Прашањето дали треба да ги инвестираме своите средства е денес речиси беспредметно бидејќи, директно или индиректно, сите ние го правиме тоа. Инвестираме во компании, акции, депозити, недвижности, пензиски фондови, и слично. Вистинското прашање на кое треба да му најдеме одговор е како најдобро да ги инвестираме своите средства.
Човек кој не инвестира не се грижи за својот раст.
Честа предрасуда за инвестирањето
Причината поради која две-три години одложував да ја направам својата прва инвестиција беше предрасудата дека за инвестирање се потребни големи средства. На крајот сепак се одлучив и, пред неколку години, инвестирав во потценета акција од компанија со силни фундаментални показатели, која е лидер во својата индустрија. Набргу по инвестицијата, компанијата реши дел од својата добивка да ја подели како дивиденда, што беше причина вредноста на нејзината акција да се удвои за само неколку месеци.
По ова прво и позитивно искуство, разговарав со моите родители и ги убедив семејната заштеда, која дотогаш ја чувавме во депозити, да ја инвестираме во акции, како многу поефикасен начин за оплодување на капиталот. Во тој период, каматните стапки на депозити ионака постојано се намалуваа, паѓајќи од 10%, на 8%, 6%, 4%, за денес големите банки да нудат годишни депозити од само 0,1%. Инвестиравме во портфолио од неколку компании од различни индустрии, кои работеа солидно и чии акции сметав дека се потценети. Дел од акциите доживеаа силен раст, и за неочекувано кратко време ја удвоија својата вредност. Во меѓувреме, растеше и мојата прва инвестиција, па во рок од три години, акциите на компанијата во која првично имав вложено се зголемија за 3 пати. Тука секако не ги сметам годишните добивки од дивиденда.
Две лекции за инвестирањето: Неликвидност и други препреки
Но, не беше сè така сјајно. И покрај тоа што една од компаниите во која имав вложено средства работеше одлично, нејзините акции не беа ликвидни – не постоеше речиси никаков интерес за тргување со нив од страна на инвеститорската јавност, поради што извесен период средствата ми беа „заглавени“. За среќа, набргу компанијата даде јавна понуда до сите акционери за откуп на акции, па успеав да ги продадам своите и да остварам принос.
Неодамна научив и дека во инвестирањето може да се наиде и на други неочекувани препреки. Имено, менаџментот на една домашна компанија во која имав вложено акции, непочитувајќи ги позитивните корпоративни практики, реши извршниот директор, кој во исто време е и најголем акционер во компанијата, да го награди со 60% од нето добивката. Тоа не беше добро прифатено од инвеститорската јавност, па за два дена по објавувањето на оваа одлука, цената на оваа акција падна за 50%. Тоа беше причина за непланирано одвојување на дополнително време, пари и енергија за остварување на своите акционерски права.
Не ризикувајте! Инвестирајте.
Велат дека најмногу ризикува оној што воопшто не ризикува. Зaтоа на инвестирањето на пазарот на капитал гледам како на одлична можност, првенствено за зачувување, а подоцна и за оплодување на стекнатиот капитал. Но, инвестирањето има и свои ризици, поради кои можеби не е препорачливо поединец кој нема знаење и претходно искуство самостојно да се впушти во инвестицискиот процес.
Во мојата работа увидов дека многу од потенцијалните инвеститори имаат три главни недоумици во врска со инвестирањето:
- Почетен износ
- Ликвидност на средства
- Стручност за следење на берзата и остварување на акционерските права
Можноста да им помогнам на потенцијалните инвеститори да ги преминат овие препреки е токму она што ме поттикна да го основам Opfolio. Доколку и вие се прашувате каде да инвестирате, останете на нашата веб страна и дознајте повеќе за одличниот потенцијал на поврат на вашите средства.