ООO Invest e интегрален апликациски софтвер за поддршка на работењето и управувањето на инвестициски фондови, осигурителни компании и банки-чувари.

Со оглед на тоа што инвестициските фондови користат многу инвестициски стратегии и следствено сложени финансиски инструменти, софтверот ООО Invest преку низа напредни аналитички модули ја формира основата за процесот на донесување и имплементација на инвестициските одлуки. Дополнително, нивото на методолошка конфигурација му овозможува на корисникот да создаде уникатни инвестициски производи за диференцијација на пазарот. Усогласен е со законодавството на земјите во кои работат инвестициските компании и специфичните деловни практики на соодветните пазари.

Во областа на банкарството, тој првенствено се користи како ИТ решение за поддршка на депозитните банки, но и како технолошко решение за приватно банкарство – од приватни портфолија до различни видови фондови со кои управуваат различни друштва за управување.

Нашата предност е понуда на целосен софтвер за поддршка во инвестициското банкарство и може во иднина да понуди селекција и алокација на финансиски инструменти базирана на машинско учење. Уникатна пазарна позиција на ООO INVEST е воспоставување на софтвер кој преку машинско учење и низа напредни аналитички модули ја формира основата за процесот на донесување и имплементација на инвестициските одлуки.

ООO Invest ги оптимизира процесите потребни за вреднување на имотот на фондовите и обезбедува полесна комуникација помеѓу фондовите, осигурителните компании и нивните депозитарни банки. Со тоа, пресметките во нивното секојдневно работење добиваат поголем интегритет и навременост.

Нашата услуга се разликува од постоечките решенија на пазараот по:

  • автоматизацијата на процесите
  • напредното корисничко искуство кое ќе се базира на уникатен UI/UX кој овозможува интуитивно користење од страна на клиентите,
  • намалените трошоци за одржување.