Консолидиран текст по донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/2021):
НЕ ГАРАНТИРАМЕ ЗА ТОЧНОСТА НА СОДРЖИНАТА НА ОВОЈ ТЕКСТ
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на Законот Член 1
(1) Со овој закон се уредува основањето и работењето на инвестициските фондови и друштвата за управување со инвестициски фондови, издавањето и продажбата на удели и акции, откуп на удели, промоција на инвестициските фондови, работи кои за инвестициските фондови ги извршуваат трети лица и работењето на депозитарната банка.
(2) За прашањата кои не се уредени со овој закон се применуваат одредбите на Законот за хартии од вредност, Законот за трговските друштва, Законот за стечај и Законот за општата управна постапка.
Дефиниции Член 2
Одделните изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:
1. Друштвo за управување со инвестициски фондови е акционерско друштво со седиште во Република Северна Македонија кое добило дозвола од Комисијата за хартии од вредност за вршење на работи за основање и управување со инвестициски фондови;
2. Основна главнина е минимален износ на средства пропишан со овој закон што акционерите на друштвото за управување со инвестициски фондови се должни да го запишат и уплатат;
3. Вредност на имотот на инвестицискиот фонд е збир на вредноста на хартиите од вредност во портфолиото на инвестицискиот фонд, паричните депозити на фондот кај банките и друг имот на фондот;
4. Нето вредност на имотот на инвестицискиот фонд е вредноста на имотот намалена за износот на обврските на фондот;
5. Депозитарна банка на инвестициски фонд е која било банка која за потребите на фондот врши работи на чување на имотот на фондот, водење на посебните сметки за имотот на фондот и одвојување на имотот на секој поединечен фонд од имотот на другите фондови, како и извршување други работи во согласност со одредбите од овој закон;
6. Добра репутација е чесност, компетентност, работливост и поседување особини кои даваат сигурност дека лицето со начинот на своето работење нема да влијае во насока на загрозување на стабилноста и сигурноста на инвестицискиот фонд и загрозување на интересите на вложувачите во фондот;
7. Инвестициски фонд се здружени парични средства наменети за инвестирање, прибрани од инвеститори преку јавен повик или приватна понуда, со кои за сметка на инвеститорите управува друштво за управување со фондови;
8. Квалификувано учество во друштвото за управување со инвестициски фондови е: – директно или индиректно учество во друштво за управување со инвестициски фондови од 10% или повеќе од основната главнина на тоа друштво, – директно или индиректно учество од 10% или повеќе од правата на глас од вкупниот број акции со право на глас во друштвото за управување или – право да се остварува директно или индиректно, значително влијание над органите на управување во друштвото за управување со инвестициските фондови во кое тоа учество постои;
9. Поврзано лице со друштво за управување со инвестициски фондови е: 1) акционер или група на акционери кои дејствуваат заеднички, а поседуваат повеќе од 10% од основната главнина на друштвото за управување со инвестициски фондови или кои иако поседуваат помал процент од назначениот, можат да влијаат на одлуките кои ги донесува тоа друштво;
2) физичко или правно лице кое поседува директно или индиректно повеќе од 10% од акциите со право на глас на друштвото за управување со инвестициски фондови или кое, иако поседува помал процент од назначениот може да влијае на одлуките кои ги донесува тоа друштво и 3) физичко лице или лица кои можат директно или индиректно да влијаат на одлуките што ги донесува друштвото за управување со инвестициските фондови, а особено: – членови на потесното семејство (брачен другар или личност со која подолго време живее во заедница која според законот со кој се уредува брачната заедница и односите во семејството има правен статус ист како и оној на брачната заедница, деца или посвоени деца и други лица врз коишто има старателство), – членови на управниот и надзорниот одбор и членови од потесното семејство на тие лица или – лица вработени врз основа на договор за работа склучен под посебни услови со друштвото за управување со инвестициските фондови во кое се вработени, како и членови на потесното семејство на вработените;
10. Поврзани лица со инвестицискиот фонд се друштвото за управување со инвестициски фондови, депозитарната банка, адвокат, ревизор и даночен советник кои имаат договорен однос за давање на услуги на инвестицискиот фонд и друго лице кое склучило договор за давање на услуги за потребите на фондот;
11. Вложувач е сопственик на удели во отворениот инвестициски фонд, односно сопственик на акции (акционер) во затворениот инвестициски фонд;
12. Портфолио менаџер е лице кое согласно со Законот за хартии од вредност има добиено дозвола за работење на инвестиционен советник од Комисијата за хартии од вредност;
12-а Инвестициски агент е лице кое има добиено дозвола за работење од Комисијата за хартии од вредност да врши продажба на удели, односно акции во инвестициски фондови и има склучено договор за продажба со друштвото за управување;
12-б Траен медиум е секој инструмент што на инвеститорот му овозможува да ги складира информациите упатени лично до него на начин кој му овозможува користење на тие информации во одреден временски период, соодветен на целта на информациите и кој дозволува неизменета репродукција на складираните информации;
13. Регулиран пазар на финансиски инструменти на земјите членки на Европската унија е мултилатерален систем со кој работи или управува пазарен оператор, кој ги здружува или го помага здружувањето на различните интереси на трета страна за купување и продавање финансиски инструменти – во системот и во согласност со неговите недискриминаторни правила –
на начин што резултира во договор, во врска со финансиските инструменти примени за тргување согласно со неговите правила и/или системи;
14. Регулиран пазар на финансиски инструменти на земји кои не се членки на Европската униј а е пазар кој подлежи на прудентни правила утврдени од страна на регулаторното тело на тие земји, кои се исто толку строги како и оние пропишани со законодавството на Европската унија;
15. Регулиран пазар на хартии од вредност во Република Северна Македонија се берза и пазар преку шалтер организиран од страна на Народната банка на Република Северна Македонија согласно со Законот за хартии од вредност;
16. Под инструменти на пазарот на пари се подразбираат оние класи инструменти со кои вообичаено се тргува на пазарот на пари, како што се државни записи, сертификат за депозит и комерцијални записи, освен банкноти и монети и
17. Субјекти за секјуритизација се трговски друштва и финансиски холдинг компании чијашто функција е откупување на нисколиквидни средства, кои ги користат како основа за издавање на ликвидни хартии од вредност.
II. ДРУШТВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СO ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
1. ОСНОВНИ БЕЛЕЗИ НА ДРУШТВОТО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
Активности на друштвото за управување со инвестициски фондовиЧлен 3
(1) Друштвото за управување со инвестициски фондови (во натамошниот текст: друштво за управување) врши работи на основање и управување со инвестициски фондови, односно вложување на парични средства во свое име и за сметка на сопствениците на удели во отворените инвестициски фондови и во име и за сметка на акционерите на затворените инвестициски фондови, како и врши други работи утврдени со овој закон.
(2) Едно друштво за управување може да управува со повеќе инвестициски фондови.
Ограничување во работењето на друштвото за управување со инвестициски фондовиЧлен 4
(1) Друштвото за управување не смее да има квалификувано учество во брокерска куќа или банка која има дозвола за работа со хартии од вредност во Република Северна Македонија.
(2) Друштвото за управување не смее да има квалификувано учество во депозитарна банка. Работењето на друштвото за управување и на депозитарната банка не смеат да бидат организационо поврзани и во нив не смеат да работат исти лица.
(3) Друштвото за управување не може да стекнува удели, односно акции во инвестициските фондови со кои управува.
(4) Друштвото за управување не смее да врши производство на стоки, да врши услуги или да врши каква било друга дејност, освен онаа која е наведена во членот 6 од овој закон.
Почетен капитал и сопствени средства на друштво за управување со инвестициски фондовиЧлен 5
(1) Најмалиот износ на почетен капитал потребен за основање на друштво за управување изнесува 125.000,00 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на поднесување на барањето за издавање на дозвола за работење на друштвото за управување до Комисијата.
(2) Во случај кога нето-вредноста на имотот на инвестицискиот фонд, односно фондовите со кои управува друштвото за управување го надмине износот од 250.000.000,00 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија, друштвото за управување е должно да обезбеди дополнителен износ на капитал еднаков на 0,02% од износот за кој нето-вредноста на имотот на инвестицискиот фонд/фондови го надминува износот од 250.000.000,00 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија. Почетниот капитал и дополнителниот износ на капиталот не смеат да изнесуваат повеќе од 10.000.000,00 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија.
(3) Почетниот капитал од ставот (1) на овој член и сите натамошни зголемувања на почетниот капитал мора да бидат уплатени единствено во паричен облик и да бидат уплатени во целост. Во Трговскиот регистар што се води во Централниот регистар на Република Северна Македонија, целосно уплатениот почетен капитал на друштвото се запишува како основна главнина.
(4) Сопствените средства на друштвото за управување мора во секој момент да бидат еднакви или поголеми од еден од наведените два износа:
1) износот на почетниот капитал од ставот (1) на овој член, односно вкупниот износ на почетниот капитал и дополнителниот износ на капиталот од ставот (2) на овој член или
2) една четвртина од општите фиксни трошоци наведени во билансот на успех за претходната година.
(5) Во случај кога сопствените средства на друштвото за управување ќе се намалат под минималниот износ наведен во ставот (4) на овој член, Комисијата може на друштвото за управување да му наложи во одреден временски период да го усогласи нивото на сопствените средства, односно на друштвото за управување да му изрече мерки пропишани со членот 131 од овој закон.
(6) Кога друштвото за управување e ново основано друштво, кое за прв пат започнува со работа, пресметката на сопствените средства ќе се утврдува во износ од една четвртина од фиксните општи трошоци на друштвото проектирани во неговиот деловен план.
(7) Комисијата ги пропишува видовите на ставки што се земаат во предвид при пресметка на сопствените средства и на општите фиксни трошоци.
Предмет на работење на друштво за управување со инвестициски фондовиЧлен 6
(1) Работи на управување со инвестициски фондови кои ги врши друштвото за управување се:
1) управување со имотот на инвестицискиот фонд;
2) рекламирање на инвестициските фондови и продажба на удели во отворените инвестициски фондови, односно акции во затворените инвестициски фондови и
3) административни работи кои се однесуваат на:
– водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи,
– воспоставување и одржување на односи со вложувачите,
– утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд и пресметка на цената на уделот,
– усогласување на работењето на друштвото за управување со законите и други прописи,
– објавувања и известувања на акционерите и сопствениците на удели,
– распределба на добивката на инвестицискиот фонд,
– издавање и откуп на удели во отворените инвестициски фондови и
– водење регистар на сопствениците на удели, односно акционерите.
(2) Друштвото за управување кое има дозвола за работење од Комисијата може да врши и работи на управување со средства за сметка на индивидуален клиент – сопственик на портфолио (во натамошниот текст: индивидуален клиент), како и работи на инвестиционо советување на клиенти во согласност со закон.
(3) Друштвото за управување не може да добие дозвола од Комисијата само за извршување на работите од ставот (2) на овој член.
(4) Комисијата поблиску го пропишува начинот на вршење на работите на управување со средства за сметка на индивидуален клиент и инвестициско советување.
Управување со средства за сметка на индивидуален клиентЧлен 7
(1) Работите на управување со средства за сметка на индивидуален клиент, друштвото за управување ги врши врз основа на претходно склучен договор со индивидуалниот клиент.
(2) Средствата на индивидуалните клиенти се водат на посебна сметка во банка, која друштвото за управување ја отвора во свое име, а за сметка на клиентите за кои врши индивидуално управување со портфолио.
(3) Вложувањето на средствата друштвото за управување го врши согласно со членот 66 од овој закон.
(4) Договорот од ставот (1) на овој член се склучува во писмена форма и ги содржи особено следниве податоци:
– износот на парични средства што клиентот му ги доверува на друштвото за управување,
– политиката на вложување на клиентот,
– изјава на клиентот во која наведува дека ги разбира условите и преземените ризици од инволвираноста во тргувањето со финансиските инструменти,
– видот, содржината и фреквенцијата на доставување на извештаите за извршените активности од страна на друштвото за управување до клиентот,
– висината на надоместокот за вршењето на работи на управување со средствата за сметка на индивидуалниот клиент и начин на пресметување на истиот и
– можност за клиентот да го поништи договорот склучен со друштвото за управување.
(5) Средствата на индивидуалните клиенти со кои управува друштвото за управување се чуваат и прикажуваат издвоено од средствата на друштвото за управување, од средствата на инвестициските фондови со кои тоа управува и од средствата на депозитарната банка и истите не влегуваат во стечајната или ликвидационата маса на друштвото за управување и/или инвестициските фондови и/или депозитарната банка.
Пренесување на дел од работите на управување со инвестициски фонд на трети лицаЧлен 8
(1) Друштвото за управување не смее извршувањето на работите од членот 6 став (1) точка 1 на овој закон да го пренесе на трети лица, освен во случај на пренос на управувањето согласно со подглава „6. Пренос на управување со инвестициски фондови на друго друштво за управување“.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член друштвото за управување, по претходна согласност од Комисијата може да го пренесе на трети лица извршувањето на работите од членот 6 став (1) точки 2 и 3 на овој закон.
(3) Комисијата ги пропишува начинот, постапката и видот на активностите кои може друштвото за управување да ги пренесе на трети лица.
(4) Пренесувањето на активностите на трети лица не смее да влијае врз ефикасноста во надзорот над друштвото за управување и инвестицискиот фонд, односно со тоа не смеат да се загрозат интересите на инвеститорите во инвестицискиот фонд.
2. УСЛОВИ И НАЧИН НА ОСНОВАЊЕ НА ДРУШТВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
Барање за издавање дозвола за работење на друштво за управување со инвестициски фондовиЧлен 9
(1) Друштвото за управување се основа од домашни и/или странски физички и/или правни лица и не смее да отпочне со работа пред добивање на дозвола за работење од Комисијата, врз основа на претходно доставено барање за издавање дозвола за работење на друштво за управување.
(2) Друштвото за управување не може да се запише во Трговскиот регистар што се води во Централниот регистар на Република Северна Македонија, пред да добие дозвола за работење од Комисијата.
(3) Кон барањето од ставот (1) на овој член се приложува:
– статут на друштвото за управување,
– доказ за уплата на почетен капитал на привремена сметка во банка,
– доказ за потекло на уплатените средства како почетен капитал,
– деловен план за основање и работа на друштвото за управување за првите три години кој мора да ја содржи планираната големина на инвестициските фондови со кои друштвото за управување планира да управува,
– докази за исполнување на условите за кадровска, техничка и организациона оспособеност за работа, утврдени од Комисијата,
– податоци за основачите вклучувајќи и податоци за нивното учество во капиталот на други правни лица,
– список на поврзани лица со друштвото за управување,
– акт за назначување на портфолио менаџер и дозвола за работење на инвестиционен советник од Комисијата,
– список на членовите на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директори на друштвото за управување и соодветната документација од членот 18 став (1) на овој закон,
– акт за назначување на овластен ревизор кој ќе врши ревизија на финансиските извештаи на друштвото за управување и инвестициските фондови со кои тоа ќе управува,
– докази од членот 14 од овој закон за лицата кои стекнуваат квалификувано учество во друштвото за управување,
– доказ за платен надомест за издавање дозвола за работење на друштво за управување, согласно со тарифникот на Комисијата и
– изјава за точноста, вистинитоста и законитоста на податоците доставени до Комисијата.
(4) Комисијата ги пропишува формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член и начинот, постапката и потребната документација за добивање дозвола за работење на друштвото за управување.
(5) Лица кои немаат добиено дозвола од Комисијата не смеат да ги вршат работите од членот 6 став (1) на овој закон.
Одобрување на барањето за издавање на дозвола за работење на друштвото за управување со инвестициски фондовиЧлен 10
(1) Комисијата донесува решение за одобрување или одбивање на барањето од членот 9 став (1) на овој закон за издавање на дозвола за работење на друштвото за управување во рок од 90 дена од денот на доставувањето на барањето.
(2) Доколку Комисијата со барањето за издавање дозвола за работење на друштво за управување од членот 9 став (1) од овој закон, истовремено добие и барање за добивање на согласност за стекнување на квалификувано учество од членот 14 од овој закон, истата донесува решение за одобрување или одбивање на двете барања во рок од 90 календарски дена од денот на приемот на барањата.
(3) Комисијата е должна да даде писмено образложение во случај на одбивање на барањето за издавање на дозвола за работење на друштвото за управување.
(4) Против решението за одбивање на барањето за издавање дозвола за работење на друштвото за управување што го донесува Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(5) Жалбата од ставот (4) на овој член не го одлага извршувањето на решението на Комисијата.
Барање за проширување на дозволата за работа на друштвото за управувањеЧлен 10-а
(1) Друштвото за управување кое има добиено дозвола за работење од Комисијата може да поднесе барање за проширување на дозволата за работа за вршење и на активностите наведени во членот 6 став (2) од овој закон.
(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член се приложува:
1) примерок од договор за работа со клиенти;
2) општи услови за извршување на услугите за кои се бара согласност;
3) начин на наплата на надоместоците за извршување на услугите за кои се бара согласност;
4) процедури за вршење на услугите за кои се бара согласност;
5) доказ за извршена уплата на надоместок кон барањето за добивање дозвола за работење согласно со Тарифникот на Комисијата и
6) организациска структура од која ќе се утврди издвоеноста на управувањето со инвестициски фондови од извршувањето на услугите за кои се бара согласност.
(3) Комисијата со решение одлучува по барањето од ставот (1) на овој член во рок од 30 календарски дена од денот на доставување на барањето.
(4) Против решението од ставот (3) на овој член, може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(5) Жалбата од ставот (4) на овој член не го одлага извршувањето на решението на Комисијата.
Филијала на друштво за управување со инвестициски фондови од трета земја во Република Северна МакедонијаЧлен 11
(1) Друштво за управување од трета земја може преку филијала во Република Северна Македонија да ги врши активностите од членот 6 од овој закон, за кои има добиено одобрение од надлежниот орган во земјата во која се наоѓа седиштето на друштвото за управување.
(2) Филијалата на друштво за управување од трета земја (во натамошниот текст: филијала од трета земја) е должна да работи согласно со овој закон и Законот за трговските друштва.
(3) Филијалата од трета земја е должна најмалку 20% од прибраните уплати за удели/акции во фондовите од резидентите на Република Северна Македонија да ги инвестира во хартии од вредност издадени од издавачи со седиште во Република Северна Македонија.
(4) Друштво за управување од трета земја може да основа филијала во Република Северна Македонија по претходно добиена согласност од Комисијата.
(5) Друштвото за управување од ставот (1) на овој член е должно да поднесе барање за добивање согласност за основање на филијала до Комисијата со кое ги приложува особено следниве документи и податоци:
1) акт за основање на филијалата;
2) доказ од релевантниот регистар каде што друштвото за управување има регистирано седиште;
3) статут и правила на друштвото за управување;
4) ревидирани годишни финансиски извештаи на друштвото за управување за последните две години;
5) податоци за основачите на друштвото за управување, односно список на акционери на друштвото за управување кои поседуваат квалификувано учество во друштвото;
6) деловен план на друштвото за управување за последните три години од неговото работење, со организациска структура на друштвото за управување и предлог акт на управувањето со ризици и детален опис на услугите и активностите кое друштвото има намера да ги извршува во Република Северна Македонија преку филијала;
7) податоци за членовите на органите на управување на друштвото за управување и идентитетот, професионалното искуство и квалификациите на предложените лица кои ќе управуваат со филијалата;
8) податоци за Фондот за заштита на инвеститорите на кој друштвото за управување е член, кога е применливо;
9) за секој инвестициски фонд со кој управува друштвото за управување:
а) правила и статут на инвестицискиот фонд;
б) проспект на фондот и
в) последниот годишен финансиски извештај на фондот.
(6) Покрај документите и податоците од ставот (6) на овој член, Комисијата може по потреба од друштвото за управување да побара дополнителни документи и податоци.
(7) Комисијата во рок од 60 календарски дена одлучува по барањето од ставот (5) на овој член, со донесување решение за одобрување или за одбивање на барањето.
(8) Пред донесување на решението од ставот (7) на овој член, Комисијата може да побара мислење од надлежниот орган на третата земја каде друштвото за управување има добиено дозвола за работа.
(9) Комисијата ќе издаде согласност за основање на филијала доколку врз основа на податоците со кои располага и документите и податоците приложени заедно со барањето за добивање согласност оцени дека филијалата ќе работи во согласност со овој закон.
(10) Против решението од ставот (7) на овој член, друштвото може да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(11) Жалбата од ставот (10) на овој член не го одлага извршувањето на решението.
(12) Комисијата ќе го одбие барањето од ставот (5) на овој член доколку:
1) барањето не ја содржи комплетната документација и податоци;
2) барањето содржи неточни или невистинити податоци;
3) лицето од ставот (5) точка 5) на овој член не може да биде акционер согласно со членот 13 од овој закон;
4) лицата овластени за застапување на филијалата не ги исполнуваат условите за членови на органи на управување од членот 18 од овој закон или
5) со оглед на законодавството на земјата во која друштвото за управување има седиште и праксата при спроведување на тоа законодавство, постои веројатност дека ќе биде отежнато извршувањето на контролата и надзорот над филијалата во согласност со одредбите од овој закон.
(13) Друштвото за управување од трета земја е должно да ја извести Комисијата за каква било промена на документите и податоците од ставот (5) на овој член.
Надзор, контрола и известувања на надлежни органиЧлен 11-а
(1) Надзорот и контролата над работењето на филијалата на друштвото за управување од трета земја во Република Северна Македонија ги извршува Комисијата, на ист начин на кој го врши надзорот и контролата над друштвата за управување регистрирани во Република Северна Македонија.
(2) Надлежните органи на земјата во која е регистрирано седиштето на друштвото за управување кое отворило филијала во Република Северна Македонија и Комисијата соработуваат и разменуваат информации заради ефикасна контрола и надзор на работењето на друштвото за управување и неговата филијала во Република Северна Македонија.
(3) Лицата овластени за застапување на основачите на филијалата на друштвото за управување од трета земја се должни веднаш да ја известат Комисијата доколку кон друштвото за управување или кон некоја негова филијала е покрената постапка за изрекување на мерки од страна на друг надлежен орган.
(4) За одземање на согласноста за основање на филијала на друштво за управување од трета земја, Комисијата е должна да го извести надлежниот орган на земјата каде друштвото за управување има регистрирано седиште. Известувањето треба да ги содржи и правните последици од одземањето на согласноста за основање и работење на филијалата.
(5) Друштвото за управување од трета земја е должно во писмена форма да ја извести Комисијата, најмалку еден месец, пред денот на донесувањето на одлуката за престанување на работење на филијалата во Република Северна Македонија.
Достапност на информации за инвеститорите во Република Северна МакедонијаЧлен 11-б
(1) Друштвото за управување од трета земја, кое основа филијала во Република Северна Македонија, е должно на потенцијалните инвеститори во Република Северна Македонија да им ги обезбеди сите документи и информации кои ги обезбедува и за инвеститорите во земјата каде има седиште, како и документ со клучни информации за инвеститорите во согласност со овој закон.
(2) За веродостојноста и точноста на документацијата и информациите од ставот (1) на овој член одговара друштвото за управување од третата земја кое во Република Северна Македонија основа филијала.
Средства на филијалата од трета земја во Република Северна МакедонијаЧлен 11-в
(1) Филијалата од трета земја е должна да располага со парични средства во Република Северна Македонија во износ од најмалку 125.000,00 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија на една или повеќе депозитни сметки во банки со седиште во Република Северна Македонија, со цел да се обезбеди исплатата на имателите на удели во инвестициските фондови со кои друштвото управува.
(2) Депозитот од ставот (1) на овој член, друштвото за управување е должно да го одржува во паричен облик на посебна сметка во текот на целиот период на работењето во Република Северна Македонија, односно да го зголемува на соодветен начин согласно со членот 5 од овој закон.
Мерки спрема друштвото или филијалатa на друштво за управување од трета земјаЧлен 11-г
(1) Доколку Комисијата утврди неправилности во работењето на друштвото за управување од трета земја преку филијалата во Република Северна Македонија, ќе донесе решение со кое ќе му наложи на друштвото за управување да ги отстрани неправилностите и незаконитостите во определен рок, но не подолг од 30 календарски дена.
(2) Доколку друштвото од трета земја не постапи согласно со решението од ставот (1) на овој член, Комисијата го известува надлежниот орган на земјата каде друштвото има регистрирано седиште, кој треба да преземе мерки спрема друштвото и да ја извести Комисијата за видот на мерките кои ќе ги преземе.
(3) Ако, по добивање на известувањето од ставот (2) на овој член, надлежниот орган на земјата каде друштвото има регистрирано седиште не преземе мерки спрема друштвото или ѝ покрај преземените мерки, друштвото од трета земја не ги надмине незаконитостите во работењето на филијалата, Комисијата ќе донесе решение за преземање на мерки за спречување на незаконитостите во работењето на филијалата од членот 131 од овој закон или ќе донесе решение за забрана за вршење активности преку филијала во Република Северна Македонија.
(4) Против решенијата од ставот (3) на овој член, друштвото за управување, може да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(5) Жалбата од ставот (4) на овој член не го одлага извршувањето на решението.
(6) Пред да ги преземе мерките од ставот (3) на овој член, Комисијата го известува надлежниот орган на земјата каде друштвото има регистрирано седиште за видот на мерките и причините поради кои планира да ги преземе тие мерки.
(7) По исклучок од ставовите (2) и (6) на овој член, а заради заштита на интересите на инвеститорите, Комисијата може без претходно известување на надлежниот орган на земјата каде друштвото има регистрирано седиште да преземе мерки за спречување на незаконитостите во работењето на филијалата или на друштвото да му забрани понатамошно вршење на активностите преку филијалата во Република Северна Македонија.
(8) За случајот од ставот (7) на овој член, Комисијата, го известува надлежниот орган на земјата каде друштвото има регистрирано седиште во најкраток можен рок.
(9) Доколку надлежниот орган на земјата каде друштвото има регистрирано седиште ја одземе дозволата за вршење на работите на друштво за управување, Комисијата со решение ја одзема согласноста на филијалата на тоа друштво да ги врши активностите од членот 6 од овој закон во Република Северна Македонија.
(10) Против решението од ставот (9) на овој член, може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(11) Жалбата од ставот (10) на овој член не го одлага извршувањето на решението на Комисијата.
Филијала на друштво за управување од земја членка на Европската Унија во Република Северна МакедонијаЧлен 11-д
(1) Друштво за управување од земја членка на Европската Унија може преку основање на филијала во Република Северна Македонија да ги врши работите од членот 6 од овој закон, за кои добило дозвола за работење од надлежниот орган во матичната земја.
(2) Друштвото за управување од земја членка на Европската Унија може да започне со работа во Република Северна Македонија преку отворање на филијала по истекот на два месеца од денот кога Комисијата ќе добие известување од надлежниот орган на матичната земја дека друштвото за управување има намера да отвори филијала во Република Северна Македонија.
(3) Известувањето од ставот (2) на овој член, ги содржи следниве податоци:
1) деловен план, кој вклучува видови и обем на трансакции кои ќе се извршуваат преку филијалата, како и организациската структура на филијалата;
2) седиште на филијалата каде што може да се добие документација за филијалата;
3) информации за лицата кои се овластени за управување со филијалата и
4) опис на постапките за справување со жалби на клиенти во согласност со членот 21 став (1) алинеја 31 од овој закон.
(4) Друштвото за управување од земја членка на Европската Унија ја запишува филијалата во Трговскиот регистар што се води во Централниот регистар на Република Северна Македонија:
1) доколку надлежниот орган на матичната земја достави известување согласно со ставот (2) од овој член или
2) по истек на рокот од ставот (2) на овој член.
(5) Друштвото за управување од земја членка на Европската унија е должно да ја извести Комисијата за секоја промена на податоците доставени со известувањето од ставот (3) на овој член, најмалку еден месец пред да настане промената.
Достапност на податоциЧлен 11-ѓ
Друштвото за управување од земја членка на Европската унија е должно сите финансиски извештаи и другата документација за работењето на филијалата во Република Северна Македонија, да ги чува во седиштето на филијалата во Република Северна Македонија.
Известувања и соработка на надлежни органиЧлен 11-е
(1) Надлежните органи на матичната земја на филијалата на друштвото за управување и Комисијата соработуваат и разменуваат информации заради ефикасна контрола и надзор на работењето на друштвото за управување со инвестициски фондови кое има отворено филијала во Република Северна Македонија.
(2) Надлежниот орган на матичната земја на филијалата на друштвото за управување или од него овластени лица можат да вршат контрола и надзор на филијалата на друштвото за управување од земја членка на Европската Унија, за што претходно треба да ја известат Комисијата.
(3) На барање на надлежниот орган на матичната земја на филијалата на друштвото за управување, Комисијата е должна да учествува или да изврши контрола на филијалата на друштвото за управување од земја членка на Европската Унија во Република Северна Македонија.
Активности на друштво за управување со седиште во Република Северна Македонија во трети земјиЧлен 12
(1) Друштво за управување со седиште во Република Северна Македонија, кое има намера да основа ново друштво за управување, да стекне квалификувано учество во друштво за управување регистрирано во трета земја или да основа своја филијала во трета земја треба да добие согласност од Комисијата.
(2) Филијалата отворена во трета земја од страна на друштвото за управување со седиште во Република Северна Македонија, може да ги извршува само активностите за кои има добиено одобрение од Комисијата во Република Северна Македонија.
(3) За добивање на согласност за основање на друштво за управување, за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување регистрирано во трета земја или за основање на филијала во трета земја, друштвото за управување регистрирано во Република Северна Македонија поднесува барање до Комисијата кое содржи информации за:
1) земјата во која има намера да отвори филијала;
2) програма за работа, која содржи активности што ќе ги врши филијалата и организациска структура на филијалата;
3) адреса на филијалата;
4) имињата на лицата кои ќе управуваат со филијалата и
5) друга документација, на барање на Комисијата.
(4) Комисијата во рок од 30 календарски дена од приемот на комплетното барање од ставот (3) на овој член донесува решение со кое одлучува по истото.
(5) Комисијата ќе го одбие барањето од ставот (3) на овој член, доколку утврди дека филијалата со своето работење може негативно да влијае врз работењето на друштвото за управување или доколку врз основа на прописите на државата во која се бара отворање на филијалата и начинот на примена на тие прописи, оцени дека нема да има можност да остварува соодветна соработка и размена на информации со надлежниот орган на таа земја и дека ќе биде отежната контролата односно надзорот во согласност со овој закон.
(6) Друштвото за управување е должно да ја извести Комисијата, за секоја промена на информациите од ставот (3) на овој член најмалку еден месец пред да настане каква било нивна промена.
(7) Друштвото за управување кое извршува активности преку свои филијали во трета земја е должно до Комисијата да доставува годишен извештај со ревидирани консолидирани финансиски извештаи, односно да изготвува извештаи согласно со овој закон и истите да ги доставува до Комисијата.
Контрола, надзор и известувања на надлежни органиЧлен 12-а
(1) Комисијата има право да врши контрола и надзор над работењето на филијалата основана надвор од Република Северна Македонија, по претходно известување на надлежниот орган на земјата во која друштвото за управување има отворено филијала.
(2) Комисијата и надлежниот орган на земјата во која друштвото за управување од Република Северна Македонија има намера да основа друштво за управување, да стекне квалификувано учество во друштво за управување регистрирано во таа земја, односно во која друштвото отвора филијала, соработуваат и разменуваат информации заради ефикасна контрола и надзор над работењето на филијалата во таа земја.
(3) Начинот на извршување на контролата на филијалата, Комисијата и надлежниот орган на земјата каде е отворена филијалата, подетално ја регулираат со склучување на договор за меѓусебна соработка, како основа за постојана размена на податоци и информации за целите на контрола и надзор.
(4) Доколку друштвото за управување кое има отворено филијала надвор од Република Северна Македонија и покрај изречените мерки од страна на надлежниот орган во земјата во која е отворена филијалата, не постапи по истите, Комисијата ќе му изрече мерки во согласност со овој закон и за преземените мерки врз филијалата, ќе го извести надлежниот орган во таа земја.
(5) Доколку Комисијата на друштвото за управување во Република Северна Македонија му го одземе одобрението за работа, односно изрече некоја мерка со која му забранува да извршува активности преку филијала, за тоа е должна, без одлагање, да го извести надлежниот орган во земјата во која друштвото за управување има отворено своја филијала.
Филијала на друштво за управување со седиште во Република Северна Македонија во земја членка на Европската УнијаЧлен 12-б
(1) Друштво за управување со седиште во Република Северна Македонија може преку основање на филијала во земја членка на Европската Унија да ги врши работите од членот 6 од овој закон, за кои добило дозвола за работење од Комисијата.
