

Чартирање (Charting)

Метода на техничка анализа на пазарот, при која со помош на графици се означуваат и предвидуваат трендови во движењето на цените. Оваа анализа често го прикажува движењето и просеците на цените на пазарот. Чартистите, или техничките аналитичари веруваат дека од нивните графици може да се види трендот по кој се движат цените и според кој тие можат да ги предвидат идните придвижувања на цените, со што се во можност да даваат издржани совети за купување или продажба.

Членка на клириншка куќа (Clearing house member)

Фирма членка на клириншката куќа. Членките мора да бидат и членки на берзата, иако не сите членки на берзите се членки и на клириншките куќи. Последниве ги спроведуваат клириншките процедури преку друга фирма, која е членка на клириншка куќа.

Шпекулант (Speculator)

Признаен учесник на повеќето пазари, кој се обидува да ги предвиди промените на цените и по пат на, да речеме, купување и продавање фјучерс, да оствари добивка. Обично шпекулантот не е директно поврзан со финансискиот инструмент на кој се однесува фјучерсот.

Шпекулант за нови емисии (Stag)

Трговец со хартии од вредност кој запишува новоиздадени акции, со надеж дека ќе ги продаде веднаш штом му се доделат, по цена повисока од номиналната.

Поврзани линкови

Видови на обврзници

Купување обврзници

Инвестициски фондови

Поврзани блог постови