Инвестициски фондови
Што e инвестициски фонд?
Инвестициски фонд (Investment Fund) се основа преку прибирање на средства кое се врши со издавање на удели. Прибраните средства се инвестираат во различни финансиски инструменти (акции, обврзници, депозити во банки итн.), во согласност со законската регулатива и одредбите од Статутот и Проспектот на фондот. На барање на сопствениците на удели во фондот, Друштвото за управување е должно да врши откуп на удели за сметка на фондот.
Секој инвеститор претставува сопственик на удели во фондот и учествува во добивката или загубата на фондот во кој има инвестирано а со кој управува Друштвото, зависно од големината на својот удел во фондот. Друштвото за управување е должно да врши откуп на удели за сметка на фондот.
Зошто да вложам во удели од отворените инвестициски фондови?
Вложувањето во отворени инвестициски фондови има повеќе предности:
- Професионално управување со средствата на фондот
- Диверзификација на портфолиото по земји, валути, сектори и инструменти
- Ликвидност
- Пониски трошоци за управување со средствата во споредба со одредени други инвестициски можности
- Достапност до инструменти кои со поинаков пристап би биле помалку достапни, недостапни или поскапи за инвестирање
Како може да купам удели во отворени инвестициски фонд?
Удели во отворени инвестициски фонд може да се купат директно во друштвото за управување со инвестициски фондови или пак преку нивни овластени агенти. Парите за купување на удели се уплаќаат на сметка на инвестицискиот фонд во депозитарна банка на фондот по што друштвото Ви дава потврда за бројот на купени удели.
Кој ги чува средствата на отворениот инвестициски фонд?
Вредноста на поединечниот удел во фондовите ја утврдува банка чувар на имот, која ги чува средствата на инвестицискиот фонд, независно ги вреднува средствата на фондот и контролира дали инвестицискиот фонд располага со средствата на фондот во согласност со закон.
Вкупниот имот на фондот е поделен на еднакви делови (удели) кои претставуваат пропорционални делови од овој имот.
Бројот на уделите кој го има секој сопственик на удели го дефинира:
- Процентот на неговата сопственост во вкупната вредност на имотот на фондот
- Процентуалното учество во нето приносот на фондот
Вредноста, односно цената на уделот во фондот се пресметува преку делење на нето-вредноста на имотот на фондот со бројот на издадени удели.
Како резултат на барања на вложувачите за купување или продажба на удели, настануваат приливи и одливи на парични средства во и од фондот со што се менува менува бројот на издадени удели во фондот.