Отворени инвестициски фондови се специфични инвестициски фондови, кои се еден од поинтересните начини на вложување и зголемување на вашите парични средства.
Што е отворен инвестициски фонд
Отворените инвестициски фондови прибираат средства издавајќи удели, а потоа прибраните средства ги инвестираат во различни финансиски инструменти (акции, обврзници, депозити во банка, итн.). Кога ги доверувате вашите пари на Друштво за управување со инвестициски фонд, всушност станувате сопственик на удели во фондот. На ваше барање, Друштвото за управување е должно да врши откуп на удели за сметка на фондот.
При почетната понуда кај отворениот фонд цената на издавањето на уделите ја утврдува Друштвото за управување и ја објавува во проспектот на фондот. После почетната понуда на удели, цената на уделите во отворениот фонд е еднаква на нето вредноста на имотот на фондот по удел. Цената се пресметува врз основа на пазарната цена на сите хартии од вредност од портфолиото на фондот.
При нивното првично издавање, цената на уделите ја одредува Друштвото за управување со фондот. Понатаму, нивната цена се пресметува врз основа на пазарната цена на сите хартии од вредност во портфолиото на фондот и е еднаква на нето вредноста на имотот на фондот по удел.
Вредност на уделот на инвестицискиот фонд
Вредноста на уделот во фондот се пресметува преку делење на нето-вредноста на имотот на фондот со бројот на издадени удели. Како резултат на барања на вложувачите за купување или продажба на удели, настануваат приливи и одливи на парични средства во и од фондот. со ова се менува бројот на издадени удели во фондот.
Вредноста на поединечниот удел во фондовите ја утврдува банка чувар на имот, која ги чува средствата на инвестицискиот фонд, независно ги вреднува средствата на фондот и контролира дали инвестицискиот фонд располага со средствата на фондот во согласност со закон.
Вкупниот имот на фондот е поделен на еднакви делови (удели) кои претставуваат пропорционални делови од овој имот. Бројот на уделите кој го има секој сопственик на удели го дефинира:
- Процентот на неговата сопственост во вкупната вредност на имотот на фондот
- Процентуалното учество во нето приносот на фондот
Секој инвеститор претставува сопственик на удели во фондот и учествува во добивката или загубата на фондот во кој има инвестирано. Перформансот на фондот ќе биде сличен, но не и еднаков со перформансот на хартиите во вредност во портфолиото на фондо. Ова е заради надоместоците кои ги наплаќа инвестиционата компанија. Оттука, вредноста за уделите се зголемува за делот од добивката од вложувањата на фондот кој останува по издвојувањето за надоместоци.
Предности на отворени инвестициски фондови
Вложувањето во отворени инвестициски фондови има повеќе предности:
- Професионално управување со средствата на фондот
- Диверзификација на портфолиото по земји, валути, сектори и инструменти
- Ликвидност
- Пониски трошоци за управување со средствата во споредба со други инвестициски можности
- Достапност до инструменти кои со поинаков пристап би биле помалку достапни, недостапни или поскапи за инвестирање
Како се заработува од отворени инвестициски фондови
Отворените фондови се всушност удели чија вредност во просек се зголемува со текот на времето. Ова се случува при растот на акциите, обврзниците и другите инвестициски инструменти каде фондот има инвестирано.
Доколку уделот на отворениот инвестициски фонд порасне за 6,5% во една година, вашите 1000 денари вложени пред една година, денес се 1065 денари. Вашата заработка е 6,5% годишно. Таа заработка останува во фондот како дел од вашите удели.
Заработката од Отворените инвестициски фондови е со сложена стапка на принос. Ова значи дека со годините се пресметува зголемување на постоечкото зголемување. Ако во последните 20 години растот е во просек 6,5%, на ваши вложени 1000 денари по 20 години добивате вкупно 2523 денари заработка. Според нас изборот за најдобар инвестициски фонд може да се направи врз основа на историјата на поврат на тој фонд, но и на неговите влезни и управувачки трошоци.
Пример на заработка со еднократно, постепено и комбинирано инвестирање
За да илустрираме како инвестирањето во инвестициски фондови може да ви овозможи исполнување на некои од вашите животни цели, земаме пример на три типа на инвестирање каде претпоставениот просечен раст на фондот е 6,5%.
Првиот пример (сино) е кога ќе инвестираме 300.000 денари. Во овој случај, десет години по оваа инвестиција би можеле да си дозволиме нов мал автомобил во вредност од 560.000 денари, додека по дваесет години би можеле да купиме автомобил од околу 1.060.000 денари без притоа дополнително да вложуваме.
Во вториот пример (црвено), континуирано се инвестира по 2.500 денари секој месец. По 10-тата година, од заработката (растот на вредноста на уделот) би можеле да си дозволиме одмор од околу 60.000 денари без дополнителни трошоци!
Третиот пример (жолто) е комбинација од двата типа на вложувања, и е најповолен. Ако на почеток инвестирате 300.000 денари и потоа континуирано инвестирате по 2.500 денари секој месец, на крајот од инвестицискиот период ќе имате мало богатсво од 2.250.000 денари.
Според ова, нема сон што не може да се исполни. Доколку сакате да купите автомобил, а немате доволно средства, инвестирајте ги вашите средства во отворен инвестициски фонд. Доколку сакате сопствен дом, наместо да плаќате високи камати, инвестирајте уште денеска, и ќе имате доволно време да си го дозволите тоа.
Сакате одмор, кола или нов дом? 🙂 Инвестирајте. Почнете да заработувате уште денес!