(2) Друштвото за управување со седиште во Република Северна Македонија може да започне со работа во земја членка на Европската Унија преку основање на филијала по истекот на два месеца од денот кога надлежниот орган од земјата членка на Европската Унија ќе добие известување од Комисијата дека друштвото за управување има намера да отвори филијала во земјата членка на Европската Унија.
(3) Известувањето од ставот (2) на овој член ги содржи следниве податоци:
1) деловен план, кој вклучува видови и обем на трансакции кои ќе се извршуваат преку филијалата, како и оганизациската структура на филијалата;
2) седиште на филијалата каде што може да се добие документација за филијалата;
3) информации за лицата кои се овластени за управување со филијалата;
4) опис на постапките за справување со жалби на клиенти во согласност со членот 21 став (1) алинеја 31 од овој закон.
(4) Друштвото за управување со седиште во Република Северна Македонија ја запишува филијалата во Трговскиот регистар во земјата членка на Европската Унија во којашто ја отвора филијалата:
1) доколку Комисијата достави известување до надлежниот орган од земјата членка на Европската Унија согласно со ставот (2) на овој член или
2) по истек на рокот од ставот (2) на овој член.
(5) Друштвото за управување со седиште во Република Северна Македонија е должно да го извести надлежниот орган од земјата членка на Европската Унија за секоја промена на податоците доставени со известувањето од ставот (3) на овој член, најмалку еден месец пред да настане нивна промена.
Достапност на податоциЧлен 12-в
Друштвото за управување со седиште во Република Северна Македонија е должно сите финансиски извештаи и друга документација за работењето на филијалата во земја членка на Европската Унија, да ги чува во седиштето на филијалата во земјата членка на Европската Унија.
Известувања и соработка на надлежни органиЧлен 12-г
(1) Комисијата и надлежните органи на земјата членка на Европската Унија во која друштвото за управување основа филијала, соработуваат и разменуваат информации заради ефикасна контрола и надзор на работењето на друштвото за управување со инвестициски фондови кое има отворено филијала во земја членка на Европската Унија.
(2) Комисијата или од неа овластени лица можат да вршат контрола и надзор на филијалата на друштвото за управување со седиште во Република Северна Македонија основана во земја членка на Европската Унија, за што претходно треба да го известат надлежниот орган од земјата членка на Европската Унија.
(3) На барање на Комисијата, надлежниот орган од земјата членка на Европската Унија е должен да учествува или да изврши контрола на филијалата на друштвото за управување со седиште во Република Северна Македонија основана во земја членка на Европската Унија.
Акционери со квалификувано учество во друштвото за управување со инвестициски фондовиЧлен 13
(1) Секое лице кое има намера директно или индиректно, постапно или одеднаш, да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ надминува 10%, 20%, 30% и 50% од вкупно издадените акции на друштвото за управување со право на глас, без оглед на тоа дали акциите ги стекнува само или заедно со други поврзани лица е должно да поднесе барање до Комисијата за добивање на согласност за стекнување на квалификувано учество.
(2) Акционер со квалификувано учество во друштво за управување не може да стане лице или правно лице контролирано од лице:
1) на кое му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, додека трае забраната;
2) против кое е поведена стечајна постапка;
3) на кое му е изречена споредна казна:
– забрана за добивање дозвола за работење на друштво за управување со инвестициски фондови,
– одземање на дозвола за работење на друштво за управување со инвестициски фондови,
– привремена или трајна забрана за вршење на работи на управување со инвестициски фондови и
– забрана за основање на нови правни лица;
4) кое не поседува добра репутација со што може да биде загрозено сигурното и стабилното работење на друштвото за управување и
5) кое не ги почитува одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон и/или не ги спроведувало или не ги спроведува и/или постапувало или постапува спротивно на мерките изречени од Комисијата, со што биле или се загрозени сигурноста и стабилноста на пазарот на хартии од вредност.
(3) Во случај на намера за дополнително стекнување на акции од страна на лице кое веќе се стекнало со квалификувано учество во друштво за управување, со што се надминува износот на акции за кои веќе има добиено согласност од Комисијата, лицето е должно да поднесе барање до Комисијата за добивање на согласност за дополнително стекнување на акции над утврдените износи во ставот (1) на овој член.
(4) По исклучок од ставовите (1) и (3) на овој член, лице кое врз основа на одлука на надлежен орган во согласност со закон стекнало постапно или одеднаш акции чиј вкупен кумулативен износ надминува 10%, 20%, 30% и 50% од вкупно издадените акции на друштвото за управување со право на глас, без оглед на тоа дали акциите ги стекнува само или заедно со други поврзани лица е должно во рок од десет дена од конечноста, односно правосилноста на одлуката, да поднесе барање до Комисијата за добивање согласност за настанатата промена.
(5) Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 90 календарски дена од денот на добивање на согласноста од Комисијата за стекнување на квалификуванo учество. По истекот на овој рок, задолжителна е постапка за добивање на нова согласност.
(6) Кога лицето кое добило согласност од ставовите (1) и (3) на овој член, има намера да го намали учеството, директно или индиректно, на начин што тоа учество во вкупниот број на акции или вкупниот број на издадени акции со право на глас во друштвото за управување ќе се намали под 20%, 30% и 50% е должно најмалку пет работни дена пред да се реализира намалувањето да ја извести Комисијата за:
1) вкупниот број на акции и вкупниот број на издадени акции со право на глас во друштвото за управување кои има намера да ги продаде;
2) износот за кој ќе се намали неговото учество во главнината;
3) вкупен број на акции и вкупен број на издадени акции со право на глас во друштвото за управување што ќе ги поседува по намалувањето и
4) идентитетот на лицето кое ќе ги стекне неговите акции во друштвото за управување, доколку му е познат.
(7) Во случаите од ставовите (1) и (3) на овој член, брокерските куќи, подружниците на странски брокерски куќи и овластените банки се должни при прием и извршување на налогот за купување на акции од друштво за управување задолжително да побараат од клиентот увид и копија од согласноста на Комисијата за стекнување квалификувано учество согласно со ставовите (1) и (3) на овој член.
Барање за добивање на согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување со инвестициски фондовиЧлен 14
(1) Барањето за добивање на согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување содржи:
– основни податоци за лицето од членот 13 став (1) на овој закон,
– бројот на акции и нивното процентуално учество во вкупно издадените акции на друштвото за управување со право на глас што лицето од членот 13 став (1) на овој закон ги поседува во моментот на поднесувањето на барањето и
– бројот на акции и нивното процентуално учество во вкупно издадените акции на друштвото за управување со право на глас што лицето од членот 13 став (1) на овој закон има намера да ги стекне врз основа на барањето за добивање на согласност.
(2) Во прилог на барањето за добивање на согласност за стекнување на квалификувано учество во друштвото за управување, лицето од членот 13 став (1) на овој закон треба да достави:
1) доказ во врска со членот 13 став (2) точки 1, 2 и 3 од овој закон;
2) доказ за потеклото на средствата од кои би се извршила уплатата на акциите за чие стекнување се бара согласност;
3) доколку лицето од членот 13 став (1) на овој закон е физичко лице, доказ за финансиската состојба на истото, а доколку лицето од членот 13 став (1) на овој закон е правно лице:
– извод од регистарот во кој е регистрирано седиштето на лицето од членот 13 став (1) на овој закон,
– целосните ревидирани финансиски извештаи за последните две години заедно со мислењето од овластениот ревизор и белешките кон финансиските извештаи,
– список на лица кои во правното лице поседуваат, директно или индиректно, повеќе од 10% од акциите, односно уделите и
– список на членовите на органите на управување на правното лице;
4) список на правни лица во кои лицето од членот 13 став (1) на овој закон поседува, директно или индиректно, повеќе од 10% од акциите, односно уделите;
5) список на лица со кои лицето од членот 13 став (1) на овој закон има воспоставено и одржува значајни деловни врски со опис на природата на тие деловни врски;
6) опис на инвестиционата политика на лицето од членот 13 став (1) на овој закон во врска со инвестирањето во финансиски институции и
7) покрај наведените документи во ставовите (1) и (2) на овој член, Комисијата може да бара и дополнителни документи, податоци и информации и да спроведе интервју со лицето од членот 13 став (1) на овој закон, односно членовите на органот на управување на лицето од членот 13 став (1) на овој закон, заради утврдување на исполнувањето на критериумите за стекнување на квалификувано учество во друштвото за управување.
(3) Овластеното службено лице од Комисијата кое ја води постапката за издавање на согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување е должно доказите од ставот (2) точка 1) на овој член и документот од ставот (2) точка 3) алинеја 1 на овој член, по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето.
(4) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кого се побарани доказите од ставот (2) точка 1) на овој член и документот од ставот (2) точка 3) алинеја 1 на овој член е должно доказите и документите да ги достави до Комисијата во рок од три дена од денот на приемот на барањето од ставот (3) на овој член.
(5) Лицето од членот 13 став (1) на овој закон кое има намера да стекне акции чиј вкупен кумулативен износ надминува 50% од вкупно издадените акции на друштвото за управување со право на глас, покрај документите од ставот (2) на овој член, е должно во прилог на барањето да достави и сопствен развоен план за работењето на друштвото за управување во кое истото има намера да стекне квалификувано учество.
(6) Доколку лицето од членот 13 став (1) на овој закон е странско лице, а стекнувањето на квалификувано учество во друштво за управување согласно овој закон од страна на тоа лице претставува активност што е предмет на супервизија на надлежен орган во државата каде што е регистрирано истото, во прилог на барањето од ставот (1) на овој член треба да се поднесе и согласност или мислење од надлежниот орган за трансакцијата за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување, односно известување од лицето од членот 13 став (1) на овој закон дека не е потребна согласност за реализирање на трансакцијата согласно со законодавството на државата каде што лицето е регистрирано.
(7) Комисијата ги пропишува формата и содржината на барањето, како и потребната документација за стекнување квалификувано учество во друштво за управување од став (1) на овој член.
Одлучување по барањето за добивање на согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување со инвестициски фондовиЧлен 15
(1) Комисијата донесува решение по однос на барањето за добивање на согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување во рок од 60 дена од денот на приемот на барањето.
(2) Комисијата ќе го одбие барањето за добивање на согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување од членот 14 на овој закон, доколку:
1) барањето не ја содржи комплетната документација;
2) барањето содржи неточни и невистинити податоци;
3) расположливите податоци и информации во врска со членот 14 ставови (1) и (2) од овој закон укажуваат дека лицето од членот 13 став (1) на овој закон и/или лицата поврзани со него, како последица на правната или финансиската состојба, односно начинот на кој работи или природата на неговите активности, индицира тенденција на висок ризик со што може да биде загрозена стабилноста, сигурноста и репутацијата на друштвото за управување, односно неговото работење во согласност со прописите и
4) постои основано сомнение во легалноста на потеклото на парите, репутацијата или вистинскиот идентитет на лицето од членот 13 став (1) на овој закон и/или лицата поврзани со него, согласно со овој закон.
(3) Против решението за одбивање на барањето за добивање на согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување што го донесува Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(4) Жалбата од ставот (3) на овој член не го одлага извршувањето на решението на Комисијата.
(5) Во случај кога како основа за одбивање на барањето од ставот (2) на овој член е легалноста на потеклото на парите, Комисијата веднаш ја известува Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
(6) Комисијата ќе донесе решение за одземање на согласноста за стекнување на квалификувано учество, доколку:
1) согласноста е добиена со наведување на невистинити податоци;
2) имателот на квалификувано учество или со него поврзани лица преку преземање на одредени активности или работи, го загрозуваат сигурното и стабилно работење на друштвото за управување;
3) имателот на квалификувано учество или со него поврзани лица преку вршењето на одредени активности или работи, го оневозможуваат спроведувањето на супервизијата над друштвото за управување или нејзиното спроведување е значително отежнато и
4) во случај на странско лице-имател на квалификувано учество: ако во однос на прописите кои се во сила во земјата на тоа лице или праксата при примена на тие прописи, не може да се спроведе супервизијата над друштвото за управување или нејзиното спроведување е значително отежнато.
Забрана за стекнување на квалификувано учество во друштво за управување без претходна согласност од КомисијатаЧлен 16
(1) Се забранува стекнување на квалификувано учество во друштво за управување спротивно на членот 13 ставови (1) и (3) од овој закон.
(2) Во случај на стекнување на квалификувано учество во друштво за управување спротивно на членот 13 ставови (1), (3) и (4) од овој закон, како и во случај на одземање на согласноста за стекнување на квалификувано учество од членот 15 став (6) на овој закон, Комисијата донесува решение со кое утврдува дека на акционерот кој ги стекнал тие акции, истите не му носат право на глас и право на дивиденда.
(3) Со решението од ставот (2) на овој член Комисијата ќе му наложи на акционерот кој стекнал акции спротивно на членот 13 ставови (1), (3) и (4) од овој закон, како и на акционерот на кој му е одземена согласноста за стекнување на квалификувано учество од членот 15 став (6) на овој закон, да ги продаде акциите кои ги стекнал или ги поседува спротивно од овој закон во определен рок кој не може да биде подолг од 180 дена, освен во случаите од членот 13 став (4) на овој закон, кога Комисијата може да определи и подолг рок .
(4) Со решението од ставот (2) на овој член, Комисијата го задолжува друштвото за управување кое ги издало акциите да не му дозволи на акционерот да ги остварува правото на глас и дивиденда од акциите од ставот (2) на овој член.
(5) Решението од ставот (2) на овој член се доставува до овластениот депозитар кај кој се водат акциите на друштвото за управување заради запишување на ограничувањата на акциите кои произлегуваат од решението на Комисијата од ставот (2) на овој член на сметката на акционерот.
(6) Во случај ако друштвото за управување постапи спротивно на задолжението од ставот (4) на овој член, Комисијата ќе му изрече мерки на друштвото за управување пропишани со членот 131 или 23 од овој закон.
(7) Во случаите од ставот (2) на овој член, при одржување на собрание на акционери на друштвото за управување, вкупниот број на акции со право на глас кои произлегуваат од издадените акции на друштвото за управување се намалува за бројот на акции на кои се однесува решението од ставот (2) на овој член. Преостанатиот број на акции со право на глас претставуваат вкупен број на акции со право на глас во друштвото за управување.
(8) Против решението на Комисијата донесено врз основа на ставот (2) од овој член може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(9) Жалбата од ставот (8) на овој член не го одлага извршувањето на решението на Комисијата.
Статут на друштвото за управување со инвестициски фондовиЧлен 17
(1) Статутот на друштвото за управување го донесува акционерското собрание на друштвото за управување.
(2) Статутот на друштвото за управување, освен одредбите за статутот од Законот за трговските друштва содржи и одредби за:
– начин на вложување на главнината,
– основање и управување со инвестициски фондови, во свое име и за сметка на отворениот инвестициски фонд или во име и за сметка на затворениот инвестициски фонд
и
– други работи од значење за работењето на друштвото за управување.
(3) Друштвото за управување е должно до Комисијата да поднесе барање за добивање согласност на статутот и неговите измени и дополнувања.
(4) Комисијата донесува решение за одобрување или одбивање на барањето за давање согласност на статутот на друштвото за управување во рок од 60 дена од приемот на доставеното барање, а на неговите измени и дополнувања во рок од 30 дена од приемот на доставеното барање.
(5) Кога барањето за давање согласност на статутот се поднесува истовремено со барањето за издавање дозвола за работење на друштвото за управување, Комисијата одлучува и донесува решение по истите истовремено, во рок од 90 дена од приемот на барањето.
(6) Комисијата е должна да даде писмено образложение во случај на одбивање на барањето за давање согласност на статутот или на измените и дополнувањата на статутот на друштвото за управување.
(7) Против решението за одбивање на барањето за давање согласност на статутот на друштвото за управување што го донесува Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(8) Жалбата од ставот (7) на овој член не го одлага извршувањето на решението на Комисијата.
(9) Комисијата ги пропишува формата и содржината на барањето од ставот (3) на овој член.
Услови за именување на членови на управниот одбор, односно извршни членови на одборот на директориЧлен 18
(1) Членовите на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директори на друштвото за управување мораат да имаат високо образование со тоа што најмалку двајца членови на управниот одбор, односно извршни членови на одборот на директори да имаат најмалку три години работно искуство стекнато при извршување на работи од областа на финансиите или деловното право, како и управување со средства, како и да имаат добра репутација.
(2) Двајца членови на управниот одбор, односно двајца извршни членови на одборот на директори на друштвото за управување мораат да се во постојан работен однос во друштвото и истите го застапуваат и го претставуваат друштвото во односите со трети лица.
(3) Членовите на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директори на друштвото за управување не можат да го пренесат правото на застапување на друштвото за управување на трети лица.
(4) Друштвото за управување е должно до Комисијата да поднесе барање за добивање согласност за именување на членови на управниот одбор, односно извршни членови на одборот на директори на друштвото за управување.
(5) Член на управен одбор, односно извршен член на одборот на директори на друштвото за управување не може да биде лице:
а) кое е осудено со казна затвор за кривични дела од областа на банкарството, финансиите, работните односи, имотот, мито и корупција;
б) на кое му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност во областа на правото, банкарството, сметководството, осигурувањето, управувањето со средства и инвестирање, управување со пензиски фондови или други финансиски услуги, додека трае забраната;
в) кое не ги почитувало одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон и/или не ги спроведувало или не ги спроведува и/или постапувало или постапува спротивно на мерките изречени од Комисијата, со што била или е загрозена сигурноста на вложувачите во инвестицискиот фонд;
г) кое е член на орган на управување или е вработено во друго друштво за управување;
д) кое е член на орган на управување или е вработено во организационата единица на банката која ги врши активностите на депозитарна банка;
ѓ) кое е функционер кој раководи со државен орган или орган на државна управа;
е) кое е поврзано лице со лицата од точките г) и д) на овој став и
ж) кое не поседува добра репутација со што може да биде загрозено сигурното и стабилното работење на друштвото за управување.
(6) Овластеното службено лице од Комисијата кое ја води постапката за издавање на согласност за именување на членови на управниот одбор, односно извршни членови на одборот на директори на друштвото за управување е должно документите со кои се докажува исполнувањето на условите од ставот (5) точки а) и б) на овој член, по службена должност да ги побара од надлежните јавни органи во рок од три дена од денот на приемот на барањето.
(7) Овластеното службено лица од надлежните јавни органи од кои се побарани документите со кои се докажува исполнувањето на условите од ставот (5) точки а) и б) на овој член се должни документите да ги достават до Комисијата во рок од три дена од денот на приемот на барањето од ставот (6) на овој член.
(8) Комисијата поблиску ја пропишува потребната документација која се приложува како доказ за исполнување на условите од ставовите (1), (2) и (5) на овој член.
(9) Комисијата ги пропишува формата и содржината на барањето и потребната документација за исполнетоста на условите од ставот (4) на овој член.
Согласност за именување на членови на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директори на друштвото за управување со инвестициски фондовиЧлен 19
(1) Комисијата донесува решение за давање согласност за именување на членовите на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директори на друштвото за управување во рок од 30 дена од приемот на барање за нивното именување врз основа на доставените докази за исполнување на условите од членот 18 на овој закон.
(2) Кога барањето за давање согласност за именување на членови на управниот одбор, односно извршни членови на одборот на директори на друштвото за управување се поднесува истовремено со барањето за издавање дозвола за работење на друштвото за управување, Комисијата истовремено одлучува и донесува решение по истите во рок од 90 дена од приемот на барањето.
(3) Во постапката на одлучување за давање согласност, Комисијата спроведува интервју со предложените членови на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директори од членот 18 став (2) на овој закон.
(4) Комисијата ги пропишува начинот и постапката за давање согласност за изборот на членови на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директори.
Повлекување на согласност за именување на членови на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директориЧлен 20
(1) Комисијата ја повлекува согласноста за именување на членовите на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директори на друштвото за управување кога ќе утврди дека:
– одлуката за давање согласност е донесена врз основа на невистинити и неточни податоци,
– во меѓувреме престанале да ги исполнуваат условите од членот 18 на овој закон и
– извршиле повреда на правилата на Кодексот за етичко однесување, совесното работење и правилата за управување со ризикот или на друг начин ги загрозиле интересите на сопствениците на удели, односно на акционерите на инвестициските фондови, како и на клиентите со чие портфолио управува друштвото за управување.
(2) Од денот на доставување на решението за повлекување на согласноста за именување на членови на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директори на друштвото за управување од страна на Комисијата, истите не можат да вршат каква било функција во друштвото за управување.
3. ОБВРСКИ НА ДРУШТВОТО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
Начин на остварување на обврските на друштвото за управување со инвестициски фондовиЧлен 21
(1) Друштвото за управување е должно:
– при извршување на активностите од членот 6 на овој закон да се придржува на начелото на совесност и чесност,
– да биде способно навремено да ги исполнува достасаните обврски,
– навремено и целосно да ги исполнува сите права и обврски предвидени со овој закон, проспектот и статутот на инвестицискиот фонд,
– податоците за акционерите на затворениот инвестициски фонд, односно за сопствениците на уделите на отворениот инвестициски фонд, како и податоците за уплатите и исплатите да ги чува како деловна тајна и истите да ги соопштува само врз основа на судски налог, на барање на Комисијата, на барање на одделен сопственик на удели или акции, како и на барање на депозитарната банка,
– да изготви правилник со кој ќе се уреди судирот на интереси со инвестициските фондови со кои управува како и со акционерите на затворениот инвестициски фонд, односно сопствениците на удели во отворениот инвестициски фонд, судирот на интереси во врска со управувањето со средствата за сметка на индивидуален клиент, како и во врска со вршење активност на инвестициско советување,
– евиденцијата на финансиските инструменти и готовината на секој индивидуален клиент да ја води одвоено од сопствените сметки, како и одвоено од евиденцијата на имотот на инвестициските фондови со кои управува,
– доколку ги доверило дел од своите обврски и активности на трети лица, да следи дали тие во своето работење се придржуваат кон одредбите на овој закон, кон проспектот и статутот на инвестицискиот фонд,
– да донесе Кодекс за етичко однесување во работењето,
– да обезбеди систем и механизми на надзор кои јасно покажуваат дека друштвото за управување на долгорочна основа постапува во согласност со овој закон, проспектот и статутот на фондот,
– да обезбеди сите огласни и рекламни содржини, објави и соопштенија кон акционерите, односно сопствениците на удели, да бидат јасни, точни и да не наведуваат на погрешни заклучоци,
– да овозможи продажбата на акциите и уделите на инвестицискиот фонд да се врши согласно со овој закон,
– да врши во секое време откуп на удели за сметка на отворениот инвестициски фонд, на барање на сопствениците на удели во фондот,
– да купува имот исклучиво во свое име и за сметка на отворениот инвестициски фонд, односно во име и за сметка на затворениот инвестициски фонд со кои управува,
– да и доставува на депозитарната банка копија од сите оригинални документи поврзани со трансакциите со имотот на инвестициските фондови и тоа непосредно после изготвувањето на тие документи или при нивниот прием,
– евиденцијата за трансакциите со имотот на секој поединечен инвестициски фонд да ја води одвоено од своите сопствени сметки, како и од евиденцијата на трансакциите од другите фондови, како и во договорените временски интервали да ги потврдува со депозитарната банка,
– да ги води деловните книги и другата документација,
– да објавува податоци за инвестициските фондови со кои управува, како и податоци за своето работење согласно со постапката предвидена со подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член,
– да и поднесува на Комисијата редовни извештаи согласно со постапките предвидени во подзаконските акти на Комисијата,
– да ја известува Комисијата за секоја промена во согласност со одредбите од овој закон, промена на условите врз основа на кои е добиена дозволата за работење на друштвото за управување, промените на членовите на управниот, односно извршните членови на одборот на директори на друштвото за управување, како и за секоја промена на статутот, капиталот, структурата или учеството во основната главнина во однос на состојбата која ја одобрила Комисијата,
– да воспостави, и води евиденција за своето работење,
– да и овозможи на Комисијата увид во целокупната своја евиденција и да и обезбеди на Комисијата усни информации,
– да не склучува договор со кој се намалува или менува одговорноста на друштвото за управување утврдена со овој закон,
– да обезбеди дека неговите вработени и секое лице со кое друштвото за управување склучило договор за продажба на акции или удели во инвестициските фондови во негово име, постапуваат во согласност со овој закон,
– да определи едно лице од редот на вработените да биде одговорно за извршување на функцијата за контрола на усогласеноста на работењето на друштвото за управување со одредбите од овој закон,
– да управува со инвестицискиот фонд согласно со инвестициските цели на секој поединечен фонд со кој управува,
– да го чува имотот на инвестициските фондови со кои управува, во депозитарната банка,
– да назначи внатрешен ревизор кој ќе ја извршува функцијата на внатрешна ревизија одделно и независно од останатите функции и активности на друштвото за управување,
– да назначи лице/а кое ќе биде носител на функцијата за управување со ризици,
– да воспостави, имплементира и одржува ефективни процедури за брзо и ефикасно решавање на жалби и поплаки од страна на инвеститорите во фондовите,
– да воспостави адекватни и ефективни стратегии за одредување кога и како гласачките права кои произлегуваат од финансиските инструменти во сопственост на инвестициските фондови ќе бидат искористени и тоа со единствена цел истите да бидат во корист на инвестицискиот фонд кој ги поседува овие финанасиски инструменти,
– да постапува во најдобар интерес на инвестицските фондови со кои управува кога извршува налози за тргување поврзани со управувањето со портфолијата на инвестициските фондови,
– да и издава на депозитарната банка налози за остварување на правата поврзани со имотот на инвестицискиот фонд и
– да осигура дека процената на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд, како и цената на уделите е точно утврдена.
(2) Комисијата поблиску го пропишува начинот на работење на друштвото за управување.
Управување со ризициЧлен 22
(1) Друштвото за управување е должно да воспостави сеопфатен и ефикасен систем за управување со ризици за друштвото за управување и за инвестициските фондови со кои управува, соодветен на природата, видот и обемот на работењето на друштвото за управување, кој мора да содржи:
1) стратегија и политика за управување со ризици;
2) постапки и мерки за управување со ризици и техники за мерење на ризиците и
3) проценка, следење и преиспитување на управувањето со ризици.
(2) Друштвото за управување е должно да пропише, применува, документира и редовно да ажурира соодветна ефикасна и сеопфатна стратегија и политика за управување со ризици со цел утврдување на ризиците поврзани со работењето на друштвото за управување и инвестициските фондови со кои тоа управува, работните процеси во состав на друштвото за управување и инвестициските фондови со кои тоа управува, односно како тие ризици влијаат на целокупниот профил на ризик на друштвото за управување и поединечните инвестициски фондови со кои тоа управува и утврдување на прифатлив степен на ризик.
(3) Стратегијата за управување со ризици од ставот (2) на овој член треба да го одразува односот на друштвото за управување спрема ризиците на кои друштвото за управување и инвестициските фондови се или би можеле да бидат изложени во текот на своето работење и истата мора да содржи општи начела и цели кои ќе бидат земени како основа во процесот на управување со ризици. Стратегијата претставува рамка и структуиран пристап за утврдување и управување со ризиците на друштвото за управување.
(4) Политиката за управување со ризици од ставот (1) на овој член мора да ја овозможи реализацијата на стратегијата за управување со ризици и да го опишува начинот на кој друштвото за управување има намера да го имплементира управувањето со ризици на сеопфатен начин со кој ќе се дефинираат поделбата на одговорностите, улогите, мерките и техниките за мерење на ризици, како и процесите за управување со ризици кои ќе овозможат редовно и навремено утврдување на ризиците на коишто друштвото за управување и инвестициските фондови се или би можеле да бидат изложени.
(5) Друштвото за управување е должно да ја проценува, следи и преиспитува соодветноста, сеопфатноста и ефикасноста на донесените стратегии, политики, постапки за управување со ризици и техниката за мерење на ризици, како и соодветноста и ефикасноста на предвидените мерки чија цел е отстранување на можните недостатоци во донесените стратегии, политики, постапки за управување со ризици, вклучувајки ги и пропустите на одговорните лица.
(6) Управниот одбор, односно Одборот на директори на друштвото за управување ги донесува стратегијата и политиката на управување со ризикот, а сите вработени во друштвото за управување треба да бидат вклучени во управувањето со ризикот во зависност од нивната работна позиција во друштвото за управување.
(7) Друштвото за управување е должно во процесот на управување со ризици да ја одреди склоноста кон ризик и профилот на ризик на друштвото за управување и на инвестициските фондови со кои тоа управува.
(8) Друштвото за управување е должно да го ревидира системот за управување со ризици најмалку еднаш годишно и истиот да го прилагоди кога тоа е потребно.
(9) Друштвото за управување ја известува Комисијата за секој инвестициски фонд со кој управува и за секој индивидуален клиент со чии средства управува, за видовите на финансиските деривативни инструменти во портфолиото на инвестицискиот фонд и портфолијата на индивидуалните клиенти, поврзаните ризици, квантитативните лимити и имплементираната методологија за пресметување на ризиците поврзани со позициите и трансакциите со тие финансиски деривативни инструменти во согласност со правилата пропишани од Комисијата.
(10) Изложеноста на инвестицискиот фонд кон поединечни финансиски инструменти на кои се темели финансискиот деривативен инструмент не смее да биде во спротивност со ограничувањата на вложувањата утврдени со овој закон, проспектот и со статутот на инвестицискиот фонд.
(11) Кога хартијата од вредност или инструментот од пазарот на пари во себе содржи вграден финансиски деривативен инструмент, истиот мора да биде земен предвид во согласност со пресметката на изложеноста на инвестицискиот фонд кон поединечниот финансиски интрумент од ставовите (9) и (10) на овој член.
(12) Комисијата поблиску ја пропишува методологијата за мерење на ризиците од вложувањата во финансиски деривативни инструменти како и начинот на мерење и управување со ризиците кои произлегуваат од работата на инвестициските фондови.
(13) Комисијата оценува на кој начин друштвото за управување го применува воспоставениот систем за управување со ризици.
4. ОДЗЕМАЊЕ НА ДОЗВОЛАТА ЗА РАБОТА НА ДРУШТВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
Одземање на дозволата за работа на друштвото за управување со инвестициски фондовиЧлен 23
(1) Комисијата може да донесе решение за одземање на дозволата за работење на друштвото за управување доколку тоа друштво за управување:
– не започне со работа во рок од една година од добивањето на дозволата за работење на друштвото,
– шест или повеќе месеци не извршува активности на основање и управување со инвестициски фондови согласно со овој закон,
– ја добило дозволата за работење врз основа на неточни податоци, фалсификувани документи или какви било други податоци кои доведуваат до заблуда,
– повеќе не ги исполнува условите врз основа на кои Комисијата му ја издала дозволата за работа,
– сериозно ги прекршува одредбите од овој закон,
– е во стечајна постапка или во постапка за ликвидација,
– не ги отстрани неправилностите и незаконитостите во своето работење утврдени од страна на Комисијата, во рокот наведен во членот 131 став (1) од овој закон.
(2) За одземањето на дозволата за работење на друштвото, Комисијата ја известува депозитарната банка на друштвото за управување.
(3) Против решението од ставот (1) на овој член, друштвото за управување, може да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 календарски дена од денот на приемот на истото.
(4) Жалбата од ставот (3) на овој член не го одлага извршувањето на решението.
Член 24Избришан
5. ОГРАНИЧУВАЊА И ОДГОВОРНОСТ НА ДРУШТВОТО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
Забранети дејствија и судир на интересиЧлен 25
(1) Друштво за управување не смее:
– да посредува во купување и продавање на хартии од вредност,
– да отуѓува или да стекнува хартии од вредност или друг имот на инвестицискиот фонд за своја сметка или за сметка на поврзани лица,
– од средствата на инвестицискиот фонд да купува имот кој не е предвиден ниту со статутот, ниту со проспектот,
– да извршува трансакции спротивно на ограничувањата во вложувањата на инвестициските фондови со кои што управува, утврдени со овој закон,
– да го отуѓува имотот на затворениот инвестициски фонд и имотот кој го создава отворениот инвестициски фонд без надомест,
– да стекнува и отуѓува имот во име на инвестициските фондови со кои управува по цена понеповолна од пазарната цена или проценетата вредност на предметниот имот,
– во свое име и за сметка на отворениот инвестициски фонд, да позајмува средства освен ако тоа не го прави со цел за користење на тие средства за откуп на удели во отворениот инвестициски фонд, и тоа под услов паричните средства расположливи во портфолиото на фондот да не се доволни за таа намена, при што, во случај на таква позајмица, вкупниот износ на обврските кои подлежат на отплата од имотот кој го создава отворениот инвестициски фонд спрема сите договори за заем или кредит не смеат да преминат 10% од нето вредноста на имотот на отворениот инвестициски фонд во моментот на земање на тие позајмици, а во рок не подолг од три месеца,
– да одобрува заеми од имотот на инвестицискиот фонд и да се јавува како гарант во име на трети лица,
– да го користи имотот на инвестицискиот фонд како гаранција при извршување на обврските на друштвото за управување или обврски на трети лица, ниту пак да се користи за извршување на работи под повластени услови од страна на неговите вработени или лица поврзани со нив,
– да договара продажба, купување или пренос на имот меѓу два инвестициски фонда со кои управува истото друштво за управување под услови различни од пазарните услови или под услови со кои едниот инвестициски фонд се става во поповолна положба од другиот,
– да презема обврски во врска со средствата кои во моментот на преземање на тие обврски не се во сопственост на инвестицискиот фонд,
– за своја сметка да стекнува или отуѓува удели во отворен инвестициски фонд со кој што управува,
– да издава хартии од вредност на отворените инвестициски фондови,
– да го вложува имотот на инвестицискиот фонд во хартии од вредност или други финансиски инструменти кои тоа ги издава,
– за сметка на сопствениците на удели на отворениот инвестициски фонд, или во име и за сметка на акционерите во затворениот инвестициски фонд да продава хартии од вредност, ако хартиите од вредност во моментот на склучување на трансакцијата не влегуваат во имотот на фондот и
– во текот на своето работење да настапува спротивно на интересите на сопствениците
на удели или акции.
