Skip to content

Хартии од вредност

Што се хартии од вредност?

Хартиите од вредност (english: securities) се финансиски инструменти кои на нивните сопственици им носат финансиски права (периодични финансиски приливи, камата, учество во добивката итн.) или други права (учество во управувањето со фирмата итн.).

Според одредбите на законите за облигации, хартиите од вредност се дефинираат како писмени исправи во кои е загарантирано извесно право кое што може да се оствари единствено со имањето на тие исправи.

Форма на хартии од вредност

Хартиите од вредност имаат строго пропишана форма бидејќи треба во себе да ги содржат следните елементи:

  • Видот на хартијата од вредност
  • Фирмата, односно името и седиштето на фирмата, односно името и седиштето на издавачите на хартии од вредност
  • Фирмата, односно нејзиното име или името на лицето на кое што (односно по чијашто наредба) хартијата од вредност гласи, односно означува дека хартијата од вредност гласи на доносител
  • Точно означената обврска на издавачот која што произлегува од хартијата од вредност
  • Местотото и датумот на издавање на хартијата од вредност, а кај хартиите од вредност што се издаваат во серии и нејзиниот сериски број;
  • Потпис на издавачот на хартијата од вредност.

Покрај овие битни елементи поедини хартии од вредност можат да имаат и други и тие се пропишуваат со посебни законски прописи коишто најчесто се однесуваат за една или за повеќе хартии од вредност. Хартиите од вредност што не ги содржат основните елементи и елементите пропишани со посебен закон не важат како хартии од вредност.

Хартии од вредност – акции издадени од акционерски друштва и од командитни друштва со акции, акции во инвестициските фондови кои работат според Законот за инвестициски фондови, обврзници, инструменти на пазарот на пари, деривативни финансиски инструменти, потврда за странска хартија од вредност и други финансиски инструменти кои според Комисијата се сметаат за хартии од вредност. Овие хартии од вредност се неограничено преносливи.

Хартии од вредност во Република С. Македонија

Во Република Северна Македонија, според одредбите на член 2 од Законот за хартии од вредност, можат да се емитуваат следните хартии од вредност:

  • акции во трговските друштва
  • обврзници
  • инструменти на пазарот на пари
  • акции во инвестициските фондови кои работат според Законот за инвестициски фондови
  • деривативни финансиски инструменти
  • потврда за странска хартија од вредност и
  • други финансиски инструменти кои според Комисијата се сметаат за хартии од вредност

Издавачи на хартии од вредност во Р.Македонија

Според член 3 од Законот за хартии од вредност како издавачи можат да се јават:

  • Министерството за финансии во име на Република С. Македонија
  • Народна банка на РС Македонија
  • Општините и Градот Скопје
  • Акционерските друштва и командитните друштва со акции и други домашни и странски правни лица

Номинална вредност и валута во која се издаваат хартиите од вредност во Р.С. Македонија

Хартијата од вредност има ”’номинална вредност”’ и може да биде изразена во денари или во странска валута. Трговските трансакции со хартии од вредност на територијата на Република Северна Македонија се вршат во денари. 

Според Член 6 од Законот за хартии од вредност издавањето на хартии од вредност без номинална вредност е забрането и хартијата од вредност издадена без номинална вредност е ништовна.

Поврзани блог постови