Skip to content

Обврзници

Што се обврзници?

На англиски јазик, зборот обврзница – „bond“ се однесува на етимологијата на „врзи“. Во смисла „инструмент што обврзува еден да плати сума на друг“. Употребата на зборот „обврзница“ датира од најмалку 1590-тите години.

Обврзница е хартија од вредност со која издавачот се обрзува дека на имателот на обврзницата, т.е. на лицето означено на обврзницата еднократно или на рати, односно ануитети, ќе му го исплати на одредениот ден износот на номиналната вредност и каматата.

Исплатите на каматата можат да се менуваат за време на животниот век на обврзницата. Како издавачи се јавуваат државата, општините и друштвата. бврзниците со достасување помало од 1 година се нарекуваат краткорочни, а над 1 година долгорочни.

Обврзница e долгорочна должничка хартија од вредност, со која издавачот се обврзува дека на сопственикот на обврзницата еднократно или во рати, ќе му го исплати на определениот ден, износот на номиналната вредност на обврзницата и каматата.

Типови на обврзници

Обврзницата може да биде обезбедена или необезбедена, да има фиксна или варијабилна камата, да биде без камата, може на сопственикот да му дава право на камата и/или исплата на однапред определени рати, може да се откупи од страна на која било страна под одредени услови и/или може на сопственикот да му даде право да ја претвори обврзницата во друг вид на хартија од вредност на издавачот.

Обврзниците служат да безбедат дополнителен извор на финансии на издавачот. Честопати, овие средства добиени со издавање на обврзниците служат да се финансираат посебни проекти и програми или пак објекти чии приходи понатаму се користат за да се исплатат на достасаните обврзници. Обврзниците се слични на кредитот како посебна форма на задолжување.

Основни елементи

Врз основа на прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност од 2008, Секоја обврзница задолжително ги има следниве основни елементи:

  • Ознака дека станува збор за обврзница
  • Називот и седиштето на издавачот
  • Ознака дали гласи на име или на доносител
  • Номинална вредност на обврзницата
  • Висина на каматната стапка
  • Рокови за отплата на камата и главнината
  • Место и датум на издавањето
  • Сериски број на обврзницата
  • Факсимил на потписите на овластените лица на издавачот
  • Правата од обврзницата

Намени за користење на обврзниците

Акции и удели на компании кои ги поседува Агенцијата за приватизација

  • Акции и удели на компании кои се резервирани за поранешните сопственици согласно Законот за трансформација на претпријатиа со општествен капитал
  • Побарувања на Агенцијата за санација на банка од компаниите, а кои се предмет на продажба
  • Купување на државен имот кој е понуден за продажба и за чиј откуп е предвидена можноста за плаќање со обврзници
  • Купување на акции и удели на државен капитал во процесот на негова приватизација
  • Плаќање на надомест за концесија на државен имот
  • Купување или плаќање на закуп на државен имот
  • Плаќање на обврски кои произлегуваат од Законот за издавање на обврзници
  • Друг еквивалент на сопственост определен со закон

Цена на обврзниците

Обврзниците носат фикснa каматa. Но во некои случи, со оглед на тоа што повеќето земји во светот се соочуваат со пониски или повисоки стапки на инфлација, обврзниците честопати имаат флуктуирачки камати. Каматните стапки најчесто се определуваат според ЛИБОР (каматите што меѓусебно си ги пресметуваат лондонските банки) со некој процент на овој показател.

Обврзниците може да се продаваат по:

  • номиналната цена, или по вредноста на којашто гласат,
  • под номиналната цена и
  • над номиналната цена.

При работа со обврзниците, купувачите може да остварат неколку добивки:

  • Номинална добивка или купонска добивка (coupon yield). Оваа добивка е однапред позната и непроменлива
  • Тековна добивка (current yield), која е детерминирана со пазaрната цена на обврзницата

Добивка до достасувањето (yield to maturity). При пресметката на овој показател за обврзниците се зема предвид ценовниот дисконт или премија во однос на фактичката номинална вредност. Тој е поголем од тековниот принос кога обврзниците се продаваат со дисконт, а помал од тековниот кога обврзниците се продаваат со премија.

Вкупна добивка (total return), која се пресметува врз основа на главнината, номиналната каматна стапка и камата на каматата (сложена камата). Претпоставка за оваа добивка е реинвестирање на каматата со што инвеститорите ќе заработат камата на каматата, која значително ќе ја зголеми нивната добивка.

Како да купам обврзници?

Купување на обврзници се купува на берза преку овластен брокер. За таа цел склучувате Договор за посредување со брокерот. Кога ќе донесете одлука потпишувате налог за купување на соодветните хартии од вредност во висина на уплатените средства.

При купување однапред се врши уплата на потребните средства за купување на хартиите од вредност вклучително со провизиите на клиентската сметка кај брокерот. За секоја склучена трансакција со обврзници добивате Извештај од купопродажба на обврзници.

Како да продадам обврзници?

Продажбата на обврзници се прави на ист начин како самото купување. Кога ќе донесете одлука потпишувате налог за продавање на обврзниците.

При продавање од вредноста на продадените хартии од вредност, се одбива сумата потребна за провизиите (берзанска, депозитарна, брокерска) и се врши исплата на нето вредноста на Вашата трансакциска сметка на третиот работен ден од денот на склучувањето на трансакцијата од страна на брокерот.


Тагови: обврзници, државни обврзнициobvrznici, drzavni obvrznici

Поврзани блог постови