Одговорност на друштво за управување со инвестициски фондЧлен 26
(1) Друштвото за управување е одговорно за вршење на дејноста на управување со инвестициски фонд во согласност со одредбите на овој закон, статутот и проспектот на фондот. Друштвото одговара за штетата причинета на сопствениците на удели во отворениот инвестициски фонд, односно на акционерите во затворениот инвестициски фонд, за делување спротивно на одредбите на овој закон, статутот и проспектот на фондот.
(2) Друштвото за управување со целокупниот свој имот одговара за правните работи склучени во свое име и за сметка на сопствениците на удели во отворениот инвестициски фонд и за правните работи склучени во име и за сметка на акционерите во затворениот инвестициски фонд.
Доставување финансиски извештаи до КомисијатаЧлен 27
(1) Друштвото за управување е должно до Комисијата да доставува:
а) ревидирани годишни финансиски извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со кои тоа управува, најдоцна до 30 април тековната година за претходната година;
б) полугодишни финансиски извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со кои тоа управува, најдоцна до 31 август тековната година за првите шест месеца во таа година и
в) квартални извештаи за секој инвестициски фонд посебно, најдоцна до петнаесеттиот ден во месецот за претходниот квартал, кој содржи податоци за:
– хартиите од вредност кои го сочинуваат имотот на инвестицискиот фонд со кои се тргувало, според видот на хартијата од вредност и издавачот,
– состојбата на паричните депозити кои го сочинуваат имотот на инвестицискиот фонд, според финансиските институции каде што депозитите се наоѓаат,
– датуми на трансакции на средствата кои го сочинуваат имотот на инвестицискиот фонд и цените по кои трансакциите се извршени,
– брокерските провизии, надоместоците на депозитарната банка и другите трошоци во врска со трансакциите и
– вредноста на имотот на инвестицискиот фонд, бројот на уделите и нивната поединечна вредност со состојба на последниот работен ден во кварталот за кој се доставува извештајот, односно бројот на запишаните акции.
(2) Комисијата ги пропишува случаите во кои друштвата за управување имаат обврска за доставување на извештаи и за пократки рокови од утврдените во ставот (1) на овој член.
Организациона, техничка и кадровска оспособеностЧлен 28
(1) Друштвото за управување треба да има соодветна организациона, техничка и кадровска оспособеност за извршување на своите активности.
(2) Во однос на организационата поставеност, друштвото за управување треба да се организира на начин што ќе обезбеди стручно, транспарентно, ефикасно, континуирано и законско извршување на активностите на друштвото.
(3) Во однос на техничката оспособеност друштвото за управување треба да има соодветни простории и опрема за извршување на своите активности.
(4) Во однос на кадровската оспособеност друштвото за управување треба да има вработено најмалку еден портфолио менаџер кој може да управува со најмногу два инвестициски фонда, да има вработено лице одговорно за контрола на усогласеноста наработењето на друштвото за управување со прописите, како и назначен еден овластен внатрешен ревизор.
(5) Комисијата поблиску ја пропишува организационата, техничката и кадровската оспособеност на друштвото.
Изготвување на финансиски извештаиЧлен 29
(1) Финансиските извештаи на друштвото за управување се изготвуваат во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување.
(2) Финансиските извештаи од ставот (1) на овој член подлежат на ревизија од овластено друштво за ревизија или овластен ревизор трговец поединец.
(3) Исто друштво за ревизија може да изврши најмногу пет последователни ревизии на годишните финансиски извештаи на едно друштво за управување и на ивестициските фондови со кои тоа управува.
Чување на податоциЧлен 30
Друштвото за управување е должно да ги чува на електронски медиум документите и податоците кои се однесуваат на сопствениците на удели, односно акционерите на инвестициските фондови со кои тоа управува.
6. ПРЕНОС НА УПРАВУВАЊЕТО СО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД НА ДРУГО ДРУШТВО ЗА УПРАВУВАЊЕ
Доброволен пренос на управување на друго друштво за управувањеЧлен 30-а
(1) Друштво за управување има право да изврши доброволен пренос на управување со инвестициски фондови (во натамошниот текст: друштво преносител) на друго друштво за управување (во натамошниот текст: друштво преземач).
(2) Доброволен пренос на управување со инвестициски фондови се врши со донесување на одлука на друштвото преносител за пренос на управувањето со инвестициските фондови на друштвото преземач.
(3) Пред да се изврши доброволниот пренос на управувањето со инвестициски фонд, друштвото преземач мора да добие одобрение од Комисијата.
(4) Друштвото преземач и друштвото преносител пред да го спроведат преносот, склучуваат договор за доброволен пренос на управување кој особено содржи:
1) опис на сите постапки и активности кои двете друштва за управување ќе ги преземат во врска со доброволниот пренос на управувањето и
2) планираниот датум на кој ќе се спроведе доброволниот пренос на управување на друштвото преземач, при што преносот на управувањето не смее да се спроведе пред истекот на 30 календарски дена од денот на издавањето на одобрението од ставот (3) на овој член.
(5) Во постапката на доброволен пренос на управувањето со инвестицискиот фонд, на друштвото преземач се пренесува целокупниот имот на инвестицискиот фонд.
(6) Сопствениците на удели во инвестицискиот фонд имаат право на откуп на уделите во рок од 30 календарски дена од денот на доброволниот пренос на управувањето за што не се наплатува излезен надоместок.
Барање за издавање одобрение за доброволен пренос на управувањето со инвестициски фонд и одлучување по барањетоЧлен 30-б
(1) Пред извршувањето на доброволниот пренос на управувањето со инвестицискиот фонд, друштвото преземач е должно да поднесе барање до Комисијата за издавање на одобрение за пренос на управувањето со инвестициски фонд во рок од три работни дена по склучувањето на договорот од членот 30-а став (4) од овој закон.
(2) Во прилог на барањето од ставот (1) на овој член, друштвото преземач до Комисијата ги доставува:
1) договорот за доброволен пренос на управувањето од членот 30-а став (4) од овој закон;
2) кога тоа е применливо, барање за издавање на одобрение за промена на депозитараната банка, односно измените на депозитарниот договор и
3) по потреба на барање на Комисијата и друга документација.
(3) Комисијата ќе го одбие барањето за издавање одобрение за доброволен пренос на управувањето со инвестициски фонд доколку:
1) друштвото преземач не ги исполнува условите за управување со инвестицискиот фонд кој е предмет на пренос или
2) Комисијата оцени дека преносот на управувањето би можело да им наштети на интересите на сопствениците на удели во инвестицискиот фонд кој е предмет на пренос или на интересите на јавноста.
(4) Комисијата со решение одлучува по барањето од ставот (1) на овој член во рок од 30 календарски дена од денот на поднесување на барањето.
(5) Комисијата го доставува решението од ставот (4) на овој член до друштвото преземач и до друштвото преносител.
(6) Против решението од ставот (4) на овој член, може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 календарски дена од денот на приемот на истото.
(7) Жалбата од ставот (6) на овој член не го одлага извршувањето на решението.
Објавување на информации и известување на сопствениците на удели за доброволниот пренос на управувањето со инвестицискиот фондЧлен 30-в
(1) Друштвото преносител и друштвото преземач се должни во рок од три работни дена од добивањето на решението на Комисијата со кое се дава одобрение за доброволен пренос на управување со инвестицискиот фонд, секој на својата веб-страница да објави известување кое содржи:
1) основни податоци за друштвата кои учествуваат во преносот на управувањето со инвестицискиот фонд;
2) информација за сите постапки и активности кои ќе се преземат во врска со преносот на управувањето, со назначување на датумот кога управувањето ќе се пренесе на друштвото преземач во согласност со членот 30-а став (4) точка 2 од овој закон и
3) податоци за правата на сопствениците на удели во инвестицискиот фонд кој се пренесува во согласност со членот 30-а став (6) од овој закон и датумот до кога можат да поднесат барање за откуп на удели без да им се наплати излезен надоместок.
(2) Друштвото преносител е должно во рок од пет работни дена од добивањето на решението од Комисијата, со кое се издава одобрение за преземање на активностите на управување со инвестицискиот фонд, за тоа да ги извести сопствениците на удели во инвестицискиот фонд кој се пренесува. Известувањето ги содржи податоците од ставот (1) на овој член и се доставува во писмена форма преку пошта или на траен медиум.
(3) Друштвото преносител е должно без одлагање да ја извести Комисијата за исполнувањето на обврските од ставот (2) на овој член и да и го достави известувањето за сопствениците на удели во инвестицискиот фонд.
Правни последици од доброволниот пренос на управувањето со инвестицискиот фондЧлен 30-г
(1) На денот на преносот на управувањето со инвестицискиот фонд настануваат следниве правни последици:
1) сите права и обврски на друштвото преносител во врска со управувањето на инвестицискиот фонд преминуваат на друштвото преземач и
2) друштвото преносител престанува да врши активности на управување со инвестициските фондови кои се предмет на пренос.
(2) Друштвото преносител е должно, без одлагање, по спроведениот пренос на управувањето со инвестицискиот фонд, да ја извести Комисијата за сите преземени постапки и активности поврзани со преносот.
2. Присилен пренос на управувањето со инвестициски фондови на друго друштво за управување
Случаи во кои се спроведува присилен пренос на управувањето со инвестициски фондови на друго друштво за управувањеЧлен 30-д
(1) Друштво за управување може да изврши присилен пренос на управување со инвестициски фондови на друго друштво за управување.
(2) Присилен пренос на управување со инвестициски фонд на друштвото преземач се спроведува доколку:
1) Комисијата ја одземе дозволата за работа на друштвото за управување со инвестициски фонд;
2) врз друштвото за управување е отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација или
3) друштвото за управување повеќе не е во можност да извршува активности на управување со инвестициски фондови.
Права и обврски на депозитарната банка при присилен пренос на управувањето со отворени инвестициски фондовиЧлен 30-ѓ
(1) Од моментот кога настапиле причините за присилен пренос на управување со инвестициски фондови од членот 30-д од овој закон до преносот на управувањето на друштвото преземач, депозитарната банка е должна да ги врши работите на управување со инвестициските фондови кои не можат да бидат одложени.
(2) За работи на управување од ставот (1) на овој член кои не можат да бидат одложени се сметаат:
1) активности, поради кои, доколку депозитарната банка не ги изврши, би можело да настане штета за инвестицискиот фонд;
2) административни работи кои се однесуваат на прибирање и обработка на барања за купување и откуп на удели кои пристигнале пред да настанат причините за присилен пренос од членот 30-д од овој закон, објавување и известување на сопствениците на удели;
3) намирување на достасаните обврски на друштвото за управување;
4) утврдување на вредноста на имотот на отворените инвестициски фондови и
5) водење на деловната евиденција.
(3) Од моментот кога настанале причините за присилен пренос на управување со инвестициски фондови до преносот на управувањето на друштвото преземач, депозитарната банка го прекинува издавањето и откупот на удели во инвестицискиот фонд.
(4) Депозитарната банка е должна на својата веб-страница веднаш да објави информација за настанување на причините за присилен пренос на управувањето со инвестициски фондови, како и за прекинот на продажба и откуп на удели, односно информација за сите постапки кои ќе бидат преземени во врска со изборот на друштво преземач и преносот на управувањето на тоа друштво.
(5) По настапување на причините за присилен пренос на управувањето се до настапување на правните последици од преносот на управување на друштвото преземач, депозитарната банка има право на надоместок за управување во согласност со проспектот на инвестицискиот фонд, а кој во целост му припаѓал на друштвото за управување. Депозитарната банка има право да ги надомести реално направените трошоци за спроведување на постапката за избор на друштво преземач.
Избор на друштво преземач и присилен пренос на управувањето на инвестициските фондовиЧлен 30-e
(1) Депозитарната банка е должна во рок од 60 календарски дена од денот кога настапиле причините за присилен пренос на управување на инвестицискиот фонд од членот 30-д од овој закон, да спроведе постапка на прибирање на понуди од друштва за управување, кои имаат добиено дозвола за работење од Комисијата согласно со членот 9 од овој закон и се заинтересирани да го преземат управувањето со инвестициските фондови од друштвото преносител и да изврши избор на ново друштво за управување.
(2) Доколку на повикот од ставот (1) на овој член во депозитарната банка се јават повеќе друштва за управување кои ги исполнуваат условите за преземање на управувањето со инвестициските фондови од ставот (1) на овој член, депозитарната банка е должна во процесот на избор на друштво за управување да води сметка исклучиво за интересите на сопствениците на удели во инвестицискиот фонд чие управување се пренесува.
(3) По завршување на постапката од ставот (1) на овој член, депозитарната банка и друштвото преземач, без одлагање склучуваат договор за присилен пренос на управувањето, кој мора да содржи детален опис на сите постапки и активности кои ќе треба да се преземат во врска со преносот на управувањето.
Барање за издавање на одобрение за присилен пренос на управувањето со инвестициски фонд и одлучување по барањетоЧлен 30-ж
(1) Друштвото преземач е должно најдоцна во рок од три работни дена од склучувањето на договорот од членот 30-е став (3) од овој закон до Комисијата да поднесе барање за издавање на одобрение за присилен пренос на управувањето за секој инвестициски фонд со кој управува друштвото за управување од членот 30-д од овој закон.
(2) На постапката за издавање на одобрение за присилен пренос на управувањето со инвестициски фонд соодветно се применуваат одредбите од членовите 30-б и 30-в од овој закон.
(3) Преносот на управување мора да се спроведе најдоцна во рок од десет работни дена од денот на добивање на одобрението за присилен пренос на управување со инвестициски фонд.
(4) Сопствениците на удели во инвестицискиот фонд чие управување е пренесено на друштвото преземач, во рок од 30 работни дена од денот на преносот на управувањето имаат право на откуп на уделите без да им биде наплатен излезен надоместок.
Објава на информации и известувања на сопствениците на удел во врска со присилниот пренос на управување со инвестициски фондЧлен 30-з
(1) Депозитарната банка и друштвото преземач се должни следниот работен ден по добивање на одобрението од членот 30-в став (2) од овој закон да објават информација за процесот на присилен пренос на управувањето која содржи:
1) податоци за друштвото преносител со кратко образложение за причините за присилен пренос на управувањето со инвестициски фондови согласно со членот 30-д од овој закон;
2) податоци за избраното друштво преземач и критериумите врз основа на кои депозитарната банка го избрала;
3) информација за сите постапки и активности кои ќе бидат преземени во врска со преносот на управувањето и датумот кога ќе биде пренесено управувањето на друштвото преземач согласно со членот 30-ж од овој закон и
4) податоци за правата на сопствениците на удели во инвестицискиот фонд чие управување се пренесува согласно со членот 30-ж став (4) од овој закон со назначување на временскиот период во кој сопствениците на удели ќе можат да поднесат барање за откуп на удели без притоа да им биде наплатен излезен надоместок.
(2) Депозитарната банка е должна во рок од пет работни дена од денот кога друштвото преземач ќе го добие решението со кое се дава одобрение за присилен пренос на управувањето од членот 30-в став (2) од овој закон, за тоа да ги извести сопствениците на удели во инвестицискиот фонд кој се пренесува. Известувањето ги содржи податоците од ставот (1) на овој член и се доставува во писмена форма преку пошта или на траен медиум.
(3) Депозитарната банка е должна без одлагање да ја извести Комисијата за исполнување на обврските од ставот (2) на овој член и да и го достави известувањето за сопствениците на удели во инвестицискиот фонд.
(4) На присилниот пренос на работите на управување со инвестициски фонд соодветно се применуваат одредбите од членот 30-а ставови (4) и (5) и членот 30-г став (1) од овој закон.
(5) Комисијата поблиску ги пропишува начинот и постапката на присилниот пренос на управувањето со инвестициски фонд, како и правата и обврските на депозитарната банка при присилен пренос на управувањето со инвестициски фонд.
Ликвидација на инвестициски фонд во случаи кога не е можен присилен пренос на управувањетоЧлен 30-ѕ
(1) Депозитарната банка е должна да спроведе ликвидација на инвестицискиот фонд, доколку:
1) во постапката на прибирање на понуди од членот 30-е став (1) од овој закон не се јави ниту едно друштво за управување кое ги исполнува условите за управување со инвестициски фонд утврдени во членот 9 од овој закон;
2) друштвото преземач во рок од три календарски дена од склучување на договорот со депозитарната банка не поднесе барање за добивање одобрение за пренос на работите на управување со инвестициските фондови до Комисијата или
3) Комисијата го отфрли или одбие барањето за добивање одобрение за пренос на работите на управување со инвестициските фондови поднесено од страна на друштвото преземач.
(2) Во случаите од ставот (1) на овој член соодветно се применуваат одредбите од членот 119-о од овој закон.
III. ДРУШТВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИВАТНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
Основање на друштвото за управување со приватни инвестициски фондовиЧлен 31
(1) Друштво за управување со приватни инвестициски фондови (во натамошниот текст: друштво за управување со приватни фондови), се основа како друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво согласно со Законот за трговските друштва, чиј единствен предмет на работење е основање и управување со приватни фондови во свое име и за сметка на сопствениците на документи за удели во фондот.
(2) Друштвото за управување со приватни фондови се основа со почетен капитал од 50.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата ако друштвото управува со еден приватен фонд. Доколку друштвото за управување со приватни фондови се основа за управување со повеќе приватни фондови, почетен капитал се зголемува за по 25.000 евра во денарска противвредност за секој нареден фонд.
(3) Едно друштво за управување со приватни фондови може да управува со повеќе приватни фондови.
(4) Друштвото за управување со приватни фондови е должно до Комисијата да достави резиме од проспектот на приватниот фонд.
(5) Друштвото за управување со приватни фондови може да биде сопственик на документи за удел во кој било приватен фонд со кој тоа друштво управува.
(6) На друштвото за управување со приватни фондови не се применуваат одредбите од Дел II. Друштво за управување со инвестициски фондови и Дел IV. Депозитарна банка од овој закон.
Статут на друштвото за управување со приватни инвестициски фондовиЧлен 32
Статутот на друштвото за управување со приватни фондови, освен одредбите за статутот од Законот за трговските друштва содржи и одредби за:
– начин на вложување на сопствениот имот,
– основање и управување со приватни фондови, во свое име и за сметка на приватниот фонд и
– други работи од значење за работењето на друштвото за управување со приватни фондови.
Работење на друштвото за управување со приватни инвестициски фондовиЧлен 33
(1) Друштвото за управување со приватни фондови е должно работењето со имотот на приватниот фонд да го води со внимание на добар стопанственик и исклучиво во интерес на сопствениците на уделите во приватниот фонд, врз основа на статутот на приватниот фонд и одредбите на овој закон.
(2) Основачите на друштвото за управување со приватни фондови, членовите на управниот одбор и надзорниот одбор на друштвото и вработените во друштвото или лицата кои за друштвото вршат постојани или повремени работи врз основа на посебен договор, се должни да ја чуваат тајноста за работите на друштвото, во согласност со закон и статутот на друштвото за управување со приватни фондови.
(3) Податоците за сопствениците на документи за удели, уплатите и исплатите се деловна тајна и можат да се соопштуваат само врз основа на судски налог и на барање на Комисијата.
Водење и прикажување на имотот на друштвото за управување со приватни инвестициски фондовиЧлен 34
(1) Имотот на друштвото за управување со приватни фондови задолжително се чува и се прикажува одвоено од имотот на фондот со кој управува.
(2) Долговите на друштвото за управување со приватни фондови што произлегуваат од финансиските трансакции сврзани со сопствениот имот на друштвото, не можат да се намируваат од средствата на приватниот фонд.
Настапување на друштвото за управување со приватни инвестициски фондови во правниот прометЧлен 35
(1) Друштвото за управување со приватни фондови во правниот промет настапува во свое име и за сметка на сопствениците на документите за удел во приватниот фонд.
(2) Побарувањата по основ на трошоци за вршење на работи за сметка на сопствениците на документите за удел во приватниот фонд, друштвото ги намирува од имотот на приватниот фонд во согласност со одредбите на статутот на приватниот фонд.
(3) Износот на трошоците од ставот (2) на овој член задолжително се објавува во проспектот на секој одделен приватен фонд.
Изготвување на финансиски извештаи на друштво за управување со приватни инвестициски фондовиЧлен 35-а
(1) Друштвото за управување со приватни фондови изготвува годишен финансиски извештај за своето работење во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување.
(2) Финансиските извештаи од ставот (1) на овој член подлежат на ревизија од овластено друштво за ревизија или овластен ревизор – трговец поединец.
(3) Друштвото за управување со приватни фондови е должно да го достави до вложувачите на приватниот фонд ревидираниот годишен финансиски извештај за друштвото за управување во рок од три месеци од усвојувањето на завршната сметка на приватниот фонд.
(4) Исто друштво за ревизија може да изврши најмногу пет последователни ревизии на годишните финансиски извештаи на едно друштво за управување со приватни фондови и на инвестициските фондови со кои тоа управува.
Одговорност на друштвото за управување со приватни инвестициски фондовиЧлен 36
(1) Друштвото за управување со приватни фондови е одговорно за вршењето на дејноста на управување со приватен фонд во согласност со одредбите на овој закон и статутот на фондот. Друштвото за управување со приватни фондови одговара за штетата причинета на сопствениците на документи за удел во приватниот фонд, за дејствување спротивно на одредбите на овој закон и на статутот на приватниот фонд.
(2) Друштвото за управување со приватни фондови со целокупниот свој имот одговара за правните работи склучени во свое име и за сметка на сопствениците на документи за удел во приватниот фонд.
(3) Трети лица не можат од имотот на приватниот фонд да намируваат свои побарувања кон друштвото за управување со приватни фондови.
Трошоци на управувањето со приватниот инвестициски фондЧлен 37
На товар на имотот на приватниот фонд можат да се засметуваат следниве трошоци:
1) надоместок за управување;
2) трошоци за објавувања на проспект;
3) трошоци за регистрација на приватниот фонд;
4) трошоци на откуп и исплата на документи за удел;
5) трошоци за водење сметководствена евиденција на приватниот фонд;
6) трошоци за изготвување на ревизорски извештаи на приватниот фонд и
7) други трошоци утврдени со статутот и проспектот на приватниот фонд.
IV. ДЕПОЗИТАРНА БАНКА
Предмет на работење на депозитарната банкаЧлен 38
(1) Депозитарната банка на инвестицискиот фонд (во натамошниот текст: депозитарна банка), ги чува средствата на инвестицискиот фонд и контролира дали инвестицискиот фонд располага со средствата на фондот во согласност со овој закон и со статутот на фондот.
(2) Само банка со седиште на територијата на Република Северна Македонија која согласно со Законот за банките има добиено согласност од Народната банка на Република Северна Македонија за вршење на активноста банка чувар на имот, може да биде избрана за депозитарна банка.
(3) Доколку инвестицискиот фонд има средства надвор од територијата на Република Северна Македонија, депозитарната банка избира и субдепозитарна банка за чување на тие редства, која е банка или специјализирана депозитарна институција која има дозвола за работа издадена од надлежен орган во земја надвор од Република Северна Македонија, и е овластена за таква дејност согласно со законите на државата каде што ќе врши чување на средствата на инвестицискиот фонд. Депозитарната банка склучува договор со субдепозитарна банка за чување на средствата на инвестицискиот фонд.
(4) Комисијата поблиску го пропишува начинот и постапката за избор на субдепозитарна банка, односно специјализирана депозитарна институција.
Избор и промена на депозитарна банкаЧлен 39
(1) Депозитарната банка ја избира друштвото за управување.
(2) За изборот на депозитарната банка и секоја промена на депозитарната банка потребно е одобрение од Комисијата.
(3) Друштвото за управување поднесува барање до Комисијата за добивање одобрение за изборот на депозитарната банка.
(4) Кон барањето од ставот (3) на овој член се приложува:
– договор склучен меѓу друштвото за управување и депозитарната банка за вршење на активности на депозитарна банка (во натамошниот текст: депозитарен договор),
– согласност за отпочнување со вршење на активноста банка чувар на имот издадена од Народната банка на Република Северна Македонија, согласно со Законот за банките и
– согласност за именување на членовите на управниот одбор на депозитарната банка издадена од Народната банка на Република Северна Македонија, согласно со Законот за банките.
(5) Комисијата донесува решение за одобрување или одбивање на барањето од ставот (3) а овој член за издавање одобрение за избор на депозитарната банка во рок од 60 дена од приемот на барањето.
(6) Комисијата е должна да даде писмено образложение во случај на одбивање на барањето за издавање на одобрение за избор на депозитарната банка.
(7) Против решението за одбивање на барањето за издавање одобрение за избор на депозитарна банка што го донесува Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(8) Жалбата од ставот (7) на овој член не го одлага извршувањето на решението на Комисијата.
(9) Комисијата поблиску ја пропишува содржината на депозитарниот договор, како и формата и содржината на барањето за добивање одобрение за промена на депозитарна банка.
Постапување во интерес на вложувачитеЧлен 40
Депозитарната банка и друштвото за управување дејствуваат самостојно и независно и единствено во интерес на вложувачите во инвестициските фондови.
Права и обврски на депозитарната банкаЧлен 41
Депозитарната банка ги врши следниве работи:
– чување на имотот на инвестициските фондови,
– кај отворениот инвестициски фонд, врши проверка дали издавањето и откупот на удели за сметка на фондот се врши согласно со овој закон и правилата на фондот,
– врши проверка дали пресметката на нето вредноста на акциите или уделите во инвестицискиот фонд, е во согласност со овој закон, поблиските прописи донесени врз основа на овој закон и во согласност со проспектот и статутот на фондот,
– ги извршува налозите од друштвото за управување во врска со трансакциите со хартиите од вредност и другиот имот кој го сочинува портфолиото на инвестицискиот фонд, под услов да не се во спротивност со овој закон, со прописите донесени од Комисијата, со проспектот и статутот на фондот,
– осигурува дека трансакциите со хартиите од вредност ќе бидат намирени, односно достасаните парични побарувања ќе бидат наплатени во законските или договорените рокови,
– го известува друштвото за управување за активностите кои се однесуваат на имотот на инвестицискиот фонд и ги извршува неговите налози,
– ги наплатува сите приходи и други права кои достасуваат во корист на инвестицискиот фонд, а кои произлегуваат од неговиот имот,
– осигурува дека приходите на инвестицискиот фонд се користат во согласност со овој закон и проспектот и статутот на фондот, и трошоците кои ги плаќа фондот се во согласност со одредбите од овој закон и со условите од проспектот и статутот на фондот,
– извршува други работи кои се предвидени со депозитарниот договор меѓу друштвото за управување и депозитарната банка,
– води евиденција на работењето кое го врши како депозитарна банка, за секој инвестициски фонд поединечно и редовно ја усогласува со евиденцијата на друштвото за управување,
– кај Комисијата го пријавува секое кршење на одредбите од овој закон и
– на ревизорите и на другите лица овластени да вршат увид вклучувајќи ја и Комисијата им овозможува пристап до податоците и сметките поврзани со инвестициските фондови и нивниот имот.
Одговорност на депозитарната банкаЧлен 42
Депозитарната банка одговара пред друштвото за управување, пред сопствениците на удели во отворениот инвестициски фонд и пред акционерите во затворениот инвестициски фонд, за настаната штета од неизвршување или неправилно вршење на работите предвидени во депозитарниот договор или со овој закон.
Чување на податоците за инвестициските фондови како деловна тајнаЧлен 43
Податоците за сопствениците на удели, односно акционерите, како и уплатите и исплатите кои и се достапни согласно со одредбите од овој закон, депозитарната банка е должна да ги чува како деловна тајна.
Начин на работење на депозитарна банкаЧлен 44
(1) Работите на депозитарна банка што банката ги врши за друштвото за управување треба да бидат одвоени од другите работи на банката.
(2) Депозитарната банка која врши работи за инвестицискиот фонд, имотот на секој фонд го води на посебна сметка, вклучувајќи ги и хартиите од вредност, банкарските сметки и друг имот.
(3) Депозитарната банка не смее да го користи имотот на инвестицискиот фонд за вршење на трансакции за сопствена сметка или за остварување на какви било користи за себе или за своите вработени, освен во корист на сопствениците на удели или акционерите во инвестициските фондови.
(4) Имотот на инвестициските фондовите кај депозитарната банка не влегува во имотот на депозитарната банка, ниту во ликвидационата или стечајната маса, и не може да се употреби за извршување на побарувањата на банката.
Прекин на извршување на работите на депозитарна банкаЧлен 45
(1) Доколку една од страните потписнички на депозитарниот договор од членот 39 став (4) алинеја 1 на овој закон има намера да го раскине договорот е должна во рок од 90 календарски дена пред раскинувањето на договорот да ја извести другата договорна страна за намерата за раскинување на договорот и најдоцна 15 календарски дена по искажаната намера, друштвото за управување е должно да поднесе барање до Комисијата за добивање одобрение за промена на депозитарна банка.
(2) Договорот кој се раскинува се смета за раскинат по добивање на одобрение од членот 39 од овој закон..
(3) За раскинувањето на депозитарниот договор и причините за неговото раскинување депозитарната банка ја известува Комисијата во рок од 15 календарски дена од искажаната намера од ставот (1) на овој член.
Пренос на имотот на инвестицискиот фонд на друга депозитарна банкаЧлен 46
По добивање на одобрението од членот 39 од овој закон, депозитарната банка е должна во рок од осум работни дена, целиот имот на инвестицискиот фонд да го пренесе на депозитарната банка со која друштвото за управување склучува нов депозитарен договор. Депозитарната банка треба да ги предаде и трговските книги, евиденцијата и сите други документи и материјали, во писмена или електронска форма зависно од начинот на водење на наведените податоци, важни за работењето на фондот за кого до тогаш вршела работи на депозитарна банка.
V. ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Основање и регистрирање на инвестициски фондовиЧлен 47
(1) Инвестициски фонд се основа со здружување на парични средства наменети за инвестирање од домашни и/или странски физички и/или правни лица, преку јавен повик, јавна или приватна понуда, со кои за сметка на инвеститорите управува друштво за управување, односно друштво за управување со приватни фондови, при што се применува принципот на диверзификација на ризикот.
(2) Инвестициски фонд може да се основа како отворен инвестициски фонд, затворен инвестициски фонд и приватен инвестициски фонд.
(3) Отворениот и затворениот инвестициски фонд ги основа и со нив управува друштво за управување, а приватниот инвестициски фонд го основа и со него управува друштво за управување со приватни фондови.
Регистрирање на инвестициски фондовиЧлен 48
(1) Фондовите се запишуваат во Регистарот на инвестициски фондови на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Регистарот на фондови).
(2) Регистарот на фондови го води Комисијата.
(3) Комисијата поблиску ја пропишува формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на фондови.
(4) Запишувањето на инвестицискиот фонд во Регистарот на фондови има правно дејство спрема трети лица наредниот ден од денот на запишување во Регистарот на фондови.
Начин на пријавување на уписот на инвестицискиот фонд во РегистаротЧлен 49
(1) Пријава за запишување во Регистарот на фондови до Комисијата поднесува руштвото за управување заедно со барањето за издавање на одобрение за работа на инвестицискиот фонд.
(2) Комисијата ги запишува отворените и затворените инвестициски фондови во Регистарот на фондови истовремено со издавањето на одобрение за организирање, односно основање на фондот.
Идентификациски број на инвестицискиот фондЧлен 50
(1) Со издавањето на одобрението за работа и запишувањето на инвестицискиот фонд во Регистарот на фондови, Комисијата за секој фонд определува идентификациски број.
(2) Идентификацискиот број на секој инвестициски фонд се определува при запишувањето на фондот во Регистарот на фондови и мора да биде единствен, непроменлив и неповторлив.
(3) Комисијата го пропишува начинот на определување на идентификацискиот број на инвестицискиот фонд.
