Тргување со акции
Примарен пазар – пазар за пласирање на новите хартии од вредност, како што се домашни и странски акции и обврзници, на инвеститорите од страна на организирана група субјекти која ја раководи емисијата.
Приходите од продажбата на хартиите од вредност одат кај издавачот. Сите понатамошни купо-продажби на истите хартии од вредност се спроведуваат на секундарниот пазар – Македонската берза.
Чекори за купување на акции
- Склучувате Договор за посредување со брокерот
- Вршите уплата на средства на клиентската сметка на брокерот
- Потпишувате налог за купување на акциите
- За секоја склучена трансакција со акции (купување) добивате Извештај од купопродажба
При купување: однапред се врши уплата на потребните финансиски средства за купување на акциите заедно со пресметаните провизии на клиентската сметка на брокерот.
Чекори за продавање на акции
- Склучувате Договор за посредување со брокерот
- Потпишувате налог за продавање на акциите
- Брокерот ги префрла средствата од продажба Вашата трансакциска сметка во период од три дена (T+3)
- За секоја склучена трансакција на продажба на акции добивате Извештај од купопродажба
При продавање, од вредноста на продадените хартии т.е. вкупната сума, се одбива трошокот за провизиите(берзанска,депозитарна,брокерска) и се врши исплата на нето вредноста на вашата трансакциска сметка на третиот работен ден од денот на склучувањето на продажбата (Т+3).