Сметка на инвестицискиот фондЧлен 50-а
(1) Средствата на инвестициските фондови се водат на посебна сметка во депозитарната банка, која друштвото за управување ја отвора во свое име, а за сметка на секој поединечен инвестициски фонд.
(2) Сметката на отворениот и приватниот инвестициски фонд се водат под идентификацискиот број од членот 50 став (1) од овој закон.
(3) Сметка на отворен и на приватен инвестициски фонд може да биде блокирана само заради извршување на решение за присилна наплата за трошоци предвидени со закон и со проспектот на отворениот и приватниот инвестициски фонд. Носителот на платниот промет известувањето за блокадата до другите носители на платен промет согласно со Законот за платниот промет го врши со доставување на идентификацискиот број на инвестицискиот фонд – должник.
Права од удели и акции во инвестициските фондовиЧлен 51
Правата од удели и акции во инвестициските фондови се:
– право на глас во собранието на затворен инвестициски фонд,
– право на информираност,
– право на дивиденда или дел од добивката,
– право на продажба на удели од фондот, односно обврска за откуп на удели и
– право на исплата на дел од ликвидационата маса.
Статут на инвестицискиот фондЧлен 52
(1) Статутот на отворениот или затворениот инвестициски фонд ги уредува правните односи на друштвото за управување со сопствениците на удели кај отворениот инвестициски фонд, односно со акционерите кај затворен инвестициски фонд.
(2) Статутот на отворениот, односно затворениот инвестициски фонд, мора да ги содржи најмалку следниве податоци:
– назив на инвестицискиот фонд и видот на фондот,
– датум на основање на инвестицискиот фонд, како и времето на траење на фондот во случај да е основан на одредено време,
– местото каде може да се добијат полугодишни и годишни извештаи, статутот и проспектот на инвестицискиот фонд, како и дополнителни информации за фондот,
– минималниот износ на парични средства кои треба да се приберат, како и работите што ќе се преземат доколку не се обезбеди тој износ,
– правата од удели или акции,
– во случај на затворен инвестициски фонд, информации за берзата односно берзите на кои ќе котираат акциите на фондот,
– опис на инвестиционите цели на инвестицискиот фонд, начинот на остварување на целите и ризикот од вложување и од структурата на фондот,
– најнискиот износ на вложување во инвестицискиот фонд, начинот на упис, како и начинот на откуп на удели кај отворениот инвестициски фонд,
– име на државата, единицата на локалната самоуправа или меѓународната организација во чии хартии од вредност ќе се вложува повеќе од 35% од имотот на инвестицискиот фонд,
– напомена дека инвестициска цел е реплицирање на индексот, доколку инвестицискиот фонд настојува да реплицира некој индекс на акции или индекс на должнички хартии од вредност,
– начинот и времето на пресметка на нето вредноста на имотот на инвестицискиот фонд,
– во случај на отворен инвестициски фонд: времето, начинот и зачестеноста на пресметка на продажната цена при издавање на новите удели или откуп на постојните, како и начинот на објавување на тие цени, околностите под кои може да дојде до прекин на издавањето или откуп на удели, опис на износот за плаќање на дозволените надоместоци и трошоци за издавање и откуп на удели,
– во случај на затворен инвестициски фонд: износот, видот и границата на трошоци за основање кои можат да паднат на товар на инвестицискиот фонд,
– годишниот надомест и трошоците за управување и работа кои паѓаат на товар на инвестицискиот фонд и опис на нивното влијание врз идните приходи на вложувачите,
– податоци за начинот на пресметка и исплата на дел од добивката на сопствениците на удели или дивидендата на акционерите,
– времетраење на фискалната година,
– датум на донесување на статутот,
– други одредби пропишани со Законот за трговските друштва кои се однесуваат на затворените инвестициски фондови и
– податоци за друштвото за управување.
(3) Друштвото за управување поднесува барање до Комисијата за давање согласност на статутот на инвестицискиот фонд и неговите измени и дополнувања.
(4) Комисијата донесува решение за одобрување или одбивање на барањето за давање согласност на статутот на инвестицискиот фонд во рок од 60 дена од приемот на доставеното барање, а на неговите измени и дополнувања во рок од 30 дена од приемот на доставеното барање.
(5) Комисијата ги пропишува формата и содржината на барањето од ставот (3) на овој член.
Проспект на инвестициски фондЧлен 53
(1) Проспектот на инвестицискиот фонд претставува повик за купување на удели во отворениот инвестициски фонд, односно акции во затворениот инвестициски фонд.
(2) Освен елементите од Законот за хартии од вредност, проспектот мора да содржи и детални информации во врска со целите на инвестицискиот фонд, инвестициската политика и профилот на ризик, како и други информации кои се однесуваат на инвестицискиот фонд кои можат да влијаат врз одлуката на инвеститорот да стекне удели, односно акции во инвестицискиот фонд, и тоа:
– назив, седиште и вид на инвестицискиот фонд,
– датум на организирање, односно на основање на инвестицискиот фонд,
– времето на постоење на инвестицискиот фонд, во случај да е организиран фондот за одредено време,
– местото каде може да се добијат полугодишни и годишни извештаи, статутот и проспектот на инвестицискиот фонд, како и дополнителни информации за фондот,
– начинот на објавување на проспектот,
– минималниот износ на парични средства кои треба да се приберат за основање на инвестицискиот фонд, како и активностите што ќе се преземат доколку не се обезбеди тој износ,
– име и седиште на друштвото за ревизија или овластениот ревизор трговец поединец,
– правата од удели или акции,
– претпоставки под кои е дозволено да се покрене ликвидација на инвестицискиот фонд,
– инвестициски цели и планирана структура на портфолиото на инвестицискиот фонд,
– вид на имот во кој вложува инвестицискиот фонд,
– дозволени вложувања во временски и опциски договори или други финансиски деривативни инструменти, како и влијанието на таквите трансакции на степенот на ризичност на инвестицискиот фонд,
– инвестициска политика на инвестицискиот фонд, вклучувајќи ја можноста за користење на договори за финансиски деривативни инструменти и слични инструменти и техники за обезбедување од ризик,
– име на државата, единицата на локалната самоуправа или меѓународната организација во чии хартии од вредност ќе се вложува повеќе од 35% од имотот на инвестицискиот фонд,
– минималниот износ на поединечни вложувања во инвестицискиот фонд, начинот на запишување на уделите или акциите, како и начинот и условите за откуп на удели кај отворениот фонд,
– начинот и времето на пресметка на нето вредноста на имотот на инвестицискиот фонд,
– во случај на отворен инвестициски фонд:времето, начинот и зачестеноста на пресметка на цените за продажба на новите удели или откуп на постојните, како и начинот на објавување на тие цени, околностите по кои може да дојде до прекин на издавање или откуп, опис на износот за плаќање на дозволените надоместоци и трошоци за издавање и откуп на удели,
– во случај на затворен инвестициски фонд: износот, видот и границата на трошоци за основање кои може да паднат на товар на фондот,
– годишниот надомест и трошоците за управување и работа кои се на товар на инвестицискиот фонд и опис на нивното влијание на идните приходи на вложувачите,
– податоци за начинот на пресметка и начинот на исплата на уделите во добивката или дивидендата на инвестицискиот фонд на акционерите или сопствениците на удели,
– основни податоци за даночните прописи кои се применуваат на инвестицискиот фонд ако се од значење за акционерите или сопствениците на удели,
– времетраење на фискалната година,
– датум на издавање на проспектот,
– податоци за друштвото за управување и
– седиште и адреса на депозитарната банка.
(3) Комисијата поблиску ја пропишува формата и содржината на проспектот на отворениот и затворениот инвестициски фонд.
Одобрување и објава на проспектотЧлен 54
(1) Друштвото за управување поднесува барање до Комисијата за одобрување на проспектот на инвестицискиот фонд.
(2) Комисијата во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето го одобрува проспектот на инвестицискиот фонд, пред започнување на јавната понуда на удели, односно акции.
(3) Комисијата е должна да даде писмено образложение во случај на одбивање на барањето за издавање на проспект на инвестицискиот фонд.
(4) Против решението за одбивање на барањето за издавање на проспект на инвестицискиот фонд што го донесува Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(5) Жалбата од ставот (4) на овој член не го одлага извршувањето на решението на Комисијата.
(6) Уделите, односно акциите на инвестицискиот фонд не може да се нудат за продажба пред да се одобри проспектот од ставот (1) на овој член од страна на Комисијата.
(7) Друштвото за управување е должно во рок од седум календарски дена од денот на добивање на одобрението за организирање на инвестициски фонд од Комисијата да го објави проспектот на веб-страницата на друштвото за управување.
(8) Друштвото за управување е должно, на барање на инвеститорот, бесплатно да му го достави проспектот во хартиена форма или на друг траен медиум.
Значајни промени на содржината на проспектотЧлен 54-а
(1) Друштвото за управување е должно еднаш годишно да ја ажурира содржината на проспектот на инвестициските фондови со кои управува и истата да ја достави до Комисијата и да ја објави на својата веб-страница најдоцна до 31 мај секоја година.
(2) Доколку друштвото за управување има намера да направи значајни промени во содржината на проспектот, пред да ги направи промените е должно да поднесе барање и да добие одобрение од Комисијата за изменување и/или дополнување на проспектот.
(3) Под значајни промени од ставот (2) на овој член се сметаат:
1) промени на влезните надоместоци, годишниот надоместок за управување или излезните надоместоци кои може да предизвикаат поголеми трошоци за инвеститорите;
2) промена на целите и на инвестициската политика на инвестицискиот фонд;
3) промена на профилот на ризик;
4) промена на начинот на исплата на добивката или дивидендата на сопствениците на удели, односно акционерите и
5) промена на времето на постоење на инвестицискиот фонд, во случај фондот да е основан на определено време.
(4) По барањето од ставот (2) на овој член, Комисијата одлучува со решение за одобрување или одбивање на барањето во рок од 30 календарски дена од денот на поднесување на барањето.
(5) Комисијата нема да даде одобрение доколку, промените на проспектот на инвестицискиот фонд би можеле да ги загрозат интересите на инвеститорите во инвестицискиот фонд.
(6) Друштвото за управување е должно првиот работен ден по добивање на одобрението од ставот (4) на овој член да ги објави на својата веб-страница настанатите значајни промени во проспектот.
(7) Друштвото е должно во рок од седум календарски дена од добивање на одобрението од ставот (4) на овој член да ги извести сите сопственици на удели, односно акционери за настанатите значајни промени во проспектот во писмена форма преку пошта или преку електорнска пошта.
(8) Во рок од 40 календарски дена од објавата од ставот (6) на овој член, сопствениците на удели во фондот имаат право да побараат откуп на нивните удели без наплата на излезен надоместок.
(9) Против решението од ставот (4) на овој член, друштвото за управување може да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(10) Жалбата од ставот (9) на овој член не го одлага извршувањето на решението.
Документ со клучни информации за инвеститоритеЧлен 54-б
(1) Друштвото за управување е должно за секој отворен инвестициски фонд со кој управува да изготви краток документ кој содржи клучни информации за инвеститорите (во натамошниот текст: клучни информации).
(2) Содржината на клучните информации не смее да ги доведе во заблуда инвеститорите при донесување на нивната одлука за вложување.
(3) Клучните информации треба да им овозможат на инвеститорите јасно да ја разберат природата и ризиците од инвестирањето.
(4) Содржината на клучните информации мора да биде во согласност со содржината на проспектот и статутот на инвестицискиот фонд.
(5) Друштвото за управување одговара за штетата која настанала во случај кога клучните информации довеле до заблуда, не се точни или не се во согласност со проспектот на инвестицискиот фонд.
(6) Друштвото за управување е должно клучните информации да ги објави на својата веб-страница и редовно да ги ажурира.
(7) Друштвото за управување и секое лице кое во име и за сметка на друштвото за управување ги нуди на продажба уделите на инвестициските фондови се должни, на барање на инвеститорот, бесплатно да му ги достави клучните информации во хартиена форма или на траен медиум.
(8) Друштвото за управување е должно до Комисијата да и го достави документот со клучни информации за секој инвестициски фонд со кој управува и сите негови промени, најдоцна пет календарски дена пред нивното објавување во јавноста.
Содржина на клучните информации за инвеститоритеЧлен 54-в
(1) Клучните информации содржат:
1) назив и седиште на инвестицискиот фонд и друштвото за управување со инвестицискиот фонд;
2) краток опис на инвестициската политика и целите на инвестицискиот фонд;
3) преглед на историските приноси на инвестицискиот фонд и/или доколку е можно, симулација на идните приноси;
4) опис на ризикот од вложувањето во инвестицискиот фонд, вклучувајќи и соодветни насоки и предупредувања во врска со ризиците од вложувањата и
5) трошоци и други надоместоци кои се наплатуваат на товар на инвестицискиот фонд и трошоци на товар на вложувачите во инвестицискиот фонд.
(2) Клучните информации мора да бидат разбирливи за инвеститорите без какво било упатување на други документи.
(3) Клучните информации мора да содржат јасен, недвосмислен и за инвеститорите разбирлив опис на основните карактеристики на инвестицискиот фонд.
(4) Клучните информации јасно наведуваат каде и како можат да се добијат дополнителни информации кои се однесуваат на предложеното вложување, вклучувајќи и податоци за тоа каде и на кој начин може, на барање и бесплатно да се добијат проспектот и полугодишните и годишните извештаи.
(5) Комисијата подетално ја пропишува содржината на клучните информации за инвеститорите од ставот (1) на овој член.
Реклама на инвестициски фондовиЧлен 55
(1) Друштвото за управување може да објавува реклами за инвестициските фондови со кои тоа управува во средствата за јавно информирање и на друг начин.
(2) Под реклама на инвестициски фонд и на друштво за управување се подразбира каква било нивна промоција преку пишани и електронски медиуми и социјални мрежи и вклучува:
1) брошури, огласи во печатени медиуми, радио, телевизија, веб-страници и социјални медуми;
2) промотивен материјал пратен преку електронска пошта;
3) писмена комуникација;
4) презентации пред група на луѓе;
5) инвестициски и/или друг тип на публикации преку кои се нудат непристрастни препораки за продажба или откуп на удели и
6) кој било друг метод или средство за промоција која субјектите во Република Северна Македонија можат да ја видат, прочитаат или примат.
(3) Друштвото за управување е должно до Комисијата да ја достави содржината на рекламата пред истата да биде објавена.
(4) Друштвото за управување е одговорно за потполноста и точноста на информациите што ќе се објават за рекламна промоција на инвестицискиот фонд.
(5) Содржината на рекламата на инвестицискиот фонд не смее да отстапува од содржината на статутот и проспектот на фондот.
(6) Друштвото за управување мора пет години од денот на објавувањето да чува примерок од секоја објавена реклама, односно направена снимка и кога е тоа применливо, материјали од кои прозлегува содржината на рекламата.
Основни принципи за објавување на реклами за инвестициски фондовиЧлен 56
При објавување на реклами за инвестицискиот фонд и за друштвото што управува со него треба да се почитуваат следниве принципи:
– не смее да се прикрива или погрешно прикажува нивната пропагандна цел,
– мора да се прикаже, целосен, точен и вистинит опис на инвестицискиот фонд кој се промовира, како и поврзаните ризици,
– мора да се објават целосни, јасни и недвосмислени податоци за да не се доведуваат во заблуда инвеститорите,
– не смеат да се објавуваат лажни показатели, посебно во однос на стручноста на одговорните лица, и опфатот на работење на инвестицискиот фонд и друштвото за управување, како и сопственоста или бројот на удели или акции во фондот и
– мора да се обезбеди сигурност дека содржината и формата на рекламите не ја искривува, прикрива, ниту го намалува значењето на која било изјава, предупредување или други факти кои мора да се објават согласно со овој закон.
VI. ОТВОРЕНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Поим за отворен инвестициски фондЧлен 57
(1) Отворен инвестициски фонд (во натамошниот текст: отворен фонд) претставува посебен имот, без својство на правно лице, чии сопственици на удели имаат право на сразмерен дел од добивката на фондот и во секое време имаат право да побараат исплата на уделот, со што ќе истапат од фондот.
(2) Купувањето на удели се врши исклучиво со уплата на парични средства, со што купувачот на удели заснова договорен однос со друштвото за управување кое се обврзува дека со уплатените парични средства ќе управува како со дел од заедничкиот имот во согласност со условите назначени во проспектот.
(3) Називот на отворениот фонд треба да ги содржи зборовите “отворен фонд”, односно кратенката “о.ф.”.
Почеток на работење на отворен инвестициски фондЧлен 58
(1) Отворениот фонд започнува вршење на работи на прибирање на парични средства по пат на јавен повик за запишување на удели во отворениот фонд по добивањето на одобрението за организирање на отворен фонд од Комисијата. Друштвото за управување го објавува јавниот повик на начин пропишан со проспекот на отворениот инвестициски фонд и истиот не може да трае подолго од 60 календарски дена.
Член 59ИзбришанОрганизирање на отворен инвестициски фондЧлен 60
(1) За организирање на отворен фонд, друштвото за управување донесува статут, изготвува проспект на фондот и склучува договор со депозитарната банка согласно со овој закон.
(2) Друштвото за управување, до Комисијата поднесува барање за добивање одобрение за организирање на отворен фонд, кое содржи:
– назив и седиште на друштвото за управување,
– број и датум на издаденото решение од Комисијата за одобрување на барањето за работење на друштвото за управување,
– име на отворениот фонд,
– статут и проспект на отворениот фонд,
– договор на друштвото за управување со депозитарната банка,
– име и седиште на друштвото за ревизија или овластениот ревизор – трговец поединец и
– доказ за платен надомест на Комисијата за добивање одобрение за организирање на отворениот фонд.
(3) Документот од ставот (2) алинеја 2 на овој член се обезбедува од евиденцијата на Комисијата.
(4) Кон барањето од ставот (2) на овој член се поднесува потребна документација.
(5) Друштвото за управување може да започне со прибирање на парични средства по пат на јавна понуда на удели по добивање на одобрението за организирање на отворениот фонд.
(6) Комисијата во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето донесува решение за давање одобрение за организирање на отворен фонд.
(7) Комисијата поблиску ги пропишува формата и содржината на барањето за добивање одобрение за организирање на отворен фонд и потребната документација која се поднесува кон истото.
Договор за вложување во отворен инвестициски фондЧлен 60-а
(1) Друштвото за управување и вложувачите во отворените фондови се должни да склучат договор за вложување во отворен инвестициски фонд и истиот се смета за склучен преку преземање на дејствија со кои друштвото за управување и вложувачот во отворениот фонд на јасен и недвосмислен начин ја изразуваат својата волја.
(2) При првото стекнување на удели во отворениот фонд, договорот за вложување од ставот (1) на овој член се смета за склучен со поднесување на барање за издавање на удели, уплата на паричните средства во износ дефиниран во барањето од страна на вложувачот и прифаќање на поднесеното барање и уплатените парични средства од страна на друштвото.
(3) При сите натамошни стекнувања на удели во отворениот фонд договорот за вложување се смета за склучен во моментот кога инвеститорот ќе биде запишан во Регистарот на удели од членот 48 став (1) од овој закон.
(4) Договорот за вложување од ставот (1) на овој член го обврзува друштвото за управување да:
1) му издаде удели на инвеститорот соодветно на паричните средства уплатени од негова страна;
2) врши упис на издадените удели во Регистарот на удели;
3) располага со уделите во правни постапки согласно закон;
4) врши откуп на уделите по барање на инвеститорот и
5) ги презема сите правни работи потребни за управување со инвестицискиот фонд согласно со одредбите од овој закон, статутот и проспектот на отворениот фонд.
(5) Друштвото за управување може да ги вложува уплатените средства по запишување на инвеститорот во Регистарот на удели.
(6) Друштвото за управување може да го одбие склучувањето на договорот за вложување доколку:
1) оцени дека целта на уплатата или на барањето за издавање удели е да се нанесе штета на останатите инвеститори во отворениот фонд, односно отворениот фонд би можел да биде изложен на ризик од неликвидност и несолвентност или би било оневозможено остварувањето на инвестициската цел и стратегија на отворениот фонд;
2) односите помеѓу друштвото за управување и инвеститорот се тешко нарушени поради постоење на судска или друга постапка и
3) постои основано сомнение дека е извршено или има обид да биде извршено перење пари или финансирање на тероризам согласно со прописите од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам.
(7) Доколку друштвото за управување го одбие склучувањето на договорот за вложување е должен за тоа да го извести инвеститорот, а одбивањето на склучувањето на договорот е можно се до моментот на упис на инвеститорот во Регистарот на удели.
(8) Доколку е извршена уплата на парични средства од страна на инвеститорот, а друштвото за управување го одбие склучувањето на договорот за вложување, друштвото е должно на инвеститорот да му ја врати целата сума на уплатени средства на сметката од која е извршена уплатата во рок пет дена од денот на одбивањето на договорот.
Трошоци кои се на товар на инвеститорите во отворениот инвестициски фондЧлен 61
(1) Надоместоците кои се наплатуваат од инвеститорот во отворениот фонд се:
– влезен надоместок кој се одбива од износот за уплата во моментот на продажба на уделите,
– излезен надоместок кој се одбива од нето вредноста на имотот на отворениот фонд по удел во моментот на откуп,
– трошоци за печатење на обрасци за запишување на удели и
– други опреративни трошоци утврдени со статутот и проспектот на фондот.
(2) Влезниот и излезниот надоместок од ставот (1) алинеи 1 и 2 на овој член може да изнесува најмногу 5% од вредноста на уплатата, односно исплатата на уделот во/од отворениот фонд.
(3) Трошоците од ставот (1) алинеи 3 и 4 на овој член можат да изнесуваат најмногу во висината на стварните трошоци.
(4) Не е дозволено да се наплатува надомест поврзан со приходите на отворениот фонд.
(5) Надоместоците од ставот (1) на овој член се искажуваат одвоено од цената на уделот, и тие се приходи на друштвото за управување, утврдени согласно со статутот и проспектот на друштвото за управување.
(6) Излезниот надоместок не се наплатува во случај на ликвидација на отворениот фонд без оглед на причините за ликвидација.
(7) Во случај на најава за воведување или зголемување на висината на излезниот надоместок, истиот не се наплатува до добивање на одобрение од страна на Комисијата за измени на проспектот во кој се утврдува воведување или зголемување на износот на излезниот надоместок.
(8) Влезен и излезен надоместок не се наплаќа и во случај на припојување или спојување на отворениот фонд со друг фонд, односно при поделба на отворениот фонд.
(9) Одлуката на друштвото за управување за ненаплаќање на влезниот и/или излезниот надоместок, како и причините за ненаплаќање треба да бидат јасно наведени во проспектот на отворениот фонд.
Трошоци кои се на товар на отворениот инвестициски фондЧлен 62
(1) Надоместокот кој се наплатува од отворениот фонд е надоместокот за управување на друштвото за управување, а се пресметува врз основа на дневна нето вредност на отворениот фонд по следната формула:
Остварен годишен надомест за управување x 1/365
(2) Средствата остварени од надоместокот од ставот (1) на овој член се приход на друштвото за управување.
(3) Други трошоци кои се на товар на отворениот фонд се:
1) трошоци платени на депозитарната банка;
2) трошоци во врска со купопродажба на имотот на отворениот фонд;
3) трошоци за водење на регистар на удели, вклучувајќи и трошоци за издавање потврда за трансакција или состојба на удел, како и трошоци за исплата на уделот во добивката;
4) трошоци за годишна ревизија;
5) трошоци за изработка, печатење и поштарина на полугодишни и годишни извештаи за сопствениците на удели;
6) трошок за исплата на данокот на имот и добивка на отворениот фонд;
7) трошоци за објава на проспектот и други пропишани објави;
8) трошоци за месечен надомест на Комисијата и
9) Други трошоци утврдени со закон.
(4) Надоместокот за управување на друштвото од ставот (1) на овој член може да изнесува годишно најмногу до 3% од вкупната вредност на имотот на отворениот фонд.
(5) Друштвото за управување за вршење на работите на управување со имотот на отворениот фонд не смее да наплатува никаков друг надоместок освен надоместокот од ставот (1) на овој член.
(6) На отворениот фонд не смее да му се наплатуваат никакви трошоци поврзани со рекламирање и продажба на удели на фондот. Овие трошоци се на товар на друштвото за управување остварени од приходите на друштвото за управување.
Пресметка на показателот на вкупните трошоци на отворениот инвестициски фондЧлен 63
Вкупниот износ на сите трошоци кои паѓаат на товар на отворениот фонд, се искажува во процент како показател на вкупните трошоци, а за секоја претходна година се пресметува по следнава формула:
Вкупен надомест за управување+вкупен износ на трошоците од членот 62 став (3) точки 3, 4, 5, 7 и 9 на овој закон
__________________________________________________________
X 100
Просечна годишна нето вредност на имотот на фондот
Максимална висина на показателот на вкупните трошоци на отворениот инвестициски фондЧлен 64
(1) Показателот на вкупните трошоци на отворениот фонд не смее да биде поголем од 3,5% од просечната годишна нето вредност на имотот на фондот. По завршување на годишниот пресметковен период, Комисијата секоја година објавува споредбени показатели на вкупните трошоци на сите отворени фондови.
(2) Сите трошоци кои настанале во текот на годината, а го надминуваат дозволениот показател во висина од 3,5% паѓаат на товар на друштвото за управување.
2. ИНВЕСТИЦИСКО РАБОТЕЊЕ
Управување со отворениот инвестициски фондЧлен 65
Управувањето и водењето на работите на отворениот фонд го врши исклучиво друштвото за управување, кое од Комисијата има добиено дозвола за работа.
Дозволени вложувањаЧлен 66
(1) Имотот на отворениот фонд исклучиво може да се состои од:
1) преносливи хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари со кои:
а) се тргува на регулирани пазари во Република Северна Македонија;
б) се тргува на регулирани пазари на државите членки на ЕУ и држави членки на ОЕЦД и
в) се примени на официјална котација на берзите на хартии од вредност или на други регулирани пазари на држави кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД, под услов во статутот и проспектот на отворениот фонд да е предвидено такво вложување;
2) ново издадени преносливи хартии од вредност под услов:
а) во проспектот за нивно издавање да е утврдено дека постои обврска од страна на издавачот за нивно вклучување во службена котација на берза или на друг регулиран пазар, кој има дозвола за работа од соодветно регулаторно тело;
б) вложувањето на таа берза или на друг регулиран пазар да е предвидено со проспектот и статутот на отворениот фонд и
в) во рок од една година од издавањето да се примат на котација;
3) удели или акции на инвестициските фондови регистрирани во Република Северна Македонија или држави кои се членки или не се членки на ЕУ и на ОЕЦД , под услов:
а) инвестициските фондови да имаат добиено одобрение за нивно организирање од страна на регулаторното тело на матичната земја и да подлежат на супервизија која е еднаква на онаа пропишана со законодавството во ЕУ, како и да е обезбедена соработка меѓу регулаторните тела на задоволително ниво;
б) нивото на заштита на вложувачите и обврската за известување и информирање на вложувачите во такви фондови да бидат во согласност со одредбите на овој закон, особено во поглед на ограничувањата во вложувања, како и таквите фондови да се овластени од страна на Комисијата или соодветни регулаторни тела во државите членки или државите кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД;
в) со проспектот и статутот на отворениот фонд е предвидено дека најмногу 10% од имотот на фондот може да биде вложен во удели или акции на други фондови и
г) да објавуваат полугодишни и годишни извештаи за своето работење;
4) депозити во овластени банки во Република Северна Македонија, кои достасуваат во рок кој не е подолг од една година;
5) термински и опциски договори и други финансиски деривативни инструменти со кои се тргува на регулираните пазари од ставот (1) точка 1 на овој член и/или деривативни финансиски инструменти со кои се тргува преку шалтер, под услов да:
а) се однесуваат на финансиски инструменти во кои е дозволено вложување согласно со овој член, финасиските индекси, каматни стапки, девизните курсеви или валути во кои отворениот фонд може да вложува, согласно со проспектот и статутот;
б) договорните страни во трансакциите со финансиските деривативни инструменти со кои се тргува преку шалтер да се институции кои подлежат на прудентна супервизија на регулаторното тело во Република Северна Македонија или на државите членки на ЕУ и ОЕЦД и се овластени од страна на Комисијата или соодветните регулаторни тела во државите членки на ЕУ и ОЕЦД;
в) подлежат на валидна и проверена секојдневна процена на вредноста, и може во секое време да бидат продадени, ликвидирани по нивната проценета вредност на иницијатива на отворениот фонд;
г) таквите инструменти да се користат исклучиво за намалување или ограничување на ризикот од вложување или зголемување на приносот односно намалување на трошоците на отворениот фонд без никакво зголемување на ризикот, односно со нив да не се менува инвестициската стратегија на фондот, целите и ограничувањата дефинирани со овој закон и проспектот и/или статутот на фондот и
д) во проспектот на отворениот фонд мора да биде наведено дали може да се вложува во такви инструменти, дали ќе се користат со цел за заштита од ризик и/или со цел за постигнување на инвестициските цели на фондот, и какво е влијанието на тие инструменти врз ризичноста на фондот;
6) инструментите на пазарот на пари со кои не се тргува на регулираните пазари под услов да:
а) се издадени од или за нив да гарантира Република Северна Македонија, единиците на локалната самоуправа или Народната банка на Република Северна Македонија, државите членки на ЕУ, Европската централна банка и Европската инвестициона банка или
б) се издадени од страна на издавачи со чии хартии од вредност се тргува на регулираните пазари од ставот (1) точка 1 на овој член или
в) се издадени од страна на институции кои подлежат на надзор на регулаторно тело на државите членки на ЕУ или се издадени од страна на институции кои подлежат на надзор еднаков на оној пропишан со законодавството на ЕУ или
г) се издадени од страна на други лица кои Комисијата ги одобрила под услов вложувањата во такви инструменти да имаат сигурност еднаква на сигурноста обезбедена при вложувањата во инструментите од ставот (1) точка 6 потточки а), б) или в) на овој член, и под услов нивниот издавач да е трговско друштво чиј капитал и резерви се поголеми од 10 милиони евра и кој изготвува и објавува финансиски извештаи во согласност со меѓународните стандарди за известување или да е во состав на група на поврзани друштва која вклучува едно или неколку лица чии акции котираат на берза, а кои ја финансираат таа група, или да е трговско друштво чиј предмет на работење е финансирање на посебни субјекти за секјуритизација кои за тоа користат банкарска кредитна линија и
7) пари на сметка.
(2) Комисијата поблиску ги пропишува дозволените вложувања во отворениот фонд.
Ограничувања на вложувањата и пречекорувања на ограничените вложувањаЧлен 67
(1) Вложувањата на имотот на отворениот фонд подлежат на следниве ограничувања:
1) најмногу 10% од нето вредноста на имотот на отворениот фонд можат да бидат вложени и во други преносливи хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари, освен во преносливи хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари наведени во членот 66 став (1) точки 1 и 2 од овој закон;
2) најмногу 10% од нето вредноста на имотот на отворениот фонд можат да бидат вложени во преносливи хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари на еден ист издавач, но доколку вредноста на преносливите хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари од еден ист издавач кои ја сочинуваат вредноста на имотот на фондот е поголема од 5% од нето вредноста на имотот на фондот, вкупната вредност на тие вложувања во сите такви издавачи не смее да биде поголема од 40% од нето вредноста на имотот на фондот, освен:
а) во преносливи хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари чиј издавач или гарант е Република Северна Македонија или единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија, државите членки на ЕУ и на ОЕЦД или единиците на локалната самоуправа на државите членки на ЕУ и на ОЕЦД, во кои може да се вложува без ограничување под услов:
– во проспектот, статутот и промотивните материјали на фондот јасно да бидат наведени државите, единиците на локалната самоуправа или меѓународни организации во чии хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари може да се вложува повеќе од 35% од нето вредноста на нивниот имот,
– имотот на отворениот фонд да се состои барем од шест различни хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари и
– вредноста на ниту една поединечна хартија од вредност или инструмент на пазарот на пари од точката 2 потточка а) на овој став да не е поголема од 30% од нето вредноста на имотот на отворениот фонд;
б) во обврзници издадени со одобрение од Комисијата, кои ги издаваат банки регистрирани во Република Северна Македонија или држави членки на ОЕЦД, а кои се под надзор на соодветното регулаторно тело, во кои може да се вложува најмногу 25% од нето вредноста на имотот на отворениот фонд. Износите кои произлегуваат од емисијата на овие обврзници издавачот мора да ги инвестира во средства со кои, за време на целиот период на важење на обврзниците, можат да се покријат побарувањата спрема обврзниците и кои, во случај на несолвентност на издавачот, ќе се користат приоритетно за отплаќање на главнината и каматата. Доколку повеќе од 5% од нето вредноста наимотот на фондот е вложено во такви обврзници од еден ист издавач, вкупната вредност на таквите вложувања не смее да биде поголема од 80% од нето вредноста на имотот на фондот;
в) за лицата кои формираат поврзани друштва согласно со Законот за трговските друштва и овој закон се сметаат како еден издавач согласно со членот 66 од овој закон и одредбите на овој член, при што најмногу 20% од нето вредноста на имотот на отворениот фонд можат да се вложат во хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари, чии издавачи се лицата кои сочинуваат поврзани друштви согласно со Законот за трговските друштва и
г) ако инвестиционата политика на отворениот фонд е реплицирање на структурата на одреден индекс на акции или должнички хартии од вредност, Комисијата може да дозволи вложувања до најмногу 20% од нето вредноста на имотот на фондот во акции или должнички хартиии од вредност од еден ист издавач, доколку:
– структурата на индексот e доволно диверзифицирана,
– индексот претставува соодветен репер за пазарот за кој се однесува и
– индексот е објавен на веб страницата на берзата, на која истиот се пресметува, а во акции или во должнички хартии од вредност од еден ист издавач да може да се вложува и до 35% од нето вредноста на имотот на фондот, ако тоа е неопходно за реплицирање на тој индекс. Вложувањето до 35% од нето вредноста на имотот на фондот во акции или должнички хартии од вредност од еден ист издавач е дозволено само за еден издавач, а таквиот фонд мора во проспектот и статутот на фондот јасно да назначи дека инвестициската цел му е реплицирање на индексот;
3) преносливи хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари од точката 2 потточки а) и б) на овој став не се опфатени во ограничувањата од 40% од точката 2 на овој став;
4) ограничувањата од точката 2 на овој став не се однесуваат на:
а) депозити и
б) финансиски деривативни инструменти со кои се тргува на други регулирани пазари (пазари преку шалтер);
5) најмногу 20% од нето вредноста на имотот на отворениот фонд може да се вложи како депозит во една иста банка од членот 66 став (1) точка 4 на овој закон;
6) Изложеноста кон едно лице врз основа на финансиски деривативни инструменти договорени со тоа лице на други регулирани пазари не смее да биде поголема од:
а) 10% од нето вредноста на имотот ако се работи за банка од членот 66 став (1) точка 4 на овој закон и
б) 5% од нето вредноста на имотот ако се работи за некое друго правно лице;
7) вкупната вредност на вложувањата во преносливи хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари чиј издавач е едно исто лице, и вредноста на депозитите вложени кај тоа лице, и изложеноста врз основа на финансиските деривативни инструменти со кои се тргува на други регулирани пазари , договорени со тоа лице не смеат да бидат поголеми од 20% од нето вредноста на имотот на отворениот фонд, освен во преносливи хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари наведени во точката 2 потточка а) од овој став;
8) ограничувањата пропишани во ставот (1) точки 1, 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член не смеат да се комбинираат, и таквите вложувањата во преносливи хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари чиј издавач е едно лице, во депозити кај тоа лице, и изложеноста врз основа на финансиски деривативни инструменти договорени со тоа лице во ниту еден случај не смеат да надминат вкупно 35% од нето вредноста на имотот на фондот;
9) најмногу 20% од нето вредноста на имотот на отворениот фонд може да биде вложено во удели или акции на еден ист инвестициски фонд;
10) вложувањата во удели или акции на инвестициските фондови не се вклучуваат во пресметките за ограничувања од точките 1, 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член;
11) отворениот фонд не смее да биде сопственик на:
а) повеќе од 10% од акциите со право на глас од еден ист издавач;
б) повеќе од 10% од акциите без право на глас од еден ист издавач;
в) 10% од должнички хартии од вредност издадени од страна на еден ист издавач;
г) 25% од уделите на поединечните инвестициски фондови;
д) 10% од инструментите на пазарот на пари на еден ист издавач со исклучок дека ограничувањата од овој став не се применуваат на должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари чии издавачи се Република Северна Македонија, единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија, државите членки на ЕУ и на ОЕЦД, единиците на локалната управа на државите членки, државите кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД и
ѓ) ограничувањата од точката 11 потточки в), г) и д) на овој став може да не се земат предвид во моментот на вложување ако тогаш не е можно да се пресмета вкупниот број или вредноста на инструментите во оптек;
12) вкупната изложеност на отворениот фонд кон финансиските деривативни инструменти во никој случај не смее да биде поголема од нето вредноста на имотот на фондот и
13) отворениот фонд не смее да вложува во благородни метали или хартии од вредност или други инструменти издадени врз основа на благородни метали.
(2) Доколку имотот на отворениот фонд се вложува во удели или акции на други инвестициски фондови, во проспектот на фондот мора да биде наведен максималниот надомест за управување кој може да се наплати од имотот на фондот во кој има намера да вложува, а во годишните извештаи на фондот мора јасно да биде наведен максималниот вкупен надомест за управување кој бил наплатен од фондот и од другиот фонд во кој тој фонд вложувал искажан како процент од имотот на фондот кој го вложувал во удели или акции на другиот инвестициски фонд.
(3) Доколку имотот на фондот се вложува во удели на инвестициски фондови со кои директно или индиректно управува едно исто друштво за управување или друго друштво за управување кое со првото е поврзано преку заедничко управување или контрола, или преку значајно директно или индиректно учество во капиталот, за таквите вложувања на товар на фондот друштвото за управување може да не наплатува излезни или влезни надоместоци.
(4) Заради заштита на интересите на вложувачите во инвестициските фондови, Комисијата може да воведе дополнителни ограничувања во врска со вложувањата од овој член, во случај на глобална финансиска криза и нарушување на функционирањето на пазарот на хартии од вредност во Република Северна Македонија, по предходна согласност од Министерството за финансии.
Пречекорувања на ограничувањатаЧлен 68
(1) Друштвото за управување може да ги пречекори ограничувањата од членот 67 од овој закон:
1) при остварување на правата на првенство на запишување или права кои произлегуваат од преносливи хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари кои го сочинуваат неговиот имот и при продажба на имотот на отворениот фонд во случај на откуп на поголем број на удели во отворениот фонд;
2) како последица на околности на кои друштвото за управување не можело да влијае и
3) во првите шест месеци од организирање на отворениот фонд при што треба да се почитуваат принципите за диверзификација на ризикот и заштита на интересите на вложувачите.
(2) Во случаите од ставот (1) точки 1) и 2) на овој член, друштвото за управување е должно да ги усогласи вложувањата на отворениот фонд во разумен рок кој не смее да биде подолг од шест месеци и трансакциите на продажби да ги презема првенствено заради усогласување на имотот на отворениот фонд, при што мора да се земат во предвид интересите на вложувачите.
(3) На барање на друштвото за управување, Комисијата може да го продолжи рокот од ставот (2) на овој член за дополнителни три месеци ако тоа е во интерес на вложувачите.
(4) Доколку пречекорувањето на ограничувањата од членот 67 од овој закон не е во согласност со ставовите (1), (2) и (3) на овој член, друштвото за управување е должно на отворениот фонд да му ја надомести настанатата штета.
(5) Комисијата поблиску ќе ги определи пречекорувањата од ставот (1) на овој член.
VII. ЗАТВОРЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД
1.ОПШТИ ОДРЕДБИ
Поим и основање на затворен инвестициски фондЧлен 69
(1) Затворен инвестициски фонд (во натамошниот текст: затворен фонд) е акционерско друштво кое се основа за прибирање парични средства по пат на јавна понуда на акции и вложување на тие средства при што се применува принципот за диверзификација на ризикот.
(2) На затворениот фонд се применуваат одредбите од Законот за трговските друштва и Законот за хартии од вредност, ако со овој закон поинаку не е уредено.
Основање на затворен инвестициски фондЧлен 70
(1) Затворен фонд основа и со него управува друштвото за управување.
(2) За основање на затворен фонд друштвото за управување донесува статут, изготвува проспект на фондот и склучува договор со депозитарната банка согласно со овој закон.
(3) Друштвото за управување, до Комисијата, поднесува барање за добивање одобрение за основање на затворен фонд, во кое мора да бидат содржани следниве податоци:
– фирма и седиште на друштвото за управување и име и презиме на лицата кои се овластени да го застапуваат истото,
– број и датум на издадената дозвола од Комисијата за основање на друштвото за управување,
– фирма и седиште на затворениот фонд,
– име и презиме, место на живеење, државјанство и единствен матичен број на физичките лица, или број на пасош на лицата кои се членови на надзорниот одбор на затворениот фонд,
– податоци за образованието на лицата кои се членови на надзорниот одбор на затворениот фонд и
– фирма и седиште на депозитарната банка и име и презиме на лицата кои се овластени да ја застапуваат истата.
(4) Кон барањето од ставот (3) на овој член се приложуваат следниве документи:
– статут на затворениот фонд,
– проспект на затворениот фонд,
– одлука за именување на членовите на првиот надзорен одбор,
– предлог на договор со депозитарната банка и извод на депозитарната банка од трговскиот регистар што се води во Централниот регистар на Република Северна Македонија,
– договор склучен меѓу основачите на затворениот фонд и друштвото за управување и извод на друштвото за управување од трговскиот регистар што се води во Централниот регистар на Република Северна Македонија,
– доказ за уплатен надоместок за добивање одобрение за основање на фондот и за упис на фондот во Регистарот на фондови на Република Северна Македонија и
– друга дополнителна документација.
(5) Податоците од ставот (3) алинеја 2 на овој член се обезбедуваат од евиденцијата на Комисијата.
(6) Овластеното службено лице од Комисијата кое ја води постапката за издавање на одобрение за основање на затворен фонд е должно документите од ставот (4) алинеи 4 и 5 на овој член кои се однесуваат на изводите од трговскиот регистар за депозитарната банка и за друштвото за управување, по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето.
(7) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите од ставот (4) алинеи 4 и 5 на овој член е должно документите да ги достави до Комисијата во рок од три дена од денот на приемот на барањето од ставот (6) на овој член.
(8) Комисијата поблиску ги пропишува формата и содржината на барањето за добивање одобрение за основање на затворен фонд и дополнителната документација.
Одлучување по барањето за давање одобрение за основање на затворен инвестициски фондЧлен 71
(1) Комисијата донесува решение за одобрување или одбивање на барањето за издавање на одобрение за основање на затворен фонд врз основа на документацијата приложена кон барањето.
(2) Комисијата го донесува решението од ставот (1) на овој член во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето.
(3) Комисијата ќе издаде одобрение за основање на затворен фонд откако ќе бидат исполнети сите услови за основање на затворен фонд согласно со членот 70 од овој закон.
(4) Решението од ставот (1) на овој член Комисијата го објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Основна главнина на затворен инвестициски фондЧлен 72
(1) Основната главнина на затворен фонд не може да биде помала од 300.000 евра во денарска противвредност, по средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија, на денот кога целосно се прибрани паричните средства.
(2) Затворениот фонд е должен да ја одржува нето вредноста на имотот на фондот во висина која не може да биде помала од висината на средствата од ставот (1) на овој член.
Акции на затворениот инвестициски фондЧлен 73
(1) Затворениот фонд издава обични акции кои се неограничено преносливи.
(2) Затворениот фонд не може да издава други родови и класи на акции, ниту други видови на хартии од вредност освен акциите од ставот (1) на овој член.
(3) Акциите на затворениот фонд се плаќаат со парични средства на сметка на депозитарната банка и мораат да бидат уплатени во целост пред уписот на затворениот фонд во трговскиот регистар што се води во Централниот регистар на Република Северна Македонија, односно пред уписот на зголемувањето на основната главнина на затворениот фонд во трговскиот регистар.
(4) Затворениот фонд не смее да стекнува сопствени акции.
(5) Секоја правна работа со која затворениот фонд стекнал сопствени акции е без правно дејство.
(6) Вредноста по која се запишуваат и уплаќаат акциите на затворениот фонд при основањето на истиот, е еднаква на нивната номинална вредност.
(7) Продажната вредност на акциите кои се издаваат по основањето на затворениот фонд, односно при втората и сите наредни емисии, зависи од односот меѓу понудата и побарувачката и се утврдува на берза за хартии од вредност.
(8) Акциите на затворениот фонд мора да се тргуваат на берза за хартии од вредност во Република Северна Македонија.
Запишување на акции на затворениот инвестициски фондЧлен 74
(1) Запишувањето на акции врз основа на покана за запишување, проспектот и уплатата не смее да започне пред Комисијата да издаде одобрение за основање на затворениот фонд.
(2) Запишувањето и уплатата на акции се врши кај друштвото за управување.
(3) При запишувањето на акциите, запишувачот дава изјава дека:
– е запознаен и согласен со статутот и со проспектот на затворениот фонд и
– ја овластува депозитарната банка во негово име и за негова сметка да ги врши правата што произлегуваат од акциите.
(4) Доколку затворениот фонд при основањето претрпи штета од страна на запишувач кој нема да ги плати запишаните акции, за таквата штета одговара друштвото за управување.
(5) Акциите на затворениот фонд се водат во депозитар на хартии од вредност.
Трошоци за основање на затворениот инвестициски фондЧлен 75
(1) Трошоците и надоместоците за основање на затворен фонд можат да се наплатуваат на товар на имотот на фондот, доколку така е утврдено со проспектот и статутот на фондот. Износот на трошоците и надоместоците за основање на затворен фонд кои може да се наплатувааат од имотот на фондот, во проспектот се искажани како процент кој не смее да биде поголем од 3,5% од вкупните парични средства уплатени во фондот при неговото основање.
(2) Трошоците и надоместоците за основањето на затворен фонд, кои го надминуваат процентот утврден во проспектот и статутот на фондот паѓаат на товар на друштвото за управување.
(3) Доколку при основање на затворен фонд не се прибере потребниот износ согласно со членот 72 од овој закон, потребен за основање на фондот, трошоците за основањето на фондот ги сноси друштвото за управување, а уплатените парични влогови во целост им се враќаат на инвеститорите.
Трошоци на товар на затворениот инвестициски фондЧлен 76
(1) Трошоци кои паѓаат на товар на затворениот фонд се:
1) надомест на друштвото за управување;
2) надомест на депозитарната банка;
3) надомест и трошоци за членовите на надзорниот одбор;
4) трошоци и провизии поврзани со стекнување или продажба на имотот на затворениот фонд;
5) трошоци за водење на регистар на акции што го води Централниот депозитар на хартии од вредност, вклучувајќи и трошоци за издавање потврда за трансакција, како и трошоци за исплата на дивиденда;
6) трошоци за ревизија и за адвокатски услуги;
7) трошоци за одржување на годишно собрание, освен трошоците за вонредно собрание, свикано од друштвото за управување;
8) трошоци за изработка, печатење и поштарина на полугодишни и годишни извештаи за сопствениците на акции;
9) надоместоците за Комисијата во врска со издавање на одобренија;
10) даноци кои фондот е должен да ги плати за својот имот и добивка;
11) трошоци за објава на проспектот и за други објави и
12) други трошоци определени со закон.
(2) Надоместокот на друштвото за управување од ставот (1) точка 1 на овој член, не може да биде дефиниран на начин што ќе зависи од приходите на затворениот фонд.
(3) Трошоците кои паѓаат на товар на имотот на затворениот фонд, мора да бидат предвидени во проспектот.
Пресметка на показателот на вкупните трошоци на затворениот инвестициски фондЧлен 77
Вкупниот износ на трошоците кои паѓаат на товар на затворениот фонд, се искажува како показател на вкупните трошоци, а за секоја претходна година се пресметува по следнава формула:
Вкупен надомест за управување+вкупен износ на трошоците од членот 76 став (1) точки 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 11 на овој закон
__________________________________________________________
X 100
Просечна годишна нето вредност на имотот на фондот
Максимална големина на показателот на вкупните трошоци на затворениот инвестициски фондЧлен 78
(1) Показателот на вкупните трошоци на затворениот фонд не смее да биде поголем од 3,5% од просечната годишна нето вредност на имотот на фондот. По завршувањето на годишниот пресметковен период, Комисијата секоја година објавува споредбени показатели на вкупните трошоци на сите затворени фондови.
(2) Сите трошоци кои настанале во текот на годината, а го надминуваат дозволениот показател во висина од 3,5%, паѓаат на товар на друштвото за управување.
Управување со затворен инвестициски фондЧлен 79
(1) Со затворениот фонд управува друштво за управување, согласно со овој закон и статутот на затворениот фонд.
(2) Орган на управување на затворениот фонд е органот на управување на друштвото за управување согласно со одредбите од договорот склучен меѓу друштвото за управување и фондот и овој закон.
(3) Комисијата поблиску ја пропишува содржината на договорот од ставот (2) на овој член.
Органи на затворениот инвестициски фондЧлен 80
Органи на затворениот фонд се надзорен одбор и собрание.
Надзорен одборЧлен 81
(1) Надзорниот одбор на затворен фонд се состои од најмалку три члена.
(2) Најмногу 1/3 од вкупниот број на членови на надзорниот одбор на затворениот фонд, може да бидат вработени во друштвото за управување или да бидат поврзани лица со друштвото за управување.
Ограничувања за избор на членовите на надзорниот одборЧлен 82
За членови на надзорен одбор на затворен фонд, не можат да бидат избрани:
– член(ови) на управен или надзорен одбор на друштво за управување, депозитарна банка, брокерска куќа, банка со дозвола за работа со хартии од вредност и подружница на странска брокерска куќа, друштва за осигурување и приватни пензиски фондови, во периодот кога Комисијата им ја има одземено дозволата за работа, како и во период од три години од одземањето на одобрението,
– лице, односно лица на кои им е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во врска со работење со хартии од вредност, додека трае забраната,
– лице, односно лица кои се осудени со правосилна судска пресуда за казнени дела против имотот, платниот промет и деловното работење и
– лице, односно лица кои се осудени за прекршок кој е пропишан во Законот за хартии од вредност.
Мандат на членовите на надзорниот одборЧлен 83
Членовите на надзорниот одбор на затворен фонд се именуваат со мандат од четири години, со право на избор за уште еден мандат.
Обврска за објавување на вкупниот износ на надоместоците и другите трошоци за членовите на надзорниот одборЧлен 84
(1) Во годишниот финансиски извештај на затворениот фонд, задолжително се објавуваат вкупниот износ на надоместоците и другите трошоци за членовите на надзорниот одбор, како и бројот и пазарната вредност на сите акции кои ги поседува во фондот, секој член на надзорниот одбор.
(2) На членовите на надзорниот одбор не им е дозволено да примаат награди од издавачите на хартии од вредност, во коишто затворениот фонд вложува, освен надоместоците кои му следуваат врз основа на неговиот ангажман во затворениот фонд.
Овластувања на надзорниот одборЧлен 85
(1) Членовите на надзорниот одбор на затворен фонд, покрај овластувањата предвидени во членот 380 од Законот за трговските друштва, според овој закон се овластени и за:
– заедничко застапување на фондот во односите со друштвото за управување,
– давање на согласност за склучување на договор со (правни и физички) лица кои му даваат услуги на затворениот фонд,
– надзор над реализацијата на договорот од алинејата 2 на овој став, при што надзорниот одбор има право да го раскине договорот во случај на неизвршување на обврските,
– надзор над усогласеноста на работењето на затворениот фонд со одредбите од овој закон, проспектот на фондот, како и со целите и ограничувањата на вложувањата,
– давање на согласност на одлуката со која на собранието на затворениот фонд се предлага одлучување во врска со издавање на акции и статусни промени на фондот и
– усвојување на финансиските извештаи на затворениот фонд, по предлог на друштвото за управување.
Склучување на договор со друго друштво за управувањеЧлен 86
(1) Во случај на одземање на дозволата за работа на друштвото за управување, или доколку настане некоја друга околност која ќе го оневозможи натамошното управување на затворениот фонд, надзорниот одбор е должен во рок од 60 календарски дена од денот на одземањето на дозволата за работа на друштвото за управување, да го склучи договорот од членот 79 став (2) на овој закон, со ново друштво за управување.
(2) Доколку надзорниот одбор не постапи во согласност со ставот (1) од овој член, е должен да свика собрание на затворениот фонд.
Склучување на договор со друга депозитарна банкаЧлен 87
(1) Во случај на одземање на дозволата за работа на депозитарната банка на затворениот фонд, или доколку настане околност заради која депозитарната банка нема да биде во можност да го продолжи вршењето на договорените работи, надзорниот одбор е должен во рок од 60 календарски дена од денот на настанување на оваа околност, да потпише договор со друга депозитарна банка.
(2) Доколку надзорниот одбор не постапи во согласност со ставот (1) од овој член, е должен да свика собрание на затворениот фонд.
Собрание на затворен инвестициски фондЧлен 88
За надлежноста, свикувањето и одржувањето на собрание на затворениот фонд, се применуваат одредбите од Главата IV, оддел 5, пододдел 4 од Законот за трговските друштва, доколку поинаку не е уредено со овој закон.
Одлуки кои ги донесува собранието на затворениот инвестициски фондЧлен 89
Собранието со мнозинство од претставените гласови кое не може да биде пониско од 3/4, од вкупниот број акции на затворениот фонд донесува одлуки во врска со:
– зголемување на годишниот надомест на друштвото за управување, над износот наведен во важечкиот проспект,
– промена на инвестициските цели на затворениот фонд,
– статусни промени на затворениот фонд и
– продолжување на рокот на траење на затворениот фонд.
Дозволени вложувањаЧлен 90
(1) Имотот на затворениот фонд исклучиво може да се состои од:
1) хартии од вредност;
2) удели на инвестициски фондови регистрирани во Република Северна Македонија, земји членки на ЕУ или земји членки на ОЕЦД;
3) депозити во овластени банки во Република Северна Македонија кои достасуваат во рок кој не е подолг од една година;
4) термински и опциски договори и други финансиски деривативни инструменти со кои се тргува на регулиран пазар на хартии од вредност и/или деривативни финансиски инструменти со кои се тргува преку шалтер под услов:
а) да се однесуваат на финансиски инструменти во кои е дозволено вложување согласно со овој член, финансиски индекси, каматни стапки, девизни курсеви или валути во кои затворениот фонд може да вложува согласно со проспектот и статутот на фондот;
б) договорните страни во трансакциите со финансиските деривативни инструменти со кои се тргува преку шалтер да се институции кои подлежат на прудентна супервизија на регулаторното тело во Република Северна Македонија или на државите членки на ЕУ и ОЕЦД и се овластени од страна на Комисијата или соодветните регулаторни тела во државите членки на ЕУ и ОЕЦД;
в) да подлежат на веродостојна и вистинита процена на секојдневна основа, како и да може во секое време да бидат продадени по пазарна вредност на иницијатива на затворениот фонд;
г) инструментите да се користат исклучиво за намалување или ограничување на ризикот од вложување, односно со нив да не се менува инвестиционата стратегија на затворениот фонд, целите и ограничувањата дефинирани со овој закон и статутот и проспектот на фондот и
д) во проспектот на затворениот фонд да се наведе дали смее да се вложува во такви инструменти, дали ќе се користат со цел за заштита од ризик или со цел за постигнување на инвестициските цели на фондот и какво е нивното влијание врз ризичноста на фондот и
5) пари на сметка во банки во Република Северна Македонија.
(2) Комисијата поблиску ги пропишува дозволените вложувања на затворениот фонд.
Ограничувања на вложувањата на затворениот инвестициски фондЧлен 91
(1) Вложувањата на имотот на затворениот фонд подлежат на следниве ограничувања:
1) најмногу 15% од нето вредноста на имотот на затворениот фонд можат да бидат вложени во хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари на еден ист издавач, освен:
а) во хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари чиј издавач е или гарант е Република Северна Македонија или единиците на локалната самоуправа и државите членки на ЕУ и државите членки на ОЕЦД, во кои може да се вложува без ограничување, доколку:
– во проспектот и статутот на затворениот фонд јасно се наведени државите, единиците на локалната самоуправа и меѓународните организации во чии хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари може да се вложува повеќе од 35% од нето вредноста на имотот на фондот,
– имотот на затворениот фонд се состои барем од шест различни хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари и
– вредноста на ниту една поединечна хартија од вредност или инструмент на пазарот на пари од потточката а) на овој став не е поголема од 30% од нето вредноста на имотот на фондот и
б) ако инвестиционата политика на затворениот фонд е реплицирање на структурата на одреден индекс на акции или должнички хартии од вредност, Комисијата може да дозволи вложувања до најмногу 20% од нето вредноста на имотот на фондот во акции или должнички хартии од вредност од еден ист издавач, доколку:
– структурата на индексот е доволно диверзифицирана,
– индексот претставува соодветен репер за пазарот за кој се однесува и
– индексот е објавен на веб страницата на берзата, на која истиот се пресметува, а во акции или во должнички хартии од вредност од еден ист издавач да може да се вложува и до 35% од нето вредноста на имотот на фондот, ако е тоа неопходно за реплицирање на тој индекс. Вложувањето до 35% од нето вредноста на имотот на фондот во акции или должнички хартии од вредност од еден ист издавач е дозволено само за еден издавач, а таквиот фонд мора во проспектот и статутот на фондот јасно да назначи дека инвестициската цел му е реплицирање на индексот;
2) лица кои формираат поврзани друштва согласно со Законот за трговските друштва и овој закон се сметаат како еден издавач согласно со членот 90 од овој закон и одредбите на овој член, при што најмногу 20% од нето вредноста на имотот на затворениот фонд можат да се вложат во хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари чии издавачи се лицата кои формираат поврзани друштва согласно Законот за трговските друштва;
3) ограничувањата од точката 1 на овој став не се однесуваат на:
а) депозити и
б) финансиски дериватни инструменти со кои се тргува на други регулирани пазари (пазари преку шалтер);
4) најмногу 20% од нето вредноста на имотот на затворениот фонд може да се вложи како депозит во една иста банка од членот 90 став (1) точка 3 на овој закон;
5) изложеноста кон едно лице врз основа на финансиски деривативни инструменти договорени со тоа лице на други регулирани пазари не смее да биде поголема од:
а) 10% од нето вредноста на имотот ако се работи за банка од членот 90 став (1) точка 3 на овој закон и
б) 5% од нето вредноста на имотот ако се работи за некое друго правно лице;
6) вкупната вредност на вложувањата во хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари чиј издавач е едно лице и вредноста на депозитите вложени кај тоа лице и изложеноста врз основа на финансиските деривативни инструменти со кои се тргува на други регулирани пазари договорени со тоа лице не смеат да бидат поголеми од 20% од нето вредноста на имотот на затворениот фонд;
7) ограничувањата пропишани во ставот (1) точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој член не смеат да се комбинираат и таквите вложувања во преносливи хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари чиј издавач е едно лице, во депозити кај тоа лице и изложеноста врз основа на финансиски деривативни инструменти договорени со тоа лице, во ниту еден случај не смеат да надминат вкупно 35% од нето вредност на имотот на фондот;
8) најмногу 20% од нето вредноста на имотот на затворениот фонд може да биде вложена во удели на еден ист инвестициски фонд;
9) вложувањето во удели или акции на инвестициски фонд не може да биде повеќе од 25% од нето вредноста на имотот на секој поединечен фонд во кој се вложува;
10) затворениот фонд во своја сопственост не може да има повеќе од 25% од акциите со право на глас на еден ист издавач или обврзниците од еден ист издавач ;
11) вкупната изложеност на затворениот фонд кон финансиските деривативни инструменти не смее да биде поголема од 10% од нето вредноста на имотот на фондот и
12) не може да се вложува во друштва со ограничена одговорност или во хартии од вредност кои не се преносливи.
(2) Доколку имотот на затворениот фонд се вложува во удели на инвестициски фондови со кои директно или индиректно управува едно исто друштво за управување, или друго друштво за управување кое со првото е поврзано преку заедничко управување или контрола, или преку значајно директно или индиректно учество во капиталот, за таквите вложувања на товар на фондот, друштвото за управување може да не наплатува излезни или влезни надоместоци.
(3) Доколку имотот на затворен фонд се вложува во удели на други инвестициски фондови, во проспектот на фондот мора да биде наведен максималниот надомест за управување кој може да се наплати од имотот на фондот во кој има намера да вложува, а во годишните извештаи на фондот мора јасно да биде наведен максималниот вкупен надомест за управување кој бил наплатен од фондот и од другиот фонд во кој тој фонд вложувал, искажан како процент од имотот на фондот кој го вложувал во удели или акции на другиот инвестициски фонд.
(4) Ако фондот повеќе од 40% од нето вредноста на имотот има намера да го вложува во хартии од вредност кои не се тргуваат на официјален пазар на берза, називот на фондот задолжително ги содржи зборовите „затворен фонд за вложување во хартии од вредност кои не се тргуваат на официјален пазар на берза“.
(5) Комисијата поблиску ги пропишува ограничувањата на вложувањата на затворениот фонд.
(6) Заради заштита на интересите на вложувачите во инвестициските фондови, Комисијата може да воведе дополнителни ограничувања во врска со вложувањата од овој член, во случај на глобална финансиска криза и нарушување на функционирањето на пазарот на хартии од вредност во Република Северна Македонија, по претходна согласност од Министерството за финансии.
Пречекорување на ограничувањатаЧлен 92
(1) Ограничувањата на вложувањата од членот 91 на овој закон не се применуваат доколку се работи за преносливи хартии од вредност или инструменти на пазарот на пари кои затворениот фонд ги стекнува со зголемување на основната главнина од средствата на друштвото за управување.
(2) Ограничувањата на вложувањата наведени во членот 91 од овој закон можат да бидат пречекорени во првата година од основањето на затворениот фонд, при што треба да се почитуваат принципите на диверзификација на ризикот и заштита на интересите на вложувачите.
(3) Во случај на пречекорувања на ограничувањата од членот 91 на овој закон, кои се последица на движењето на цените на пазарот, друштвото за управување настојува да ги заштити интересите на акционерите. Друштвото за управување истовремено е должно да го усогласи вложувањето на затворениот фонд во рок од една година од денот на настанатото пречекорување, притоа водејќи сметка ризикот од настанатите пречекорувања во вложувањата да го сведе на најмала можна мера.
(4) Во случај на пречекорување на ограничувањата од членот 91 на овој закон, кои се последица на трансакциите што ги склучило друштвото за управување, а кои во моментот на нивното случување ги пречекориле наведените ограничувања, друштвото за управување е должно веднаш да ги усогласи вложувањата. Доколку настанала штета, друштвото за управување е должно на затворениот фонд веднаш да му ја надомести настаната штета.
VIII. ПРИВАТЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД
Поим за приватен инвестициски фондЧлен 93
(1) Приватен инвестициски фонд (во натамошниот текст: приватен фонд) претставува посебен имот, без својство на правно лице, формиран со цел за прибирање на парични средства преку приватна понуда за продавање на документи за удел во фондот, чии средства се вложуваат во согласност со целите на вложување утврдени со проспектот на приватниот фонд. Сопствениците на документите за удел имаат право, покрај правото на удел во добивката на приватниот фонд, да бараат и исплата на уделот и на тој начин да истапат од фондот, на начин и под услови утврдени со проспектот на фондот.
(2) Приватниот фонд се регистрира во Регистарот на фондови во Република Северна Македонија.
Основање и работење на приватен инвестициски фондЧлен 94
(1) Приватен фонд се основа само на одредено време кое не може да биде пократко од пет години.
(2) Големината на приватниот фонд изнесува најмалку 500.000 евра во денарска противвредност. Под големина на фондот се подразбира запишаната максимална обврска за уплати на сите инвеститори по сите основи за целото време на постоење на фондот.
(3) Минималната преземена договорена обврска на вложување на секој поединечен инвеститор во приватниот фонд не може да биде помала од 50.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата, која инвеститорот е должен да ја реализира на повик на друштвото за управување со приватни фондови во согласност со одредбите на проспектот.
(4) Приватен фонд основа и со него управува друштво за управување со приватни фондови.
(5) За основање на приватен фонд друштвото за управување со приватни фондови донесува статут и проспект на фондот.
(6) Приватниот фонд може да се задолжува без ограничување.
(7) На приватниот фонд не се применуваат одредбите од членовите 49, 52, 53, 54, 54-а, 54-б, 54-в, 55 и 56 од глава V и одредбите од главите VI, VII, VIII-a, IX, X, XI, XII, XIII и XIV од овој закон.
Статут на приватниот инвестициски фондЧлен 95
Со статутот на приватниот фонд се уредува работењето на приватниот фонд, правната положба на сопствениците на документите за удел во приватниот фонд, правните односи на приватниот фонд со друштвото за управување со приватни фондови, како и други прашања од интерес за остварување на целите на фондот, а особено:
1) називот на приватниот фонд, фирмата на друштвото за управување со приватни фондови;
2) целите на приватниот фонд;
3) намената и принципите на вложување на средствата;
4) видот и главните елементи на документите за удел;
5) постапката и условите за издавање и продавање на документите за удели;
6) правилата за пресметување и за користење на приходите на приватниот фонд;
7) правила за утврдување на нето вредноста на имотот на приватниот фонд;
8) начинот на пресметување на износот на надоместоците и трошоците на друштвото за управување со приватни фондови или трети лица на товар на имотот на приватниот фонд;
9) начинот на исплата на добивката на сопствениците на документите за удели;
10) висината на запишаната максимална обврска и правата и обврските на друштвото за управување со приватни фондови;
11) начинот и постапката на информирање на сопствениците на документите за удел;
12) начинот на распоредување на добивката на приватниот фонд и
13) времето за кое се основа приватниот фонд.
Проспект на приватниот инвестициски фондЧлен 96
Проспектот на приватниот фонд ги содржи податоците од членот 95 на овој закон, како и детални информации и податоци за целите и политиката на приватниот фонд и други информации што се однесуваат на приватниот фонд, а што можат да влијаат на одлуката на вложувачот за вложување во фондот.
Управување со приватен инвестициски фондЧлен 97
(1) Со приватниот фонд во негово име и за негова сметка управува друштво за управување со приватни фондови во согласност со одредбите од овој закон, договорот за управување склучен со приватниот фонд, проспектот и статутот на приватниот фонд.
(2) Друштвото за управување e должно во рок од 30 календарски дена од склучувањето на договорот за управување од ставот (1) на овој член, односно по формирање на приватниот фонд да достави пријава за запишување на приватниот фонд во Регистарот на фондови.
Финансиски извештаи на приватниот инвестициски фондЧлен 98
(1) Друштвото за управување со приватни фондови изготвува ревидирани годишни финансиски извештаи за секој приватен фонд со кој управува.
(2) Друштвото за управување со приватни фондови е должно да ги достави до вложувачите на приватниот фонд ревидираните годишни финансиски извештаи за секој фонд со кој управува во рок од три месеца од усвојување на завршната сметка на приватниот фонд.
(3) Финансиските извештаи се изготвуваат во согласност со меѓународните сметководствени стандарди.
VIII-А ГЛАВЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД И ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД НАПОЈУВАЧ
Главен инвестициски фонд и инвестициски фонд напојувачЧлен 98-а
(1) Главен инвестициски фонд (во натамошниот текст: главен фонд) е отворен фонд кој:
а) меѓу сопствениците на удели има барем еден инвестициски фонд напојувач (во натамошниот текст: фонд напојувач);
б) самиот не е фонд напојувач;
в) не поседува удели во фонд напојувач;
г) е основан во Република Северна Македонија согласно со овој закон како отворен фонд и
д) е основан во земја членка на Европска Унија како фонд за колективно инвестирање во преносливи хартии од вредност со дозвола за работа од надлежен орган во таа земја.
(2) Фонд напојувач е отворен инвестициски фонд кој најмалку 85% од своите средства ги вложува во главниот фонд.
(3) На отворениот фонд кој е фонд напојувач не се однесуваат одредбите од членовите 58 став (1), 66 и 67 од овој закон.
Одобрение за фонд напојувачЧлен 98-б
(1) Фондот напојувач задолжително подлежи на одобрение од Комисијата.
(2) Фонд напојувач настанува со основање на нов фонд напојувач или со преобразба на постоечки отворен фонд во фонд напојувач.
Барање за добивање на одобрениеЧлен 98-в
(1) За добивање на одобрение за основање на фонд напојувач, односно одобрение за преобразба на постоечки отворен фонд во фонд напојувач, друштвото за управување поднесува барање до Комисијата.
(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член се приложува:
1) статут и проспект на главниот фонд и фондот напојувач;
2) клучни информации за инвеститорите во главниот фонд и фондот напојувач;
3) интерни правила за работење на друштвото за управување, доколку главниот фонд и фондот напојувач имаат исто друштво за управување, односно договор за размена на информации и документи од членот 98-ж став (1) од овој закон, доколку главниот фонд и фондот напојувач имаат различни друштва за управување;
4) договор за размена на информации и документи од членот 98-з од овој закон, доколку главниот фонд и фондот напојувач имаат различни депозитарни банки;
5) договор за размена на информации и документи од членот 98-и од овој закон, доколку главниот фонд и фондот напојувач имаат различни овластени ревизори;
6) потврда од Комисијата дека главниот фонд е регистриран во Комисијата и ги исполнува условите од членот 98-а од овој закон;
7) потврда од надлежниот орган на земјата каде е основан главниот фонд дека главниот фонд ги исполнува условите од членот 98-а од овој закон, доколку главниот фонд има седиште или е основан во земја членка на Европската Унија и;
8) известување до сопствениците на удели согласно со членот 98-ѓ од овој закон, кога е тоа применливо.
(3) Доколку фондот напојувач настанува со преобразба на постоечки отворен фонд, покрај документите од ставот (2) на овој член, друштвото за управување кон барањето од ставот (1) на овој член поднесува и барање за промена на статутот и на проспектот на постоечкиот отворен фонд.
Проспект на фонд напојувачЧлен 98-г
(1) Проспектот на фондот напојувач, покрај информациите од членот 53 од овој закон, содржи и:
1) изјава дека се работи за фонд напојувач кој најмалку 85% од своите средства ги вложува во главниот фонд и назив на главниот фонд;
2) инвестициска политика на фондот напојувач, опис на ризикот поврзан со вложувањата во уделите на главниот фонд и профилот на ризик на фондот напојувач;
3) изјава дека приносите на фондот напојувач и главниот фонд се еднакви или доколку се различни во која мера и од кои причини нивните приноси се разликуваат;
4) видови на инструменти во кои може да се вложи остатокот од средствата на инвестицискиот фонд напојувач согласно со членот 98-к од овој закон;
5) карактеристики на главниот фонд, неговата инвестициска политика и профилот на ризик;
6) податоци за местата и начинот на кој може да се добие проспектот на главниот фонд и дополнителни информации за главниот фонд;
7) договор склучен помеѓу друштвата за управување на главниот фонд и фондот напојувач, односно интерните правила од членот 98-ж од овој закон и податоци за местото каде може да се добијат дополнителни информации во врска со договорот;
8) видовите на трошоци и/или надоместоци кои фондот напојувач ги плаќа на главниот фонд врз основа на неговите вложувања во уделите на главниот фонд и вкупните трошоци на главниот фонд и фондот напојувач и
9) даночните обврски за фондот напојувач поврзани со вложувањата во уделите на главниот фонд.
Одлучување по барање за добивање на одобрение за фонд напојувачЧлен 98-д
(1) По барањето од членот 98-в од овој закон Комисијата донесува решение за одобрување или одбивање на барањето во рок од 30 календарски дена од денот на доставување на барањето.
(2) Комисијата ќе го одобри барањето за добивање одобрение за основање на фонд напојувач, односно одобрение за преобразба на постоечки фонд во фонд напојувач, доколку друштвото за управување, фондот напојувач, неговата депозитарна банка и овластениот ревизор ги исполнуваат условите од членовите 98-в, 98-з и 98-и од овој закон.
(3) Против решението од ставот (1) на овој член може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(4) Жалбата од ставот (3) на овој член не го одлага извршувањето на решението.
Обврска за известување на сопствениците на уделиЧлен 98-ѓ
(1) Друштвото за управување е должно, по преобразба на постоечки отворен фонд во фонд напојувач или промена на проспектот на фондот напојувач заради промена на главен фонд, до сопствениците на удели да достави известување кое содржи:
1) информација за добиеното одобрение од Комисијата за преобразба на фонд напојувач, односно за промена на проспектот на фонд напојувач заради промена на главниот фонд;
2) клучни информации за главниот фонд и фондот напојувач;
3) информација за планираниот датум на почеток на вложување на средствата на фондот напојувач во главниот фонд, односно ако фондот напојувач веќе има вложено средства во главниот фонд, датумот кога неговото вложување го надминува ограничувањето пропишано во членот 67 став (1) точка 9 од овој закон;
4) изјава дека сопствениците на удели на фондот напојувач имаат право да побараат откуп или исплата на своите удели без плаќање на излезна провизија во рок од 30 календарски дена од приемот на известувањето од ставот (1) на овој член.
(2) Друштвото за управување е должно да го достави известувањето од ставот (1) на овој член до сопствениците на удели во фондот напојувач на денот на добивањето на одобрението од членот 98-д од овој закон.
(3) Известувањето од ставот (1) на овој член се доставува до сите иматели на удели најмалку 30 календарски дена пред фондот напојувач да почне да ги вложува средствата во главниот фонд на начин пропишан со овој закон и со проспектот на фондот.
Право на исплата на удели без излезна провизијаЧлен 98-е
Сопствениците на удели во фондот напојувач имаат право во рок од 30 календарски дена од добивање на известувањето од членот 98-ѓ став (1) од овој закон, од друштвото за управување да бараат откуп или исплата на своите удели без плаќање на излезна провизија.
Договор за размена на информации и документи помеѓу друштвата за управување на главниот фонд и фондот напојувачЧлен 98-ж
(1) Доколку главниот фонд и фондот напојувач имаат различни друштва за управување, друштвата за управување се должни да склучат договор за размена на информации и размена на документи кои се потребни за фондот напојувач и неговото друштво за управување да ги исполнат условите и обврските пропишани со овој закон.
(2) Фондот напојувач не може да вложува во удели на главниот фонд се додека договорот од ставот (1) на овој член не е склучен.
(3) Доколку со главниот фонд и фондот напојувач управува исто друштво за управување, договорот од ставот (1) на овој член не се склучува, а за истите важат интерните правила за работење на друштвото за управување.
(4) Комисијата поблиску ја пропишува содржината на договорот, односно на интерните правила од ставовите (1) и (3) на овој член.
Договор за размена на информации и документи помеѓу депозитарните банки на главниот фонд и фондот напојувачЧлен 98-з
(1) Доколку главниот фонд и фондот напојувач имаат различни депозитарни банки, депозитарните банки се должни да склучат договор за размена на информации и размена на документи кои се потребни за депозитарните банки да ги исполнат условите и обврските пропишани со овој закон.
(2) Фондот напојувач не може да вложува во удели на главниот фонд се додека договорот од ставот (1) на овој член не е склучен.
(3) При размената на информациите и документите од ставот (1) на овој член, депозитарните банки се обврзани информациите и податоците да ги чуваат и користат исклучиво за целите за кои се добиени и да не ги откриваат на трети лица, освен во случаи и во постапка утврдена со овој или друг закон.
(4) Комисијата поблиску ја пропишува содржината на договорот за размена на информации помеѓу депозитарните банки од ставот (1) на овој член.
Обврски за известување и доставување на информацииЧлен 98-ѕ
(1) Друштвото за управување кое управува со фондот напојувач е должно до депозитарната банка на фондот напојувач да ги достави сите информации во врска со главниот фонд кои се потребни за депозитарната банка да ги исполни условите и обврските пропишани со овој закон.
(2) Ако депозитарната банка на главниот фонд при вршењето на работи на депозитарна банка на главниот фонд утврди неправилности во неговото работење кои имаат негативно влијание врз работењето на фондот напојувач, е должна веднаш да ја извести Комисијата, друштвото за управување и депозитарната банка на фондот напојувач за утврдените неправилности.
Договор за размена на информации и документи помеѓу овластените ревизори на главниот фонд и фондот напојувачЧлен 98-и
(1) Доколку главниот фонд и фондот напојувач имаат различни овластени ревизори, овластените ревизори се должни да склучат договор за размена на информации и размена на документи кои се потребни за овластените ревизори да можат да ги исполнат условите и обврските пропишани со овој закон.
(2) Фондот напојувач не може да вложува во удели на главниот фонд се додека договорот од ставот (1) на овој член не е склучен.
(3) Овластениот ревизор на фондот напојувач во ревизорскиот извештај:
1) го зема во предвид ревизорскиот извештај на главниот фонд и
2) известува за можни неправилности откриени во ревизорскиот извештај на главниот фонд, како и за нивното влијание врз фондот напојувач.
(4) При размената на информациите и документите од ставот (1) на овој член, овластените ревизори се обврзани информациите и податоците да ги чуваат и користат исклучиво за целите за кои се добиени и да не ги откриваат на трети лица, освен во случаи и во постапка утврдена со овој или друг закон.
(5) Доколку главниот фонд и фондот напојувач имаат различни сметководствени периоди, главниот фонд е должен да подготви финансиски извештаи на ист датум на кој фондот напојувач ги подготвува финансиските извештаи. Финансиските извештаи на главниот фонд мора да бидат подготвени врз основа на истата сметководствена политика која ја применува фондот напојувач. Овластениот ревизор на главниот фонд е должен да подготви дополнителен извештај за главниот фонд со ист датум за кој се составува ревизорскиот извештај за фондот напојувач.
(6) Комисијата поблиску ја пропишува содржината на договорот за размена на информации помеѓу овластените ревизори од ставот (1) на овој член.
Почеток на вложување на фондот напојувач во главниот фондЧлен 98-ј
Фондот напојувач може да започне со вложување во главниот фонд, односно во новоизбраниот главен фонд 30 календарски дена по доставување на известувањето на сопствениците на удели од членот 98-ѓ од овој закон.
Вложувања на фондот напојувачЧлен 98-к
(1) Фондот напојувач може 15% од нето-вредноста на фондот да вложи во:
1) финансиски деривативни инструменти кои може да се користат само за целите за заштита на ризик, согласно со членот 66 став (1) точка 5) и членот 67 став (1) точка 12) од овој закон или
2) ликвидни средства согласно со членот 66 став (1) точки 3), 4), 6) и 7) од овој закон.
(2) Средствата од ставот (1) на овој член вложени согласно со членот 66 став (1) точка 3) од овој закон може да се вложат во удели на инвестициски фонд кој најголем дел од своите средства ги вложува во инструменти на пазарот на пари.
Пресметка за изложеност на фондот напојувачЧлен 98-л
(1) Заради усогласување со членот 67 став (1) точка 12) од овој закон, вкупната изложеност на фондот напојувач кон финансиските деривативни инструменти се пресметува така што на директната изложеност на фондот напојувач кон финансиските деривативни средства од членот 98-к став (1) точка 1) од овој закон се додава:
1) изложеноста кон финансиските деривативни инструменти на главниот фонд во однос на вложувањето на фондот напојувач во главниот фонд или
2) најголемата вкупна дозволена изложеност на главниот фонд кон финансиските деривативни инструменти утврдена со проспектот на главниот фонд во однос на вложувањето на фондот напојувач во главниот фонд.
Пресметка и објавување на нето-вредноста на средстватаЧлен 98-љ
Друштвата за управување на главниот фонд и фондот напојувач се должни да го усогласат времето за пресметка на нето вредноста на средствата на главниот фонд и фондот напојувач, со цел да се спречат можни злоупотреби кои би настанале заради временска неусогласеност при пресметката.
Полугодишни и ревидирани годишни извештаи на фондот напојувачЧлен 98-м
(1) Ревидираниот годишен извештај на фондот напојувач содржи и информации за вкупните трошоци на главниот фонд и фондот напојувач.
(2) Во полугодишните и ревидираните годишни извештаи на фондот напојувач се наведува и местото и начинот на кој може да се добијат полугодишните и ревидираните годишни извештаи на главниот фонд.
Известување за секој поединечен фонд напојувач и неговите уплатиЧлен 98-н
(1) Друштвото за управување со главниот фонд е должно да ја извести Комисијата за називот на секој фонд напојувач на главниот фонд.
(2) Друштвото за управување со главниот фонд е должно да ја извести Комисијата за датумот на првата уплата од секој фонд напојувач на главниот фонд.
(3) Известувањата од ставовите (1) и (2) на овој член Комисијата ги доставува до надлежниот орган кој врши контрола над работењето на фондот напојувач, доколку фондот напојувач е основан во земја членка на Европската Унија.
Забрана за наплата на влезна и излезна провизијаЧлен 98-њ
Друштвото за управување кое управува со главниот фонд не смее да му наплатува влезна и излезна провизија на фондот напојувач.
Доставување на документација на барање на сопствениците на уделиЧлен 98-о
Друштвото за управување е должно на сопствениците на удели во фондот напојувач, на нивно барање, бесплатно во печатена или електронска форма да им достави:
1) проспект на главниот фонд;
2) ревидиран годишен извештај на главниот фонд;
3) полугодишен извештај на главниот фонд и
4) договор за размена на информации, односно интерни правила на друштвото за управување од членот 98-ж од овој закон.
Обврски при рекламирањеЧлен 98-п
Друштвото за управување на фондот напојувач е должно во сите рекламни материјали поврзани со фондот напојувач да наведе дека се работи за фонд напојувач кој најмалку 85% од своите средства ги вложува во главен фонд и да го наведе името на главниот фонд.
Контрола над работата на главниот фондЧлен 98-р
(1) Друштвото за управување на фондот напојувач е должно да ја следи работата на главниот фонд.
(2) За следење на работата на главниот фонд од ставот (1) на овој член, друштвото за управување на фондот напојувач може да ги користи информациите и документите кои ги добива од друштвото за управување на главниот фонд, неговата депозитарна банка и овластениот ревизор.
(3) Надоместокот за дистрибуција, провизија или друг надоместок за вложените средства во главниот фонд кои се уплатуваат на друштвото за управување на фондот напојувач, или друго овластено лице за продажба на удели, односно акции во инвестициски фонд согласно со членот 125 од овој закон кое делува во име на друштвото за управување со фондот напојувач припаѓаат на фондот напојувач и влeгуваaт во неговиот имот.
Ликвидација на главниот инвестициски фондЧлен 98-с
(1) Друштвото за управување на главниот фонд може да донесе одлука за ликвидација на главниот фонд. За донесената одлука за ликвидација друштвото за управување е должно веднаш, а најдоцна наредниот ден, да ги извести сопствениците на удели во главниот фонд, друштвото за управување на фондот напојувач и надлежните органи кои вршат контрола над работењето на неговите фондови напојувачи.
(2) Ликвидацијата на главниот фонд се спроведува по истекот на три месеци од денот на доставување на известувањето од ставот (1) на овој член.
(3) По добивање на известувањето од ставот (1) на овој член, друштвото за управување на фондот напојувач може да:
1) поднесе барање за издавање на одобрение за промена на проспектот на фондот напојувач со која ќе му се овозможи на фонд напојувач да вложи најмалку 85% од своите средства во удели на друг главен фонд;
2) поднесе барање за издавање на одобрение за промена на проспектот на фондот напојувач со која ќе му се овозможи на фондот напојувач да се преобрази во отворен фонд кој не е фонд напојувач или
3) донесе одлука за ликвидација на фондот напојувач.
(4) Друштвото за управување на фондот напојувач е должно во рок од два месеца од денот кога го примило известувањето за донесената одлука за ликвидација на главниот фонд од ставот (1) на овој член, до Комисијата да ја достави одлуката за ликвидација на фондот напојувач од ставот (3) точка 3) на овој член, односно барањето за издавање на одобрение за промените на проспектот од ставот (3) точки 1) и 2) на овој член.
Спојување на главниот фонд со друг отворен инвестициски фондЧлен 98-т
(1) Друштвото за управување на главниот фонд може да донесе одлука за спојување на главниот фонд со друг отворен фонд. За донесената одлука за спојување на главниот фонд, друштвото за управување е должно веднаш, а најдоцна наредниот ден, да ги извести сопствениците на удели во главниот фонд, друштвото за управување на фондот напојувач и надлежните органи кои вршат контрола над неговите фондови напојувачи.
(2) Спојувањето од ставот (1) на овој член се спроведува по истекот од два месеца од денот на доставување на известувањето од ставот (1) на овој член.
(3) По добивање на известувањето од ставот (1) на овој член, друштвото за управување на фондот напојувач може да:
1) поднесе барање за издавање на одобрение за промена на проспектот на фондот напојувач со која ќе му се овозможи на фондот напојувач да вложи најмалку 85% од своите средства во удели во новооснованиот главен фонд, кој настанал како резултат на спојувањето на главниот фонд со друг отворен фонд;
2) поднесе барање за издавање на одобрение за промена на проспектот на фондот напојувач со која ќе му се овозможи на фондот напојувач да вложи најмалку 85% од своите средства во удели на друг главен фонд;
3) поднесе барање за издавање на одобрение за промена на проспектот на фондот напојувач со која ќе му се овозможи на фондот напојувач да се преобрази во отворен фонд кој не е фонд напојувач или
4) донесе одлука за ликвидација на фондот напојувач.
(4) Друштвото за управување на фондот напојувач е должно да ја достави одлуката за ликвидација на фондот напојувач од ставот (3) точка 4) на овој член, односно барањето за издавање на одобрение за промените на проспектот од ставот (3) точки 1), 2) и 3) на овој член до надлежниот орган кој врши контрола над работењето на фондот напојувач со кој управува, во рок од еден месец од денот на приемот на известувањето од ставот (1) на овој член.
(5) Главниот фонд е должен на барање на фондот напојувач, пред спроведување на спојувањето на главниот фонд од ставот (1) на овој член, да му овозможи откуп на уделите кои фондот напојувач ги поседува во главниот фонд, при што на фондот напојувач не смее да му наплати излезна провизија.
(6) Одредбите од ставот (5) на овој член не се применуваат, доколку Комисијата на друштвото за управување со фондот напојувач му издаде одобрение согласно со ставот (3) точка 1) на овој член.
Поделба на главниот фондЧлен 98-ќ
(1) Друштвото за управување на главниот фонд може да донесе одлука за поделба на главниот фонд на два или повеќе отворени фондови. За донесената одлука за поделба на главниот фонд друштвото за управување е должно веднаш, а најдоцна наредниот ден, да ги извести сопствениците на удели во главниот фонд, друштвото за управување на фондот напојувач и надлежните органи кои вршат контрола над работењето на неговите фондови напојувачи.
(2) Поделбата на главниот фонд се спроведува по истекот на три месеци од денот на доставување на известувањето од ставот (1) на овој член.
(3) По добивање на известувањето од ставот (1) на овој член, друштвото за управување на фондот напојувач може да:
1) поднесе барање за издавање на одобрение за промена на проспектот на фондот напојувач со која ќе му се овозможи на фонд напојувач да вложи најмалку 85% од своите средства во удели на друг главен фонд;
2) поднесе барање за издавање на одобрение за промена на проспектот на фондот напојувач со која ќе му се овозможи на фондот напојувач да се преобрази во отворен фонд кој не е фонд напојувач или
3) донесе одлука за ликвидација на фондот напојувач.
(4) Друштвото за управување на фондот напојувач е должно во рок од два месеца од денот кога го примило известувањето за донесената одлука за поделба на главниот фонд од ставот (1) на овој член, до Комисијата да ја достави одлуката за ликвидација на фондот напојувач од ставот (3) точка 3) на овој член, односно барањето за издавање на одобрение за промените на проспектот од ставот (3) точки 1) и 2) на овој член.
Привремен прекин на продажба/откуп на удели на главниот фондЧлен 98-у
(1) Фонд напојувач има право привремено да ги прекине продажбата и/или откупот на своите удели, доколку главниот фонд по сопствена иницијатива или на барање на надлежни органи привремено ги прекине продажбата и/или откупот на своите удели.
(2) Прекинот на продажбата и/или откупот на удели на фондот напојувач се спроведува во исто време додека трае прекинот на продажбата и/или откупот на удели на главниот фонд.
(3) На прекинот на продажбата и/или откупот на уделите на фондот напојувач соодветно се применуваат одредбите од членот 109 од овој закон.
Издавање на потврда на главниот фондЧлен 98-ф
На барање на главниот фонд со цел докажување дека ги исполнува условите дека е главен фонд пред друг надлежен орган, Комисијата издава потврда дека главниот фонд ги исполнува условите од членот 98-а став (1) од овој закон.
Примена на одредбиЧлен 98-х
(1) На вложувањата на средствата на фонд напојувач основан во Република Северна Македонија во главен фонд основан во земја членка на Европската Унија соодветно се применуваат одредбите членот 98-а одовој закон со кои е уредено вложувањето на средствата на фондот напојувач во главен фонд основан во Република Северна Македонија.
(2) На главниот фонд основан во Република Северна Македонија во кој се вложуваат средства на фонд напојувач основан во земја членка на Европската Унија, соодветно се применуваат одредбите од членот 66 од овој закон со кои е уредено работењето на главниот фонд во кој се вложени средствата на фондот напојувач.
Известување за преземени меркиЧлен 98-ц
(1) Комисијата е должна да го извести друштвото за управување на фондот напојувач, депозитарната банка и овластениот ревизор на фондот напојувач, за сите мерки кои ги изрекла во врска со работењето на главниот фонд.
(2) Комисијата е должна да го извести друштвото за управување на фондот напојувач за секое известување добиено од надлежни органи во земјите членки на Европската Унија за изречени мерки кон главниот фонд.
(3) Комисијата е должна да го извести надлежниот орган кој врши контрола над работењето на фондот напојувач основан во земја членка на Европската Унија за сите мерки што ги изрекла кон главниот фонд.
IX. УТВРДУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТА НА ИМОТОТ И ЦЕНА НА УДЕЛИТЕ И АКЦИИТЕ ВО ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ
Временски периоди кога се утврдува вредноста на имотот на инвестициските фондовиЧлен 99
(1) Друштвото за управување е должно за отворениот фонд да ја утврди вредноста на имотот на фондот, сите обврски и надоместоци на фондот настанати пред утврдувањето на нето вредноста на имотот по удел, односно цената на уделот.
(2) Вредноста на нето имотот на отворениот фонд се пресметува секој ден во време утврдено во проспектот. Друштвото за управување е должно наредниот работен ден да ја извести Комисијата за вредноста на имотот на отворениот фонд, состојбата на надоместоците и обврските, цената на уделите на отворениот фонд на денот на пресметувањето.
(3) Вредноста на нето имотот на затворениот фонд се пресметува најмалку еднаш месечно, во време утврдено во проспектот.
(4) Комисијата за хартии од вредност поблиску ја пропишува методологијата за процена на нето вредноста на имотот на фондот, како и зачестеност на нејзиното утврдување.
Одговорност за пресметување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд, односно цената на уделите или акциитеЧлен 100
(1) Вредноста на имотот на отворениот и затворениот фонд, односно цената на уделите или акциите ја пресметува друштвото за управување.
(2) Пресметувањето на вредноста од ставот (1) на овој член ја контролира и ја потврдува депозитарната банка која истовремено е одговорна и за точноста на пресметките кои се доставуваат до Комисијата. Депозитарната банка потпишува и задржува еден примерок од документот за утврдената вредност на имотот на инвестицискиот фонд кој мора да го даде на увид на Комисијата.
(3) Ревизорот на инвестицискиот фонд е должен да изврши проверка на примената на начелата и методологијата за утврдување на вредноста на портфолиото на фондот, точноста на начините за утврдување на цената на акциите или уделите и другите надоместоци и трошоци предвидени со проспектот или статутот на фондот.
Начела и методологија за утврдување на вредноста на портфолиото на инвестицискиот фондЧлен 101
(1) Кај хартиите од вредност вклучувајќи и акции на затворен фонд утврдувањето на вредноста на имотот на фондот се врши врз основа на пазарната цена која е формирана на регулиран пазар.
(2) Кај хартиите од вредност за кои не постои пазарна цена која ги исполнува условите од ставот (1) на овој член, за утврдување на вредноста се зема предвид цената на последната трансакција која е извршена во тој инвестициски фонд.
(3) Во случај на депозити и готовина, краткорочни побарувања и обврски, приходи и расходи за идниот период, за утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд, се применува номиналната вредност зголемена за пресметаната камата.
(4) За утврдување на вредноста на терминските и опциските договори за работи за кои не може да се утврди пазарна цена, Комисијата ги пропишува методите за пресметка на вредноста на имотот.
(5) Во случај кога имотот на инвестицискиот фонд е вложен во удели на отворен фонд, за утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд се применува цената на уделите на отворениот фонд.
(6) Девизните средства се пресметуваат во денари по средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд.
(7) Во случај на други видови на имот, за утврдување на вредноста на имотот на фондот се применува пазарната цена на имотот.
(8) Во случај на други видови на имот за кои не постои пазарна цена, се проценува фер вредност на имотот. Постапката за утврдување на фер вредноста на имотот вклучува методи на дисконтирана парична вредност споредена со сличен имот за кој е позната пазарната цена, метод за процена на опциите или друг метод кој го пропишува Комисијата.
(9) Начелата и методологијата за утврдување на вредноста на имотот се наведуваат во проспектот и во статутот на инвестицискиот фонд и треба соодветно да се применуваат при секоја пресметка на вредноста на имотот на фондот.
(10) Комисијата ги пропишува начелата и методологијата за утврдување на вредноста на имотот на затворениот и отворениот фонд, како и начинот на формирање на пазарната цена на уделите во отворениот фонд, односно акциите во затворениот фонд, притоа применувајќи ги различните методи за пресметување на вредноста на имотот на поединечните видови на фондови.
Нето вредност на имотот на инвестицискиот фонд и вредноста по акции, односно удели во фондотЧлен 102
(1) Кај отворениот фонд нето вредноста на имотот на фондот е вредноста на имотот на фондот намалена за обврските. Нето вредноста по удел е нето вредност на имотот на фондот поделена со бројот на уделите на фондот во моментот на пресметување на нето вредноста на имотот на фондот.
(2) Нето вредноста на имотот на затворениот фонд е вредноста на имотот на фондот намалена за обврските. Нето вредноста по акција на фондот е нето вредност на имотот на фондот рамномерно распоредена на секоја издадена акција од фондот во моментот на пресметување на нето вредноста на имотот на фондот.
Почетна понуда и утврдување на цената на уделите или на акциите на инвестицискиот фондЧлен 103
(1) Времетраењето на почетната, односно иницијалната понуда на удели кај отворениот фонд, односно акции кај затворениот фонд не смее да трае подолго од 60 календарски дена. Во текот на тој период вкупниот износ на прибраните парични средства се чува како депозит и не смее да се вложуваат се додека фондот не ја надмине најниската вредност на имотот на фондот утврдена со овој закон и со проспектот на фондот.
(2) Цената на акцијата при иницијалното, односно прво издавање на акции кај затворениот фонд е номиналната цена на акцијата. Цената на подоцнежните издавања е пазарна цена на акциите.
(3) При иницијалната, односно почетната понуда кај отворениот фонд цената на издавањето на уделите ја утврдува друштвото за управување и ја објавува во проспектот на фондот. После почетната понуда на удели, цената на уделите во отворениот фонд е единствена цена еднаква на нето вредноста на имотот на фондот по удел, која се пресметува врз основа на пазарната цена на сите хартии од вредност од портфолиото на фондот.
Цена на уделите во отворениот инвестициски фондЧлен 104
(1) Продажбата и откупот на уделите кај отворениот фонд се врши во работни денови по цена пресметана согласно со членот 103 став (3) од овој закон и со проспектот на фондот при што друштвото ги наплатува и пресметува влезниот и излезниот надомест.
(2) Продажба, односно откуп на удели во отворениот фонд не е дозволено да се врши за износ помал или поголем од моменталната важечка цена по удел. Цената на уделот може да варира зависно од промената на нето вредноста на имотот пресметана на начин пропишан од Комисијата.
(3) Цената на удели во отворениот фонд се пресметува кога нето вредноста на имотот на фондот ќе се подели со бројот на издадените удели, при што нето вредноста на имотот на фондот е пресметана согласно со членот 102 од овој закон, а бројот на издадени удели е еднаков на бројот на уделите во моментот на пресметување на цената, земајќи ги предвид сите продажби и откупи извршени од моментот на последната пресметка до моментот на пресметката на новата цена.
Продажба на удели во отворениот инвестициски фондЧлен 105
(1) Продажбата на уделите на отворениот фонд се врши по поднесено барање за купување на удели по цена која е во согласност со проспектот на фондот и која е утврдена на денот на кој е извршена уплатата на сметката на фондот, зголемена за влезен надоместок доколку истиот се наплатува.
(2) Уплатата во отворениот фонд се врши исклучиво во парични средства.
Замена на удели во отворени инвестициски фондовиЧлен 105-а
Замена на удели во отворени инвестициски фондови претставува откуп на удели од еден отворен инвестициски фонд и истовремено издавање на удели од друг отворен инвестициски фонд со кои управува исто друштво за управување, од страна на ист вложувач и тоа за ист износ на парични средства.
Откуп на удели во отворениот инвестициски фондЧлен 106
(1) Откупот на уделите во отворениот фонд се врши според цената што одговара на вредноста на уделот утврдена првиот нареден ден на процена по поднесување на барањето за откуп на уделот.
(2) Средствата од откупот на удели се исплатуваат на сметка на сопственикот на откупените удели во рок од седум календарски дена од приемот на барањето за откуп.
Потврда за продажба и откуп на уделитеЧлен 107
(1) Потврдата за продажба и откуп на удели се издава од страна на друштвото за управување во рок од еден работен ден по извршената уплата во отворениот инвестициски фонд, односно исплата од фондот на барање на вложувачот.
(2) Потврдата се доставува до вложувачот во хартиена форма или на траен медиум и истата треба да ги содржи следниве податоци:
1) назив и ЕДБ на друштвото за управување;
2) идентификациски број и име на отворениот фонд;
3) за физичко лице: име и презиме на вложувачот, за правно лице: назив и седиште на вложувачот;
4) датум на прием на барањето за купување/откуп на удели;
5) датум на реализиција за барањето за купување/откуп на удели;
6) потврда за број на удели што се купува/откупува;
7) цената на уделот;
8) вкупната сума на уплатените средства, односно нето-сумата што е исплатена на вложувачот;
9) вкупната сума на надоместоци и трошоци кои се наплатени при купување/откуп на уделите поделена по ставки и
10) потпис на овлaстеното лице на друштвото за управување.
(3) Потврдата за откуп на удели, друштвото за управување ја издава и во случај на реализација на заложно право врз удели и во други правни постапки согласно со закон.
Неточна пресметка на цената на уделите во отворениот инвестициски фондЧлен 108
Доколку цената на уделите во отворениот фонд неточно се пресмета за повеќе од 1% во однос на вредноста добиена со примена на начинот од членот 102 на овој закон, Комисијата ќе му наложи на друштвото за управување и на депозитарната банка за таквата неточна пресметка да:
– ја исплати разликата во цена на секој вложувач на кого при откупот на удели му е исплатена помала цена по удел во однос на точната вредност добиена со примена на начинот наведен во членот 102 од овој закон и
– му признае сразмерен дел на дополнителни удели за надомест на штетата на секој вложувач на кого при купување на уделите му е пресметана повисока цена по удел во однос на точната вредност добиена со примена на начинот наведен во членот 102 од овој закон.
Прекин на продажбата и откупот на удели во отворениот инвестициски фонд и нивно времетраењеЧлен 109
(1) Продажбата и откупот на уделите во отворениот фонд може да се прекине доколку друштвото за управување и депозитарната банка сметаат дека не е можно да се утврди точната цена на имотот од портфолиото на фондот, поради што престанува продажбата и откупот на удели во интерес на сопствениците или потенцијалните сопственици на удели.
(2) Прекинот на продажбата и откупот на удели, друштвото за управување треба да ја пријави на Комисијата и да ја објави во најмалку два дневни весника во Република Северна Македонија. Прекин на продажбата и откупот на удели, друштвото за управување може да изврши по добивање на согласност од Комисијата и за истиот писмено да ги извести сопствениците на документите за удел.
(3) Комисијата може да му наложи на друштвото за управување и на депозитарната банка привремено да ја прекине продажбата и откупот на удели, доколку се стекне со сознанија, или има оправдани причини за сомнеж дека на вложувачите им се нанесува штета поради неточната пресметка на цената на уделите во отворениот фонд.
(4) Прекинот на продажбата и откупот на удели од овој член треба да заврши откако друштвото за управување и депозитарната банка ќе оценат дека е можно да се одреди точната цена на имотот од портфолиото на отворениот фонд, а најдоцна во рок од 28 дена од почетокот на престанокот, освен ако Комисијата не се согласи за продолжување на назначениот рок. Известувањето за продолжување на продажбата и откупот на удели во отворениот фонд е потребно да се објави во најмалку два дневни весника во Република Северна Македонија.
(5) За времето додека трае прекинот на продажбата и откупот на уделите, друштвото за управување може да продолжи со примање на барања за продажба или откуп на удели кои ќе се реализираат по завршување на прекинот на откупот или продажбата на уделите, при што на налогодавачите треба да им се стави на знаење дека нивните налози нема да бидат извршени во роковите предвидени со проспектот и статутот на отворениот фонд.
(6) Комисијата поблиску ја пропишува постапката за прекин и продолжување на продажбата и откупот на удели во отворениот фонд.
X. ОБЈАВУВАЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊА ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА УДЕЛИ И ЗА АКЦИОНЕРИТЕ ВО ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ
Објавување на цените на акциите и уделите во инвестициските фондовиЧлен 110
(1) Утврдената цена на уделите во отворениот фонд се објавува секогаш кога е извршено купување или продажба на уделите во отворениот фонд, а најмалку два пати месечно, а цената на акцијата во затворениот фонд мора да биде објавена најмалку еднаш месечно.
(2) Објавувањето од ставот (1) на овој член се врши на веб страницата на друштвото за управување, наведена во проспектот на инвестицискиот фонд.
(3) Комисијата поблиску ги пропишува содржината и времето на објавување на цената на акциите и уделите во инвестицискиот фонд.
Објавување на нето вредноста на имотот по удел, односно акција во инвестициските фондовиЧлен 111
Друштвото за управување има обврска нето вредноста на имотот по удел во отворениот фонд и нето вредноста на имотот по акција во затворениот фонд веднаш по нивната пресметка јавно да ги објави согласно со членот 110 став (2) од овој закон.
Известување на сопствениците на удели и на акционеритеЧлен 112
(1) На барање на вложувачите во инвестициските фондовите им се доставуваат полугодишни и ревидирани годишни извештаи.
(2) Извештаите од ставот (1) на овој член треба да им бидат достапни на вложувачите во инвестицискиот фонд на местата наведени во проспектот на инвестициски фонд.
Рокови за изработка и содржина на полугодишни и на ревидираните годишни извештаиЧлен 113
(1) Полугодишните извештаи за друштвото за управување и сите фондови со кои тоа управува се доставуваат до Комисијата во рок од два месеца од завршувањето на полугодишниот пресметковен период.
(2) Ревидирани годишни извештаи за друштвото за управување и сите фондови со кои тоа управува се доставуваат до Комисијата во рок од четири месеца од завршувањето на ресметковната година.
Содржина на финансиските извештаи кај отворениот инвестициски фондЧлен 114
(1) Полугодишните и ревидираните годишни извештаи на отворениот фонд треба да содржат:
а) извештај за имотот и обврските (билансот на состојба) за тековниот пресметковен период споредено со претходниот пресметковен период;
б) извештај за вкупниот приход за тековниот пресметковен период, спореден со претходниот пресметковен период;
в) податоци за портфолиото, распоредено според видот и ликвидноста на имотот и клучни промени на портфолиото во тековниот период;
г) показател за вкупните трошоци за пресметковниот период;
д) податоци за секој овластен учесник во тргување со хартии од вредност, преку кој инвестицискиот фонд реализирал повеќе од 10% од своите трансакции во тековната календарска година со наведување на:
– вкупната вредност на сите трансакции извршени од страна на секој овластен учесник,
искажани како процент од вкупната вредност на сите трансакции на инвестицискиот фонд во таа година и
– провизија платена на овластениот учесник, искажана како процент од вкупната вредност на трансакциите извршени со негово посредство;
ѓ) преглед за движењата на вредноста на имотот на отворениот фонд;
е) број на издадени удели на почетокот и на крајот на пресметковниот период и
ж) цена по удел на почетокот и на крајот на пресметковниот период.
(2) Покрај податоците од ставот (1) на овој член ревидираниот годишен извештај на отворениот фонд треба да содржи и:
а) највисока и најниска вредност на имотот на отворениот фонд и цена по удел во фондот од тековниот период за изминатите пет календарски години;
б) извештај на органот на управување со образложение за постигнатиот деловен резултат на отворениот фонд, промена во портфолиото и планираната стратегија на вложувања во наредниот период и
в) споредбен преглед на работењето за изминатите три календарски години со прикажување на следниве податоци на крајот на секоја деловна година:
– вкупна нето вредност на имотот од портфолиото,
– нето вредност на имотот на отворениот фонд по удели,
– показатели за вкупните трошоци и
– распределба на приходите, односно добивката исплатена по удел во тековната година.
(3) Комисијата поблиску го пропишува сметковниот план, содржината на одделните сметки во сметковниот план на отворените фондови, како и формата и содржината на финансиските извештаи на отворените фондови.
Содржина на финансиските извештаи кај затворениот инвестициски фондЧлен 115
(1) Полугодишните и ревидираните годишни извештаи на затворениот фонд треба да содржат:
а) извештај за имотот и обврските (билансот на состојба) за тековниот пресметковен период споредено со претходниот пресметковен период;
б) извештај за вкупниот приход за тековниот пресметковен период, спореден со претходниот пресметковен период;
в) податоци за портфолиото, распоредено според видот и ликвидноста на имотот и клучни промени на портфолиото во тековниот период;
г) показател за вкупните трошоци за пресметковниот период;
д) податоци за секој овластен учесник во тргување со хартии од вредност, преку кој инвестицискиот фонд реализирал повеќе од 10% од своите трансакции во тековната календарска година со наведување на:
– вкупната вредност на сите трансакции извршени од страна на секој овластен учесник,
искажани како процент од вкупната вредност на сите трансакции на инвестицискиот фонд во таа година и
– провизија платена на овластениот учесник, искажана како процент од вкупната вредност на трансакциите извршени со негово посредство и
ѓ) највисоката и најниската цена по акција во секоја од претходните три деловни години.
(2) Покрај податоците од ставот (1) на овој член, ревидираниот годишен извештај на затворениот фонд треба да содржи и:
а) највисока и најниска вредност на имотот на затворениот фонд и цена по акција во фондот од тековниот период за изминатите пет календарски години;
б) извештај на органот на управување со образложение за постигнатиот деловен резултат на затворениот фонд, промена во портфолиото и планираната стратегија на вложувања во наредниот период и
в) споредбен преглед на работењето за изминатите три календарски години со прикажување на следниве податоци на крајот на секоја деловна година:
– вкупна нето вредност на имотот од портфолиото,
– нето вредност на имотот на затворениот фонд по акции,
– показатели за вкупните трошоци и
– распределба на приходите, односно добивката исплатена по акција во тековната година.
(3) Комисијата поблиску го пропишува сметковниот план, содржината на одделните сметки во сметковниот план на затворените фондови, како и формата и содржината на финансиските извештаи на затворените фондови.
XI. РЕГИСТАР НА УДЕЛИ ВО ОТВОРЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД
Одговорност за водење на регистар на удели во отворен инвестициски фондЧлен 116
Друштвото за управување е должно да води регистар на удели во отворениот инвестициски фонд.
Начин на запишување во регистарот на удели во отворениот инвестициски фондЧлен 117
(1) Правата од уделите во отворениот фонд се стекнуваат со запишување во регистарот на удели во отворениот инвестициски фонд што го води друштвото за управување.
(2) Друштвото за управување на сопствениците на удели во отворениот фонд еднаш годишно им доставува извештај за состојбата и за тргувањето со уделите во фондот кои се во нивна сопственост.
(3) На барање на сопствениците на удели или на нивниот овластен застапник, а на нивен трошок друштвото за управување е должно да им достави извештај за состојбата и за тргувањето со уделите во отворениот фонд кои се во нивна сопственост.
(4) Друштвото за управување е должно да им овозможи увид во регистарот на удели во отворениот инвестициски фонд на депозитарната банка и на Комисијата.
Пренос на уделите на отворен инвестициски фонд на друго лицеЧлен 118
(1) Уделите во отворените фондови не може слободно да се пренесуваат, освен по основ на наследство или договор за поклон. Таквиот пренос ќе има правно дејство по неговото запишување во регистарот на удели во отворениот инвестициски фонд и во друштвото за управување.
(2) Друштвото за управување е должно да ги чува документите во врска со сите запишувања во регистарот на удели на отворениот фонд во текот на периодот во кој може да се поднесе тужба за поништување на уписот во регистарот на удели, а доколку таквата тужба е поднесена истите ги чува до донесување на правосилната судска одлука.
(3) Комисијата поблиску ги пропишува формата, содржината и начинот на водење на регистарот на удели во отворен инвестициски фонд, како и објавување на податоците од регистарот.
XII. СТАТУСНИ ПРОМЕНИ И ЛИКВИДАЦИЈА НА ОТВОРЕНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
Статусни промени на отворени инвестициски фондовиЧлен 119
(1) Oтворени инвестициски фондови може да спроведат статусни промени на припојување или спојување.
(2) Припојување на отворените фондови се спроведува со пренос на сите средства и обврски од еден или повеќе отворени фондови (во натамошниот текст: фондови преносители) на друг, постоечки отворен фонд (во натамошниот текст: фонд преземач).
(3) Спојување на отворени фондови се спроведува со пренос на сите средства и обврски од два или повеќе отворени фондови (во натамошниот текст: фондови преносители) на новоорганизиран отворен фонд (во натамошниот текст: фонд преземач).
(4) Во постапките на припојување и спојување може да учествуваат повеќе фондови преносители и само еден фонд преземач.
Правни последици од статусните промени на отворени фондовиЧлен 119-а
(1) По спроведувањето на статусните промени на отворени фондови, фондот преносител престанува да постои без да се спроведе постапка за ликвидација, а сите средства и обврски од фондот преносител се пренесуваат на фондот преземач.
(2) Друштвото за управување кое управува со фондот преземач по спроведените статусни промени настапува во свое име и за сметка на фондот преземач во сите правни односи во кои друштвото за управување на фондот преносител настапувало во свое име, а за сметка на фондот преносител.
(3) По спроведување на статусните промени, сопствениците на удели во фондот преносител добиваат удели во фондот преземач, во согласност со утврдениот однос на замена согласно со членот 119-в од овој закон.
Парични исплати од фондот преземач при замената на уделиЧлен 119-б
(1) Доколку на сопственикот на удели во фондот преносител не може да му се доделат целосен број на удели во фондот преземач во процесот на замена на удели од фондот преносител во удели во фондот преземач, друштвото кое управува со фондот преземач, може делумно да ги исплати сопствениците на удели и со парични средства.
(2) Износот на парични средства согласно со ставот (1) на овој член не смее да надмине 10% од вредноста на нето средствата на новоиздадените удели на фондот преземач, како резултат на припојувањето.
Спроведување на статусни промени и ден за пресметка на односот на замена на уделиЧлен 119-в
(1) Денот на спроведување на статусната промена е денот за пресметка на односот на замена на уделите од фондот преносител за удели во фондот преземач.
(2) Статусна промена се спроведува во рок од 60 дена од денот кога друштвото за управување со фондот преносител добило одобрение за припојување или спојување од страна на Комисијата.
(3) Статусната промена влегува во сила кога сите средства од фондот преносител се пренесуваат на фондот преземач и кога е направена пресметката за односот на замена на удели од фондот преносител за удели во фондот преземач.
(4) Рокот за распределување на уделите во фондот преземач е првиот работен ден по денот на спроведување на статусните промени.
Права и услови за спроведување на статусни промениЧлен 119-г
(1) По спроведување на статусна промена, нето-вредноста на имотот на фондот преземач мора да биде најмалку еднаква на нето-вредноста на имотот на фондот преносител и фондот преземач пред спроведување на статусна промена. Вкупната вредност на сите удели во фондот преземач кои се во сопственост на вложувач во удели во фондот по спроведување на статусна промена, мора да биде најмалку еднаква на вкупната вредност на уделите во фондот преносител кои биле во сопственост на тој вложувач, пред спроведување на статусната промена.
(2) Статусна промена на отворени инвестициски фондови е дозволена само доколку нејзиното спроведување не е во спротивност со интересите на сопствениците на удели во отворените инвестициски фондови кои учествуваат во статусната промена.
2. Припојување на отворени инвестициски фондови
Постапка на припојување на отворени инвестициски фондовиЧлен 119-д
(1) Пред пренесувањето на сите средства од фондот преносител на фондот преземач, друштвото за управување со фондот преносител е должно да добие одобрение за припојување од Комисијата.
(2) Доколку во постапката на припојување учествуваат повеќе фондови преносители со кои управува исто друштво за управување, друштвото за управување мора да добие одобрение за припојување за секој фонд преносител поединечно.
(3) Ако во постапката на припојување учествуваат повеќе фондови преносители со кои управуваат различни друштва за управување, секое друштво за управување кое управува со фонд преносител, мора да добие одобрение за припојување за секој фонд преносител со кој управува поединечно.
Барање за издавање одобрение за припојувањеЧлен 119-ѓ
(1) Друштвото за управување со фондот преносител е должно да поднесе барање за издавање одобрение за припојување до Комисијата.
(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член се приложува:
1) предлог акт за припојувањето во согласност со членот 119-е од овој закон;
2) проспект и клучни информации за сопствениците на удели во фондот преземач;
3) мислење на депозитарните банки за припојувањето согласно со членот 119-ж од овој закон и4) информацијата за припојувањето која ќе биде доставена до сопствениците на удели во фондот преносител и фондот преземач.
(3) Комисијата донесува решение за одобрување или одбивање на барањето од ставот (1) на овој член во рок од 60 календарски дена од денот на поднесување на барањето.
(4) Со решението за одобрување на припојувањето, се одобруваат и правилата на новиот фонд преземач.
(5) Против решението од ставот (3) на овој член може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(6) Жалбата од ставот (5) на овој член не го одлага извршувањето на решението.
Предлог акт за припојувањеЧлен 119-е
(1) Друштвата за управување кои управуваат со фондот преносител и фондот преземач се должни да изработат заеднички предлог акт за припојувањето.
(2) Предлог актот за припојување особено содржи:
1) име на отворените фондови кои учествуваат во постапката за припојување, назив и седиште на друштвата за управување кои управуваат со фондовите преносители и фондот преземач;
2) краток опис на причината за спроведување на припојувањето и оправданоста на припојувањето;
3) опис на очекуваното влијание од припојувањето врз сопствениците на удели во фондовите преносители и фондот преземач;
4) опис на начинот на вреднување на средствата и обврските на фондовите преносители и фондот преземач на денот на пресметка на односот на замена на уделите, согласно со членот 119-в од овој закон;
5) опис на методологијата која се применува за пресметка на односот на замена на денот на спроведување на припојувањето;
6) предвиден датум за спроведување на припојувањето и
7) детален опис на постапката за пренос на имотот на фондовите преносители на фондот преземач и на постапката за замена на уделите во фондот преносител за удели во фондот преземач.
(3) Покрај информациите од ставот (2) на овој член, друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач, можат да одлучат во предлог актот за припојување да внесат и дополнителни информации поврзани со постапката за припојување.
(4) Предлог актот за припојување го потпишуваат сите членови на органите на управување надруштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач.
(5) Доколку во постапката за припојување учествуваат повеќе фондови преносители, друштвата за управување со фондови преносители и друштвото за управување со фондот преземач изработуваат еден предлог акт за припојување.
(6) Доколку со фондот преносител и фондот преземач управува исто друштво за управување, истото тоа друштво го изработува предлог актот за припојување.
Мислење на депозитарните банки за припојувањетоЧлен 119-ж
(1) Депозитарните банки на отворените фондови кои учествуваат во постапката на припојување се должни, врз основа на предлог актот за припојување од членот 119-е од овој закон, самостојно и независно да подготват мислење за припојувањето за секој отворен фонд за кој ги вршат работите на депозитарна банка.
(2) Депозитарната банка во своето мислење мора изречно да наведе дали деталите утвредени во членот 119-е став (2) точки 1), 6) и 7) од овој закон се во согласност со одредбите од овој закон и правилата на фондот.
(3) Трошоците поврзани со изработката на мислењето на депозитарната банка за припојувањето не смеат да бидат на товар на имотот на отворените фондови кои учествуваат во постапката на припојување, туку истите се на товар на друштвото за управување со фондот преносител.
Известување на сопствениците на удели за припојувањетоЧлен 119-з
(1) Друштвата за управување со фондот преземач и фондот преносител се должни да обезбедат навремени и точни информации за сите факти и околности во врска со предложеното припојување за сите сопственици на удели во фондот преносител и фондот преземач, за да им овозможи да направат информирана проценка за влијанието на припојувањето врз нивните вложувања во фондот преземач, односно фондот преносител.
(2) Информациите од ставот (1) на овој член содржат:
1) краток опис на причината за спроведување на припојувањето и оправданоста за припојувањето;
2) очекувано влијание од припојувањето врз сопствениците на удели во фондот преносител и фондот преземач;
3) опис на правата на сопствениците на удели во фондот преносител и фондот преземач и постапка за остварување на тие права;
4) планиран датум за спроведување на припојувањето и
5) клучни информации за инвеститорите во фондот преземач.
(3) Друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач се должни да ги достават информациите од ставот (1) на овој член до сопствениците на удели, веднаш откако друштвото за управување со фондот преземач ќе добие одобрение за припојување, но најмалку 30 календарски дена пред прекинот на откупот во согласност со членот 119-к од овој закон.
(4) Комисијата поблиску ја пропишува содржината, формата и начинот на доставување на информациите до сопствениците на удели во фондот преносител и фондот преземач.
Ревизија на припојувањетоЧлен 119-ѕ
(1) Друштвото за управување со фондот преносител, заедно со неговата депозитарна банка должни се да назначат овластено друштво за ревизија (во натамошниот текст: овластен ревизор) кој ќе спроведе ревизија на постапката за припојување.
(2) Овластениот ревизор од ставот (1) на овој член е должен да спроведе ревизија на постапката за припојување на фондот преносител во период помеѓу денот за пресметка на односот на замена на удели и денот на спроведување на припојувањето.
(3) Овластениот ревизор кој врши ревизија на финансиските извештаи на друштвото за управување со фондот преносител може да ја изврши ревизијата од ставот (2) на овој член.
(4) Врз основа на спроведената ревизија од ставот (1) на овој член овластениот ревизор е должен да подготви извештај за спроведеното припојување кој го содржи следново:
1) прифатени критериуми за вреднување на имотот на фондот преносител и фондот преземач од членот 119-е став (2) точка 4 од овој закон;
2) исправноста за пресметка на парични исплати во согласност со членот 119-б, доколку е применливо;
3) соодветноста на методологијата за пресметка на односот на замена од членот 119-е став (2) точка 5 од овој закон и исправноста на пресметаниот однос на замена и
4) исполнетоста на условите и правата за спроведување на статусните промени од членот 119-г од овој закон.
(5) Друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач, се должни на овластениот ревизор да му обезбедат пристап до сите информации потребни за подготовка на извештајот од ставот (4) на овој член.
(6) Извештајот од ставот (4) на овој член, овластениот ревизор истовремено го доставува до Комисијата и управниот одбор, односно одборот на директори на друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач, вклучени во постапката за припојување.
(7) Доколку во постапката на припојување учествуваат повеќе фондови преносители, овластениот ревизор е должен да спроведе ревизија за секој фонд преносител поединечно. Друштвата за управување со фондовите преносители во договор со нивните депозитарни банки, можат да одредат ревизијата на фондовите преносители да ја спроведе ист овластен ревизор, кој ќе подготви единствен извештај за припојувањето, во кој податоците од ставот (4) на овој член се наведени за секој фонд преносител поединечно.
(8) Овластениот ревизор одговара за штетата што може да ја предизвика со извештајот од ревизијата за спроведеното припојување согласно со закон.
(9) Трошоците за ревизија не смеат да бидат на товар на имотот на отворените фондови кои учествуваат во постапката за припојување, туку истите се на товар на друштвото за управување со фондот преносител.
Пристап до податоците за припојувањеЧлен 119-и
(1) Друштвата за управување се должни на сопствениците на удели во фондот преносител и во фондот преземач, на нивно барање, бесплатно, да им обезбедат копија од извештајот од членот 119-ѕ став (4) од овој закон, но не подоцна од еден работен ден од денот на добивање на писмено барање.
(2) Копијата од извештајот од членот 119-ѕ став (4) од овој закон, на сопствениците на удели може да им се достави и по електронски пат.
Право на откуп на уделиЧлен 119-ј
(1) Сопствениците на удели во фондот преносител и фондот преземач може да бараат:
1) откуп на нивните удели во фондот преносител, односно фондот преземач без наплата на излезен надоместок или
2) друштвото за управување со фондот преносител да им ги замени уделите во фондот преносител за удели во друг отворен фонд со слична инвестициска политика со кој управува тоа друштво за управување или удели во отворен фонд, со кој управува друго друштво за управување кое со првото е поврзано преку заедничко управување или контрола, или преку значајно директно или индиректно учество во капиталот. Во тој случај не се наплатува излезен и влезен надоместок.
(2) Сопствениците на удели во фондот преносител и фондот преземач имаат право на откуп или замена на уделите под условите од ставот (1) на овој член, од денот на приемот на известувањето од членот 119-з од овој закон. Ова правото на сопствениците престанува со прекинот на сите издавања и откупувања на удели од фондот преносител и фондот преземач во согласност со членот 119-к став (1) од овој закон.
Спроведување на припојувањетоЧлен 119-к
(1) Друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач се должни да ги прекинат сите издавања и сите откупувања на удели од фондот преносител и фондот преземач, пет работни дена пред денот на пресметката на односот на замена.
(2) Друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач се должни за прекинот од ставот (1) на овој член да ја известат Комисијата и да го објават прекинот на веб-страницата на друштвата за управување најмалку три работни дена пред почеток на прекинот.
(3) Прекинот од ставот (1) на овој член трае заклучно со денот на спроведувањето на припојувањето, но не повеќе од 15 дена.
(4) Друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач се должни да го утврдат односот на замена на уделите од фондот преносител за удели во фондот преземачи можните парични исплати согласно со методологијата пропишана во предлог актот за припојување.
(5) Друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач се должни на денот на спроведување на припојувањето сите средства и обврски на фондот преносител да ги пренесат на фондот преземач согласно со предлог актот за припојување.
(6) Друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач се должни на денот на спроведување на припојувањето, на сопствениците на удели во фондот преносител, уделите во фондот преносител да им ги заменат со удели во фондот преземач согласно со пресметаниот однос на замена и доколку е применливо да им извршат исплата на парични средства, согласно со членот 119-б од овој закон.
(7) Друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач не смеат да пренесуваат средства или обврски и не смеат да вршат замена на удели во согласност со ставовите (4) и (5) на овој член без претходно позитивно мислење од овластениот ревизор за предложеното припојување.
(8) По спроведување на припојувањето фондот преносител престанува да постои.
(9) Друштвото за управување со фондот преземач може да ги пречекори ограничувањата на вложувањата од членот 67 од овој закон во период од најмногу 60 календарски дена од денот на спроведување на припојувањето.
Известување за спроведување на припојувањетоЧлен 119-л
(1) Друштвото за управување со фондот преземач е должно првиот работен ден по спроведеното припојувањето за тоа да ја извести Комисијата и депозитарната банка на фондот преземач.
(2) Комисијата е должна веднаш по добивање на известувањето од ставот (1) на овој член да го избрише фондот преносител од Регистарот на фондови.
(3) Друштвото за управување со фондот преземач е должно првиот работен ден по спроведување на припојувањето на својата веб-страница да објави информација за спроведеното припојување.
Конвалидација на грешки во постапката на припојувањеЧлен 119-љ
По спроведување на замената на уделите од фондот преносител за удели во фондот преземач, спроведеното припојување на фондовите не може да се прогласи за ништовно и неважечко.
Трошоци за припојувањеЧлен 119-м
Сите трошоци поврзани со постапката за припојување не смеат да бидат на товар на фондот преземач и фондот преносител, ниту пак на товар на нивните сопственици на удели, туку истите се на товар на друштвото за управување со фондот преносител.
Одговорност за штета на друштвата за управување и членовите на органите на управувањеЧлен 119-н
(1) Друштвата за управување со фондот преносител и фондот преземач и членовите на нивните органи на управување се одговорни за штетата која ќе настане кај сопствениците на удели во фондот преносител и фондот преземач како резултат на спроведување на припојувањето, освен ако докажат дека во постапката на припојување постапувале со должно внимание на добар стопанственик.
(2) Одговорноста за штетата на друштвата за управување и членовите на нивните органи на управување, како и постапката за надомест на штета и нејзино застарување, се утврдуваат и вршат согласно со Законот за облигационите односи.
3. Спојување на отворени инвестициски фондови
Постапка на спојување на отворени инвестициски фондовиЧлен 119-њ
(1) На постапката за спојување на фондовите преносители во фонд преземач соодветно се применуваат одредбите од членовите 119, 119-а, 119-б, 119-в, 119-г, 119-д, 119-ѓ, 119-е, 119-ж, 119-з, 119-ѕ, 119-и, 119-ј, 119-к, 119-л, 119-љ, 119-м и 119-н од овој закон со кои се уредува постапката за припојување на отворените фондови.
(2) Во постапката на спојување, заедно со предлог актот за спојување се доставуваат и правилата на новоорганизираниот фонд преземач.
(3) Комисијата може да го одбие барањето за издавање одобрение за спојување, доколку друштвото за управување со новиот фонд преземач кој се основа како резултат на спојувањето не ги исполнува условите за организирање на отворен инвестициски фонд согласно со овој закон.
(4) Друштвото за управување со фондот преземач може да ги пречекори ограничувањата од вложувањата од членот 67 од овој закон во период од најмногу шест месеци од денот на спроведување на спојувањето.
(5) На постапката на основање на фондот преземач се применуваат одредбите од глава IV, глава VI , освен одредбите од членот 58 од овој закон и глава XI од овој закон.
(6) На датумот на спроведување на спојувањето, фондовите преносители престануваат да постојат и Комисијата ги брише фондовите преносители од Регистарот на инвестициски фондови, а на новиот фонд преземач му доделува идентификациски број.
4. Ликвидација на отворени инвестициски фондови
Причини за ликвидација на отворени инвестициски фондовиЧлен 119-о
(1) Ликвидацијата на отворен фонд се спроведува доколку:
1) друштвото за управување по донесена одлука за престанок на вршење на работите на управување со инвестициски фондови во претходна постапка на доброволен пренос не успее да го пренесе управувањето со отворените фондови на друго друштво за управување;
2) депозитарната банка престане да ја врши функцијата на депозитарна банка или Комисијата ја одземе издадена согласност на депозитарната банка, а друштвото за управување во предвидениот рок согласно со одредбите од овој закон не склучи договор со друга депозитарна банка;
3) Комисијата му ја одземе дозволата за работа на друштвото за управување или над него е покрената постапка за стечај или ликвидација, а доколку во постапка на присилен пренос не успее да го пренесе управувањето со отворениот фонд на ново друштво за управување согласно со одредбите од овој закон и
4) депозитарната банка не може да спроведе присилен пренос на управувањето со инвестицискиот фонд согласно со членот 30-ѕ од овој закон.
(2) По настапување на причините за ликвидација од ставот (1) на овој член, друштвото за управување, односно ликвидаторот веднаш донесува одлука за ликвидација на отворените фондови.
Ликвидација на отворени инвестициски фондовиЧлен 120
(1) Ликвидацијата на отворениот фонд ја спроведува друштвото за управување, освен во случаите кога друштвото за управување е во стечај или Комисијата привремено или трајно му ја одзела дозволата за работа.
(2) Во случај да не може да се спроведе ликвидација на отворениот фонд од друштвото за управување од причини наведени во ставот (1) на овој член, ликвидацијата ја спроведува депозитарната банка.
(3) Доколку депозитарната банка на отворениот фонд е под стечај или Народната банка на Република Северна Македонија привремено или трајно и ја одзела дозволата за работа на депозитарната банка на отворениот фонд, ликвидацијата ја спроведува ликвидатор на отворениот фонд именуван од страна на Комисијата.
(4) Комисијата поблиску ги пропишува постапката, трошоците и роковите за ликвидација на отворените фондови.
Права, обврски и одговорност на ликвидаторотЧлен 121
(1) Ликвидаторот е должен во рок од седум дена од донесување на одлуката за ликвидација, да ја извести Комисијата и сите вложувачи во отворениот фонд, во случај кога како ликвидатор се јавува друштвото за управување или депозитарната банка.
(2) Ликвидаторот кој е назначен од страна на Комисијата е должен во рок од седум дена од денот на назначување, за ликвидацијата на отворениот фонд да ги извести сите вложувачи во отворениот фонд.
(3) По донесување на одлуката за ликвидација, се забранува секоја продажба или откуп на уделите во отворениот фонд, освен барањата кои се примени по утврдување на последната цена, а пред донесување на одлуката за ликвидација, со што трансакциите со имотот на фондот можат да се извршуваат исклучиво за потребите на ликвидацијата на фондот.
(4) Од денот на донесување на одлуката за ликвидација, односно од денот на назначување на ликвидатор на отворениот фонд не се наплатуваат надоместоци, освен надоместокот на депозитарната банка, трошоци за постапката за ликвидација и нејзината ревизија и трошоците за поднесување на полугодишни или ревидирани годишни извештаи на вложувачите во фондот, настанати во текот на траењето на постапката за ликвидација на фондот.
(5) Ликвидаторот е должен до Комисијата да достави завршен извештај за ликвидацијата и за спроведување на ликвидацијата.
Завршување на постапката за ликвидација на отворениот инвестициски фондЧлен 122
Во постапката за спроведување на ликвидацијата на отворениот фонд, целиот имот на фондот се продава, а обврските на фондот достасани до денот на донесување на одлуката за ликвидација се намируваат.
Распределаба на преостанатата нето вредност на имотот на отворениот инвестициски фондЧлен 123
Преостанатата нето вредност на имотот на отворениот фонд се распределува на сопствениците на удели сразмерно на нивните удели во фондот по спроведување на постапката од членот 121 на овој закон.
Спојување и ликвидација на затворен инвестициски фондЧлен 124
Спојувањето и ликвидацијата на затворениот фонд се спроведува во согласност со одредбите на Законот за трговските друштва.
XIII. ПРОДАЖБА НА УДЕЛИ, ОДНОСНО АКЦИИ ВО ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ
Овластени лица за продажба на удели, односно акции во инвестицискиот фондЧлен 125
(1) Продажбата на уделите во отворениот, односно акциите во затворениот фонд ја вршат друштвата за управување.
(2) Покрај друштвото за управување продажбата на уделите, односно акциите во инвестициски фонд можат да ја вршат правни и физички лица кои склучуваат договор за посредување со друштвото за управување, и тоа:
– овластена банка согласно со Законот за банките,
– инвестициски агенти,
– брокерска куќа со дозвола за работа добиена од Комисијата и
– подружница на странска брокерска куќа која има добиено дозвола за работа од Комисијата.
Дозвола за работење на инвестициски агентЧлен 125-а
(1) Секое физичко лице кое има намера да врши работи на инвестициски агент е должно да поднесе барање до Комисијата за добивање на дозвола за работење на инвестициски агент.
(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член се доставува доказ дека лицето ги исполнува следниве услови:
1) е државјанин на Република Северна Македонија или ако е странец да има регулиран статус на странец во Република Северна Македонија согласно со закон;
2) не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на професија, дејност или должност во областа на банкарството, сметководството, осигурувањето, управувањето со средства и инвестирање, управување со пензиски фондови или други финансиски услуги;
3) има завршено најмалку средно образование;
4) има склучено договор за продажба со друштво за управување со инвестициски фондови и
5) има поминато соодветна обука организирана од друштвото за управување со кое има склучено договор.
(3) По барањето од ставот (1) на овој член Комисијата, во рок од 30 календарски дена од денот на доставувањето на барањето, донесува решение со кое издава дозвола за работење на инвестициски агент или го одбива барањето.
(4) Друштвото за управување е одговорно за сите настанати штети кои ќе произлезат од работата на инвестицискиот агент со кој друштвото има склучено договор за продажба.
(5) Комисијата со решение ја одзема дозволата за работење на инвестициски агент, доколку:
1) дозволата е добиена со наведување на невистинити податоци;
2) лицето повеќе не ги исполнува условите од ставот (2) на овој член и
3) утврди дека лицето не ги почитува одредбите од овој закон.
(6) Дозволата за работење на инвестициски агент престанува да важи доколку друштвото за управување го раскине договорот за продажба со инвестицискиот агент.
(7) Доколку се раскине договорот за продажба на инвестицискиот агент за да истиот може да работи како инвестициски агент на друго друштво за управување, е должен да склучи договор со новото друштво за управување, да помине соодветна обука организирана од тоа друштво и одново да биде запишан во регистарот на инвестициски агенти.
(8) Комисијата води регистар на инвестициски агенти и истиот го објавува на својата веб-страница. Регистарот ги содржи особено следниве податоци:
– име и презиме на инвестицискиот агент,
– друштво за управување за кое работи,
– датум на кој е издадена дозволата за работа од Комисијата и
– датум на одземање на дозволата за работа, односно прекинување на важноста на дозволата за работа од Комисијата.
(9) Барањето за запишување во регистарот, во името на инвестицискиот агент до Комисијата го поднесува друштвото за управување.
(10) Комисијата го брише од регистарот на инвестициски агенти секое лице на кое му е одземена дозволата за работење на инвестициски агент или на барање на друштвото за управување доколку се раскине договорот за продажба согласно со ставот (6) на овој член.
(11) Против решението од ставот (3) на овој член може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(12) Жалбата од ставот (11) од овој член не го одлага извршувањето на решението.
Прекин на вршење на работите на продажбата на удели, односно акции во инвестициските фондовиЧлен 126
(1) Правните и физичките лица од членот 125 став (2) на овој закон не смеат да вршат работи на продажба на удели во отворениот, односно акции во затворениот фонд во време во кое привремено им е одземена дозволата за работа.
(2) Правните и физичките лица од членот 125 став (2) на овој закон за одземањето на дозволата за работа треба веднаш да го известат друштвото за управување со кое склучиле договор за продажба.
Начин и услови на продажбатаЧлен 127
Правните и физичките лица од членот 125 став (2) на овој закон овластени за продажба на удели, односно акции во инвестициските фондови се должни:
– да им овозможат увид на инвеститорите во сите релевантни документи и податоци, проспектот, извештаите, цените и евентуално други податоци неопходни за инвеститорите при носење на одлуката за инвестирање,
– да проверат дали обрасците за барањето за откуп се правилно пополнети,
– навремено да ги достават налозите за продажба и откуп на друштвото за управување,
– во промовирање и давање на податоци за инвестицискиот фонд да ги користат исклучиво проспектот, извештаите и рекламните материјали кои ќе ги одобри друштвото за управување,
– да не даваат лажни податоци или податоци кои вложувачите можат да ги доведат во заблуда за состојбата на инвестицискиот фонд, ниту податоци за целите на вложувањата, ризиците, цената, приходите или кои било други податоци поврзани со фондот или со друштвото за управување, ниту податоци кои отстапуваат од содржината на проспектот, статутот или извештаите на фондот,
– да одговараат пред друштвото за управување за грешките или пропустите на своите вработени за секое непридржување кон овој закон,
– да ги запознаат потенцијалните инвеститори за износот на провизија за извршување на продажбата на уделите или акциите во инвестицискиот фонд, и тоа како процент од влезниот надомест, годишниот надомест за управување или излезниот надомест,
– да обезбедат дека предложениот инвестициски фонд или фондови одговараат на потребата на заинтересираните лица и
– да постапуваат во согласност со овој закон.
Надомест на лица овластени за продажба на акции или удели во инвестициските фондовиЧлен 128
Правните и физичките лица од членот 125 став (2) на овој закон примаат надомест за работата исклучиво од друштвото за управување.
XIV. КОНТРОЛА И НАДЗОР
1. Контрола од страна на Комисијата за хартии од вредност
Член 129
(1) Комисијата врши контрола над работењето на друштвата за управување, отворените и затворените фондови и депозитарната банка во делот на работењето на инвестициските фондови.
(2) Регулаторното тело од земјата членка на ЕУ или на ОЕЦД надлежно за контролирање на учесниците на пазарот на капитал може да бара од Комисијата да спроведе постапка за контрола над работењето на подружницата со цел на тој начин да се забрза и поедностави постапката за контрола во согласност со начелата за ефикасност, економичност и постапување во предвидениот рок. Под исти услови може да се овластат и лица овластени од страна на регулаторното тело од земјата членка на ЕУ или на ОЕЦД за учество во постапката на контрола.
(3) Комисијата може без ограничување да ги прегледува деловните книги и другите документи на друштвата за управување, инвестициските фондови и депозитарните банки во делот на работењето на инвестициските фондови.
Начин на вршење на контролатаЧлен 130
(1) Комисијата може да врши редовна и вонредна контрола.
(2) Според начинот на извршување контролата може да биде посредна и непосредна.
(3) Посредната контрола опфаќа континуирано следење и проверка на податоците од извештаите, извесувањата, деловните евиденции и другите документи кои друштвата за управување, отворените и затворените фондови и депозитарната банка во делот на работењето на инвестициските фондови се должни да ги доставуваат до Комисијата согласно со овој закон.
(4) Непосредната контрола се спроведува преку вршење директен увид на податоците од редовното работење во просториите на контролираниот учесник на пазарот на хартии од вредност заради утврдување на законитоста во неговото работење. Непосредната контрола може да се врши со или без претходна најава, по своја оцена и како дел од редовното работење на Комисијата.
(5) Трошоците на контролата се на товар на друштвото за управување.
(6) Комисијата поблиску го пропишува начинот и постапката за вршење на контролата од ставот (3) на овој член.
Мерки на КомисијатаЧлен 131
(1) Ако при контролата од членот 129 на овој закон Комисијата утврди неправилности во работењето, или во водењето на деловните книги ќе донесе решение со кое ќе му наложи на друштвото за управување, односно на депозитарната банка, утврдените неправилности и незаконитости во нивното работење да ги отстрани во определен рок, но не подолг од 30 календарски дена.
(2) Друштвото за управување, односно депозитарната банка е должно во рокот од ставот (1) на овој член да ги отстрани неправилностите и да ја извести Комисијата, со приложување на докази дека недостатоците или неправилностите се отстранети или исправени.
(3) Освен мерката од ставот (1) на овој член Комисијата може да донесе и решение за привремена забрана на работењето на друштвото за управување или депозитарната банка во делот на работењето на инвестициските фондови.
(4) Против решението на Комисијата од ставот (3) на овој член може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на истото.
(5) Жалбата од ставот (4) на овој член не го одлага извршувањето на решенијата од овој член.
Јавна опомена на друштвото за управување со инвестициски фондовиЧлен 132
(1) Комисијата може да донесе решение за изрекување јавна опомена на друштвото за управување и на извршниот член на одборот на директори, односно на претседателот на управниот одбор на друштвото за управување.
(2) При одлучувањето за изрекување јавна опомена Комисијата ја зема предвид тежината на повредата и околноста дали на друштвото за управување и на извршниот член на одборот на директори, односно на претседателот на управниот одбор на друштвото за управување веќе им е изречена јавна опомена.
(3) Комисијата јавно го објавува диспозитивот од решението по неговата конечност во најмалку два дневени весника во Република Северна Македонија.
Јавна опомена на депозитарната банкаЧлен 133
(1) Комисијата може да донесе решение за изрекување јавна опомена на депозитарната банка во делот на работењето со инвестициските фондови и на директорот на организациониот дел од банката кој ја врши услугата чувар на имот.
(2) При одлучувањето за изрекување јавна опомена Комисијата ја зема предвид тежината на повредата и околноста дали на депозитарната банка во делот на работењето со инвестициските фондови и на директорот на организациониот дел од банката кој ја врши услугата чувар на имот им е изречена јавна опомена.
(3) Комисијата јавно го објавува диспозитивот од решението по неговата конечност во најмалку два дневени весника во Република Северна Македонија.
Обврски за известувањеЧлен 134
(1) Друштвата за управување и депозитарната банка се должни редовно да доставуваат извештаи за своето работење до Комисијата.
(2) Комисијата може привремено да ја одземе дозволата за работа на друштвото за управување и одобрението за избор на депозитарната банка заради непочитувањето на обврската од ставот (1) на овој член.
(3) Комисијата поблиску ги пропишува задолжителната содржина, формата и роковите за доставување на извештаите за работењето од страна на инвестициските фондови, друштвата за управување и депозитарната банка.
2. Надзор
Овластување за спроведување надзорЧлен 135
(1) Комисијата е овластена да спроведува надзор заради утврдување дали друштвото за управување, депозитарната банка и затворениот фонд го прекршиле овој закон и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
(2) Надзорот го вршат овластени лица вработени во Комисијата.
XV. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Прекршочен органЧлен 136
(1) За прекршоците утврдени со овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.
ПосредувањеЧлен 137ИзбришанПостапка за издавање на прекршочен платен налогЧлен 137-а
(1) Пред поведување на прекршочната постапка за прекршоците утврдени со овој закон, овластеното службено лице во Комисијата на сторителот на прекршокот му дава предлог за порамнување со издавање на прекршочен платен налог, согласно со Законот за прекршоците.
(2) Овластеното службено лице е должно да води евиденција за издадените прекршочни платни налози од ставот (1) на овој член и за исходот на покренатите постапки.
(3) Личните податоци од ставот (2) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.
(4) Формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот (1) на овој член ja пропишува Комисијата
Член 138
(1) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото за управување, ако:
1) постапува спротивно на членот 4 од овој закон;
2) не постапува согласно со членот 5 од овој закон;
3) ги пренесе за извршување активностите од членот 6 став (1) точка 1 на овој закон на трети лица;
4) не побара согласност од Комисијата согласно со членот 8 став (2) од овој закон;
5) започне да врши работи поврзани со управување на инвестициски фонд пред добивање на дозвола за работење од Комисијата согласно со одредбите од членот 9 став (1) на овој закон;
5-а) доколку врши активности надвор од Република Северна Македонија без претходна согласност од Комисијата согласно со членот 12 од овој закон;
6) врши активности кои се забранети согласно одредбите од членот 25 став (1) на овој закон;
6-а) спротивно на членот 30-а став (3) од овој закон започне постапка за доброволен пренос, без одобрение од Комисијата;
6-б) во постапката на доброволен пренос не го пренесе на друштвото преземач целокупниот имот на инвестицискиот фонд согласно со членот 30-а став (5) од овој закон;
6-в) спротивно на членот 30-а став (6) од овој закон на сопствениците на удели во инвестицискиот фонд им наплати излезен надоместок за откуп на уделите;
6-г) спротивно на членот 30-б) став (1) од овој закон, започне постапка за доброволен пренос;
6-д) не го објави известувањето на веб-страницата на друштвото, согласно со членот 30-в став (1) од овој закон;
6-ѓ) не ги извести Комисијата и сопствениците на удели во инвестицискиот фонд согласно со членот 30-в) од овој закон;
6-е) не ја извести Комисијата за сите постапки и активности поврзани со преносот, согласно со членот 30-г став (2) од овој закон;
6-ж) не склучи договор за пренос на управување со депозитарната банка согласно со членот 30-е став 3) од овој закон;
6-з) кога се јавува во улога на друштво преземач при присилен пренос на управувањето со инвестициски фонд не поднесе барање за издавање на одобрение согласно со членот 30-ж од овој закон;
6-ѕ) не го пренесе управувањето во рокот пропишан во членот 30-ж став (3) од овој закон;
6-и) спротивно на членот 30-ж став (4) од овој закон на сопствениците на удели во инвестицискиот фонд им напалати излезен надоместок за откуп на удели;
6-ј) не ги објави потребните инфомации за процесот на пренос на управување согласно со членот 30-з став (1) од овој закон;
7) избере депозитарна банка која ќе ги чува средствата на инвестициските фондови без претходно добиено одобрение за избор од страна на Комисијата согласно со членот 39 од овој закон;
8) нуди акции или удели на инвестицискиот фонд за продажба пред да добие одобрение за објава на проспектот од страна на Комисијата согласно со членот 54 од овој закон;
8-а) не постапува согласно со членот 54-а од овој закон;
8-б) не изготви клучни информации за инвеститорите согласно со членот 54-б од овој закон;
9) не ги достави до Комисијата промените на клучните информации пред нивното објавување во јавност согласно со членот 54-б од овој закон;
10) вложувањата во имот за сметка на отворениот фонд не ги врши во согласност со членот 66 од овој закон;
11) не ги почитува ограничувањата за вложувања одредени во членот 67 од овој закон, а не се работи за случај од членот 68 став (2) на овој закон;
12) вложувањата во имот за сметка на затворениот фонд не ги врши во согласност со членот 90 од овој закон;
13) не ги почитува ограничувањата на вложувањата одредени во членот 91 став (1) од овој закон, а не се работи за случај од членот 92 став (2) на овој закон;
13-а) не поднесе барање до Комисијата за основање на фонд напојувач согласно со членот 98-в од овој закон;
13-б) не ги извести сопствениците на удели согласно со членот 98-ѓ од овој закон;
13-в) не ги достави до депозитарната банка потребните информации согласно со членот 98-ѕ од овој закон;
13-г) не ги вложува средствата согласно со членот 98-к од овој закон;
13-д) спротивно на одредбите од членот 98-њ од овој закон му наплатува влезна и излезна провизија на фондот напојувач;
13-ѓ) не ја достави потребната документација до сопствениците на удели согласно со членот 98-о од овој закон;
13-е) при рекламирањето не постапува согласно со членот 98-п од овој закон;
13-ж) при спроведување на постапката за ликвидација на главниот фонд не постапува согласно со членот 98-с од овој закон;
13-з) во постапката за спојување на главниот фонд со друг отворен фонд не постапува согласно со членот 98-т од овој закон;
13-ѕ) не постапува согласно со членот 98-ќ од овој закон;
14) врши продажба на уделите во фондот спротивно на одредбите од членот 105 на овој закон;
15) врши откуп на уделите во фондот спротивно на одредбите од членот 106 на овој закон;
16) не постапува согласно со одредбите од членот 109 на овој закон;
17) не достави извештај согласно со одредбите од членот 113 на овој закон;
18) извештаите не се изготвени согласно со одредбите од членовите 114 и 115 на овој закон.
18-а) спротивно на одредбите од членот 119-д од овој закон, започне постапка на спојување, односно припојување без одобрение на Комисијата;
18-б) не изработи заеднички предлог акт за припојувањето во постапката за припојување согласно со членот 119-е од овој закон;
18-в) не ги извести сите сопственици на удели во фондот преземач, односно фондот преносител за сите активности и околности во врска со припојувањето согласно со членот 119-з од овој закон;
18-г) не ја прекине продажбата и откупот на удели во фонодот преносител, односно фондот преземач согласно со членот 119-к став (1) од овој закон;
18-д) не ја извести Комисијата за прекинот на продажба и откуп на удели и не го објави на веб-страницата на друштвото согласно со членот 119-к став (2) од овој закон;
18-ѓ) не го утврди односот на замена на уделите од фондот преносител во фондот преземач и можните парични исплати согласно со членот 119-к став (4) од овој закон;
18-е) на денот на спроведување на припојувањето не го пренесе целокупниот имот и обврските на фондот преносител на фондот преземач согласно со членот 119-к став (5) од овој закон;
18-ж) на денот на спроведување на припојувањето на сопствениците на удели во фондот преносител не им ги замени уделите за удели во фондот преземач согласно со членот 119-к став (6) од овој закон;
18-з) ги пречекори ограничувањата од вложувањата од членот 67 од овој закон повеќе од шест месеци од денот на спроведување на спојувањето согласно со членот 119-њ став (4) од овој закон.
(2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
(3) За сторените прекршоци од членовите 9 став (1), 25 став (1) и 54 на овој закон, на одговорното лице во правното лице може да му се изрече забрана на вршење должност во траење до една година..
Член 138-а
(1) Глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото за управување, ако:
1) не склучи договор во писмена форма со клиентот согласно со членот 7 од овој закон;
2) членовите на управниот одбор, односно извршните членови на одборот на директори на друштвото за управување го пренесат правото на застапување на друштвото на трети лица согласно со членот 18 став (3) од овој закон;
3) не ја почитува процедурата за должностите врзани со работењето, согласно со одредбите од членот 21 на овој закон;
4) не воспостави систем на управување со ризици согласно со членот 22 од овој закон;
5) не ги доставува извештаите до Комисијата согласно со членот 27 од овој закон;
6) не ги чува на електронски медиум документите и податоците на сопствениците на удели, односно акционерите на инвестициските фондови со кои управува согласно со членот 30 од овој закон;
7) не ја извести депозитарната банка за намерата за прекин на депозитарниот договор во рокот наведен во членот 45 став (1) од овој закон;
9) постапува спротивно на одредбите од членот 56 на овој закон;
10) освен влезен, излезен надоместок и трошоци за печатење на обрасци за запишување на удели согласно со членот 61 од овој закон, наплаќа и други трошоци кои не се утврдени со статутот и проспектот на фондот;
11) влезниот и излезниот надомест ги наплати спротивно на одредбите од членот 61 на овој закон;
12) наплатува надоместоци спротивно на одредбите од членот 62 на овој закон;
13) книжи трошоци на товар на отворениот фонд, а кои не се опфатени со одредбите во членот 62 од овој закон;
14) показателот на вкупните трошоци на отворениот фонд ја пречекори границата одредена во членот 64 од овој закон;
14-а) по пречекорување на ограничувањата не ги усогласи вложувањата на отворениот фонд согласно со членот 68 став (2) од овој закон;
15) надоместоците за организирање на затворениот фонд се пресметуваат спротивно на одредбите од членот 75 на овој закон;
16) од имотот на затворениот фонд се плаќаат трошоци кои не се наведени во одредбите од членот 76 став (1) на овој закон;
17) показателот на вкупните трошоци на затворениот фонд ја пречекорува границата одредена во членот 78 од овој закон;
17-а) не ја известува Комисијата согласно со членот 98-н од овој закон;
18) постапи спротивно на членот 99 од овој закон;
19) не се придржува кон начелата и методологијата за утврдување на вредноста на имотот согласно со членот 101 од овој закон;
20) не постапува согласно со одредбите од членот 111 на овој закон;
21) не достави извештаи до акционерите и вложувачите согласно со одредбите од членот 112 на овој закон;
21-а) на сопствениците на удели во фондот со кој управува не им обезбеди копија од извештајот согласно со членот 119-и од овој закон;
21-б) првиот работен ден по припојувањето не ја извести Комисијата и депозитарната банка на фондот преземач за спроведеното припојување согласно со членот 119-л од овој закон и
22) редовно не ги доставува извештаите за работењето до Комисијата согласно со одредбите од членот 134 став (1) на овој закон.
(2) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 138-б
На друштвото за управување кое направило прекршоци од членот 138 став (1) на овој закон, може да му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејноста за организирање и управување на инвестициски фондови во траење до две години.
Член 138-в
(1) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото за управување од трета земја, ако:
1) основа филилијала во Република Северна Македонија без претходно добиена согласност од Комисијата согласно со членот 11 од овој закон;
2) на потенцијалните инвеститори не им ги обезбеди потребните документи и информации согласно со членот 11-б од овој закон;
3) филијалата која ја основа во Република Северна Македонија не располага и не го одржува потребниот износ на средства согласно со членот 11-в од овој закон.
(2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице.
Член 139
(1) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото за управување со приватен фонд ако основа фонд спротивно на членот 94 од овој закон.
(2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 139-а
(1) Глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото за управување со приватен фонд ако:
1) не изготви годишен финансиски извештај за своето работење согласно со членот 35-a став (1) од овој закон;
2) не ги достави годишните ревидирани финансиски извештаи согласно со членот 98 од овој закон;
3) не достави пријава за запишување на приватниот фонд во Регистарот на фондови согласно со членот 97 став (2) од овој закон.
(2) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 140
(1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице – микро трговец, од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – мал трговец, од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – среден трговец и од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – голем трговец, ако:
1) кое стекнало квалификувано учество во друштво за управување спротивно на членот 13 ставови (1) и (3) од овој закон и
2) кое не постапило согласно со членот 16 став (3) од овој закон.
(2) Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 140-а
(1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице – микро трговец, од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – мал трговец, од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – среден трговец и од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – голем трговец, ако не ја извести Комисијата согласно со членот 13 став (6) од овој закон.
(2) Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 140-б
Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице:
1) кое стекнало квалификувано учество во друштво за управување спротивно на членот 13 ставови (1) и (3) од овој закон и
2) кое не постапило согласно со членот 16 став (3) од овој закон.
Член 140-в
Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако не ја извести Комисијата согласно со членот 13 став (6) од овој закон.
Член 141
Глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече за прекршок на брокерска куќа, подружница на странска брокерска куќа и овластена банка доколку постапат спротивно на одредбите од членот 13 став (7) на овој закон.
Член 142
(1) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на депозитарната банка, ако:
1) чува средства на инвестициски фондови без претходно добиено одобрение за избор од страна на Комисијата согласно со членот 39 од овој закон;
1-а) при присилен пренос на управувањето со отворени инвестициски фондови не постапува согласно со членот 30-ѓ од овој закон;
1-б) по настапување на причините за присилен пренос на управување со инвестициски фонд не спроведе постапка на прибирање на понуди од друштва за управување согласно со членот 30-е став (1) од овој закон;
1-в) не склучи договор за пренос на управување со друштво преземач согласно со членот 30-е став 3) од овој закон;
1-г) не ги објави потребните инфомации за процесот на пренос на управување согласно со членот 30-з став (1) од овој закон;
1-д) не ги извести сопствениците на удели во инвестицискиот фонд чие управување се пренесува согласно со членот 30-з став (2) од овој закон.
3) не изврши една од работите наведени во членот 41 од овој закон;
4) не го води имотот на инвестицискиот фонд согласно со членот 44 од овој закон;
5) не постапува согласно со одредбите од членот 46 на овој закон и
6) не постапува согласно со одредбите од членот 109 на овој закон и
5-а) не подготви мислење за припојувањето согласно со членот 119-ж од овој закон за секој отворен фонд за кој ги врши работите на депозитарна банка.
(2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 142-а
(1) Глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на депозитарната банка, ако:
1) постапува спротивно на членот 43 од овој закон и
2) не го извести друштвото за управување за намерата за прекин на депозитарниот договор во рокот наведен во членот 45 став (1) од овој закон.
(2) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 142-б
(1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице – затворен фонд – микро трговец, од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – затворен фонд – мал трговец, од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – затворен фонд – среден трговец и од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – затворен фонд – голем трговец, ако:
1) не ја одржува нето вредноста на имотот на фондот согласно со членот 72 од овој закон;
2) постапи спротивно на членот 73 став (2) од овој закон;
3) започне запишување на акции во фондот без претходно добиено одобрение за основање од страна на Комисијата согласно со членот 74 од овој закон и
4) постапува спротивно на членот 103 став (1) од овој закон.
(2) Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
(3) За сторениот прекршок од членот 74 на овој закон, на одговорното лице во правното лице може да му се изрече забрана на вршење должност во траење до една година.
Член 142-в
На депозитарната банка која направила прекршок од членот 142 став (1) на овој закон може да и се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на работи на депозитарна банка за инвестициските фондови во траење до две години.
Член 143
(1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице – микро трговец, од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – мал трговец, од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – среден трговец и од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – голем трговец, доколку правното лице кое во име на друштвото за управување е овластено да врши продажба на акции или удели доколку не постапува согласно одредбите од член 127 од овој закон.
(2) Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
Член 143-а
Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице – инвестициски агент кое во име на друштвото за управување е овластено да врши продажба на акции или удели доколку не постапува согласно со одредбите од членот 127 од овој закон.
Член 144
Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на ревизор на отворениот фонд доколку:
1) не врши проверка на работењето согласно со членот 100 став (3) од овој закон и
2) не спроведе ревизија врз постапката за припојување на фондот преносител и не изготви извештај за припојувањето согласно со членот 119-ѕ од овој закон.
Член 144-а
(1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице во Комисијата, доколку не донесе решение во рокот од членовите 10 став (1), 12 став (1), 15 став (1), 17, ставови (4) и (5), 19, ставови (1) и (2), 39 став (5), 52, став (4), 54 став (2), 60, став (6) и 71 став (2) од овој закон.
(2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од Комисијата, доколку во рокот утврден во членовите 14 став (3), 18 став (6) и 70 став (6) од овој закон не ги побара потребните податоци, докази и документи.
(3) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице во надлежниот јавен орган, доколку во рокот утврден во членовите 14 став (4), 18 став (7) и 70 став (7) од овој закон не ги обезбеди бараните податоци, докази и документи.
(4) За прекршоците од ставовите (1), (2) и (3) од овој член прекршочни постапки води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.
Член 145
Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на член на надзорниот одбор на затворениот фонд, доколку не потпише договор согласно со членот 87 од овој закон.
Одмерување на висина на глобиЧлен 145-а
Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно Законот за прекршоците.
Застареност на поведување и водење на прекршочна постапкаЧлен 146ИзбришанЗастареност на извршувањето на прекршочните санкцииЧлен 146-aИзбришан
XVI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 147
Трговските друштва основани до денот на влегувањето во сила на овој закон, кои во името на фирмата или дејноста ги содржат зборовите „инвестициски фонд“, како и зборови изведени од зборовите „инвестициски фонд“ се должни да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон кои се однесуваат на формата, организацијата, висината на основната главнина, главнината и дејноста, како и начинот на управување и застапување со инвестициските фондови, во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 148
Започнатите постапки за основање на друштвата за управување и инвестициските фондови до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе бидат завршени согласно со одредбите на Законот за инвестициони фондови („Службен весник на Република Македонија“ број 7/2000 и 29/2007).
Член 149
(1) Друштвата за управување и инвестициските фондови кои се основани до денот на влегувањето во сила на овој закон се должни да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон во рок од една година од денот на неговото влегување во сила.
(2) Доколку друштвата за управување и инвестициските фондови од ставот (1) на овој член, не го усогласат своето работење согласно со одредбите од овој закон, дозволата за работење издадена од Комисијата, престанува да важи во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.
(3) Комисијата во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе определи идентификациски број на секој фонд кој до денот на влегувањето во сила на овој закон добил одобрение за организирање или основање и ќе ги усогласи податоците за овие фондови кои се запишуваат во Регистарот на фондови согласно со овој закон.
Член 150
(1) Одредбите од членовите 27 став (1) точка б) и 113 став (1) на овој закон ќе се применуваат од 1 јануари 2011 година.
Член 151
(1) Над инвестициските фондови основани до денот на влегувањето во сила на овој закон, кои во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон, не постапат согласно со одредбите од членот 149 на овој закон, ќе се спроведе постапка за ликвидација. Постапката за ликвидација ја поведува Комисијата по службена должност.
(2) Ликвидацијата на инвестициските фондови од ставот (1) на овој член се спроведува согласно со одредбите на членовите 120, 121, 122, 123 и 124 од овој закон.
Член 152
(1) Комисијата прописите предвидени со овој закон ќе ги донесе во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.
(2) До денот на влегувањето во сила на прописите од ставот (1) на овој член ќе се применуваат постојните прописи.
Член 153
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за инвестициони фондови („Службен весник на Република Македонија“ број 7/2000 и 29/2007).
Член 154 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
ОДРЕДБИ ОД ДРУГИ ЗАКОНИ
Закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/2013):
Член 8
Започнатите постапки по жалби до денот на започнувањето на примената на одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, и 7 од овој закон ќе завршат согласно со Законот за инвестициски фондови (“Службен весник на Република Македонија” број 12/2009, 67/10 и 24/11) во рок од 30 дена од денот на започнувањето на примената на одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, и 7 од овој закон.
Доколку Комисијата за решавање на жалби од областа на пазарот на хартии од вредност во рокот од ставот 1 на овој член не ги реши предметите по жалби е должна во рок од десет дена да ги достави до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен за решавaње и за тоа во рок од пет дена да ги извести подносителите на жалбите.
Предметите по жалби кои до денот на започнувањето на примената на одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, и 7 од овој закон не се примени за решавање од Комисијата за решавање на жалби од областа на пазарот на хартии од вредност, Комисијата во рок од 30 дена од денот на започнувањето на примената на одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, и 7 од овој закон ќе ги достави до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен за решавање и за тоа во рок од десет дена ќе ги извести подносителите на жалбите.
Закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/2013):
Член 9
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, и 7 од овој закон ќе започнат да се применуваат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/2015):
Член 20
Подзаконскиот акт чие донесување е утврдено со овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/2015):
Член 21
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016):
Член 18
Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 19
Започнатите постапки до денот на започнувањето со примената на овој закон ќе завршат според законот по кој започнале.
Закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016):
Член 20
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ брoј 124/15).
Закон за изменување на Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/2020):
Член 21
Започнатите прекршочни постапки до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе завршат согласно со Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Македонија” број 12/2009, 67/10, 24/11, 188/13, 145/15 и 23/16).
Закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/2021):
Член 64
(1) Започнатите постапки за основање на друштвата за управување со инвестициските фондови, основање на инвестициски фондови, за припојување на отворени фондови и постапки за основање на подружница или друштво за управување со инвестициски фондови надвор од Република Северна Македонија до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се завршат согласно со Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Македонија“ број 12/2009, 67/10, 24/11, 188/13, 145/15, 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 31/20).
(2) Друштвата за управување, инвестициските фондови и депозитарните банки кои се основани до денот на влегувањето во сила на овој закон се должни да го усогласат своето работење со одредбите на овој закон во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.
(3) Комисијата во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе определи нови идентификациски броеви за секој инвестициски фонд.
(4) Доколку субјектите од ставот (2) на овој член не го усогласат своето работење во рокот од ставот (2) на овој член, Комисијата ќе донесе решение за одземање на дозволата за работа согласно со овој закон.
Член 65
Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/2021):
Член 66
Одредбите од членовите 11, 11-а, 11-б, 11-в, 11-г, 11-д, 11-ѓ, 11-е, 12-б, 12-в и 12-г, членот 98-а став (1) точка д), членот 98-в став (2) точка 7), членот 98-ж став (4), членот 98-з став (3), членот 98-и ставови (5) и (6), членот 98-н став (3), членовите 98-ф и 98-х и членот 98-ц ставови (2) и (3) од овој закон ќе се применуваат со пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.